Спорт
Фудбалер на Бурнемаут по грешка уапсен за обид за убиство
Холандскиот фудбалер на Бурнемаут, Арнаут Данџума Греневелд открива дека по грешка бил уапсен за обид на убиство пред да почне карантинот поради корона вирусот.
Во интервју за „Сан“, Данџума открива дека додека се шетал по улиците на англискиот град на 16 март пред него застанало полициско возило и двајца полицајци му наредиле да ги стави рацете на автомобилот.
„Прашав што сум направил, но тие ми наредија да замолчам. Повторно прашав што сум направил, но полицаецот не ми кажа ништо и побара помош. Беше засрамувачки. Луѓето зборуваа и ме фотографираа. Се налутив и кажав некои работи кои не требаше да ги кажам. И на крајот ми кажаа дека погрешно ме идентификувале и дека барале некој кој избодел друг човек. Не ми се извинија“, вели 23-годишниот Данџума, кој потоа решил да не побара од клубот да поднесе жалба за однесувањето на полицајците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за голманот на Бразил
Бразилскиот голман Бенто (24), максимално ја искористи шансата која му се укажа по повредите на Алисон Бекер и Едерсон.
Бенто го бранеше голот на Бразил на неодамнешните пријателски натпревари против Англија (1:0) и Шпанија (3:3).
Она што го демонстрираше на „Вембли“ и „Сантијаго Бернабеу“ не мина незабележано, иако од претходно е на радарот на европските клубови. Наводно интерес за Бенто покажуваат Интер, Челзи, Нотингем Форест.
Бразилските медиуми пишуваат дека Атлетико Параненсе за него ќе бара отштета од 20.000.000 евра, а италијанските медиуми пренесуваат дека најблиску до него е Интер. Во клубот сметаат дека добро е Јан Сомер да добие силна конкуренција, а исто така Бразилецот би бич залог за иднината бидејќи има само 24 години.
Спорт
Јувентус најде тренер за следната сезона
Болоња е хитот на сезоната во Серија А. Тимот кој од клупата го предводи Тиаго Мота се бори за место во Лигата на шампионите. Она што е извесно е дека Мота на крајот од сезоната ќе ја напушти Болоња.
Медиумите на Апенинскиот полуостров го поврзуваа со Милан, но тоа нема да се случи. Поранешниот фудбалер на Интер, во овој момент е најблиску до клупата на Јувентус.
Мота ќе го наследи Масимилијано Алегри од чија работа во клубот од Торино не се задоволни.
До пред два месеци Јувентус се тркаше со Интер за шампионската титула, но откако на последните осум натпревари „старата дама“ забележа една победа, тимот на Алегри сега се бори за второот место со Милан.
Наводно, челниците на Јувентус и Алегри спогодбено ќе го раскинат неговиот договор кој важи до јуни 2025 година. За да се реализираа ова работа, двете страни треба само да ја договорат оштетата која ќе му биде исплатена на тренерот.
Спорт
Проблеми за Сити пред дербито со Арсенал – шестмина првотимци повредени
Пеп Гвардиола го нарече предизвикот да се одбрани тројната круна „невозможен“, но неговиот Манчестер сити сè уште е во конкуренција за сите три големи трофеи. Во Премиер лигата заостанува бод зад лидерите Ливерпул и Арсенал, во полуфиналето на ФА Купот Сити игра против Челзи, додека во Лигата на шампионите трета сезона по ред игра против Реал Мадрид.
Во недела, Сити ќе го одигра еден од најзначајните натпревари во сезоната, во Манчестер доаѓа Арсенал.
Репрезентативната пауза му донесе големи проблеми на Гвардиола. Шестмина со повреди се вратија воклубот. Станува збор за норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, Англичаните Џон Стоунс и Кајл Вокер и двајцата Португалци Рубен Дијаш и Бернардо Силва.
Сите тие се под знак прашалник за големото дерби каде Сити може да го прескокне тимот на поранешниот помошник на Гвардиола, Микел Артета. Заедно со шестмината, репрезентативната пауза поради претходни повреди ја прескокнаа и Кевин Де Брујн и Мануел Аканџи.