Спорт
„Франс фудбал“: Роналдо има договор со ПСЖ, коронавирусот го спречи трансферот
Кристијано Роналдо во јануари решил од Јувентус да се пресели во ПСЖ, меѓутоа трансферот пропаднал поради пандемијата на коронавирусот, тврди „Франс фудбал“. ПСЖ бил подготвен да му ја понуди на Роналдо највисоката плата во историјата на фудбалот.
Наводно имале договор со Роналдо, но зделката не можела да се реализира поради финансиската криза. На крајот и Потугалецот се премислил и решил да остане во Торино.
Кристијано Роналдо бил заинтригиран од идејата да игра во нападот заедно со Нејмар и Килијан Мбапе бидејќи Јувентус со игрите оваа сезона не импресионира. Истиот извор пишува дека Роналдо не бил среќен во Јувентус, дека се чувствувал како затвореник. Не бил задоволен од тренерот Маврицио Сари и дека тоа е била една од причините што посакал трансфер во ПСЖ.
Јувентус во јули 2018 година издвои 117 милиони евра за трансферот на Кристијано Роналдо. Португалецот во изминатите две сезони одигра 88 натпревари, постигна 63 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наполи не успеа да победи во Венеција

Фудбалерите на Венеција и Наполи одиграа нерешено без голови во 29. натпревар од италијанската Серија А.
Резултатот не им оди во прилог на двата тима, но сепак позадоволни ќе бидат фудбалерите на Венеција кои се борат за опстанок. Тимот од Неапол направи чекор назад во шампионската трка.
Наполи сега има 61 бод и се израмни на првото место со Интер, Аталанта е на минус три. Овие две екипи вечерва ќе се сретнат во Бергамо, во дербито на колото.
Венеција е на претпоследното 19. место со 20 бода, на пет бода од безбедносната зона.
Спорт
Реал: Нема да играме натпревари доколку за одмор немаме барем 72 часа

Реал Мадрид соопшти дека нема да се согласи да одигра уште еден натпревар доколку фудбалерите немаат најмалку 72 часа одмор меѓу натпреварите.
Ова го потврди тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по победата од 2-1 против Виљареал на гостински терен во шпанскиот шампионат.
Натпреварот Виљареал – Реал започна во 18 часот и 30 минути, а Реал во среда го одигра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Тој натпревар започна во 21 часот и траеше 120 минути, по што се се шутираа пенали.
„Ова е последен пат кога играме два натпревари во 72 часа“, рече Анчелоти, додавајќи дека клубот побарал од раководството на лигата да го помести натпреварот за ден подцна.
Реал најави дека ќе се консултира со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за распоредот на натпреварите.
Спорт
Гризман ќе го напушти Атлетико

Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубот, бидејќи сака да ја продолжи играчката кариера во Лос Анџелес, пренесува Релево.
Гризман има договор со Атлетико до јуни 2026 година.
Шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер планира да одржи состанок со клупските челници до крајот на март, на кој ќе ги извести дека сака да ја продолжи кариерата во МЛС лигата.
Според овој извор, Гризман од семејни причини сака да се пресели во Лос Анџелес, клуб во чии дрес го носат неговите поранешни соиграчи од репрезентацијата на Франција, Оливие Жиру и Уго Лорис.
Релево истакнува дека клубот ќе му дозволи на францускиот напаѓач да го напушти Атлетико на крајот од сезоната без обештетување.
Гризман (33) оваа сезона за Атлетико одигра 41 натпревар во сите натпреварувања и постигна 16 голови.