Спорт
Фудбалер од Босна и Херцеговина почина од срцев удар, клубот веднаш згасна

Ирфан Мешиќ, фудбалер на Турија, почина на 35-годишна возраст, од срцев удар што го доживеа за време на натпреварот.
Клубот кој се натпреварува во Втората лига на Тузланскиот кантон Запад веднаш објави дека се гаси, пренесува „Индекс“.
Мешиќ во својата кариера настапуваше за бројни нисколигаши од Босна и Херцеговина, а во Турија пристигна пред нешто повеќе од еден месец од Рудар Лукавац.
Турија на својот Фејсбук профил ја објави потврдата за смртта на фудбалерот, а набргу потоа клубот објави дека престанува со работа.
„Уништени од болката и тешкиот избор на судбината, ве известуваме дека Ф.К.Турија автоматски престанува да работи. Секогаш потта и срцето ги оставаше на теренот, а за малку ќе ги испуштеше таму, за жал, на брате Ирфан Мешиќ. Борбата продолжи и еден час подоцна… И таму се бореше како само ти знаеше, како лав…“, е дел од пораката на клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ламал ќе ја добие „десетката“ на Меси

Како што се очекуваше, Ламин Јамал ќе биде новиот сопственик на „десетката“ на Барса.
Јамал покажа дека го следи патот на Лео Меси, и исто како Аргентинецот, и тој го зеде дресот со број 19 во својата дебитантска сезона како играч на првиот тим.
Меси го носеше тој број во првите две години како играч во првиот тим, од 2006 до 2008 година, а потоа со заминувањето на Роналдињо, ја зеде легендарната „десетка“, кога тимот го презеде Пеп Гвардиола.
Интересно е што Меси во тој момент имаше 21 година, три години постар отколку што Јамал ќе биде ова лето.
Јамал ќе наполни 18 години на 13 јули, кога официјално ќе потпише нов повеќегодишен договор, според кој ќе добие и огромно зголемување на платата. Се претпоставува дека откупната калузула ќе биде 1.000.000.000 евра.
Покрај тоа, тој ја добива легендарната „десетка“ како подарок, што има посебно значење во Барса, бидејќи пред Меси и Роналдињо, ја носеле великани како Ривалдо, Хуан Роман Рикелме, Јари Литманен, Џеовани, а претходно една сезона ја носеле Михаел Лаудруп, Георге Хаџи, дури и Христо Стоичков и Пеп Гвардиола.
Спорт
Јунајтед се договориле со Куња, се чека Вулверхемптон

Операцијата за трансфер на Матеуш Куња на „Олд Трафорд“ трае веќе некое време. Манчестер Јунајтед изгледа е многу блиску до реализција на трансферот.
Според Фабрицио Романо, Бразилецот му рекол „да“ на трофејниот клуб. Останува двата клуба да се договорат и трансферот да може да се официјализира.
Се очекува Вулверхемптон да инкасира помеѓу 65 и 70 милиони евра. Куња дојде во Вулверхемптон од Атлетико Мадрид во 2023 година за 50 милиони евра.
Оваа сезона, Бразилецот постигна 17 гола со шест асистенции во 34 натпревари во сите натпреварувања.
Спорт
АБА лигата жестоко го казни Теодосиќ

Кошаркарот на Црвена звезда, Милош Теодосиќ, ја дозна казната од АБА лигата за инцидентот што го предизвика на вториот натпревар од четвртфиналната серија против Игокеа во Лакташи.
Плејмејкерот на Звезда, во последната четвртина бурно реагираше поради одредени одлуки на судиите, па вербално ги нападна судиите, а на крајот имаше што да им каже и на челниците на АБА лигата кои седеа во првиот ред покрај теренот.
Поради сето ова, дисциплинскиот судија Хрвоје Видан одлучи жестоко да го казни Теодосиќ.
„Врз основа на членовите 27.1 и 27.2 од Дисциплинскиот кодекс на АБА лигата на АдмиралБет, Милош Теодосиќ е казнет:
• Со забрана за настап во првите три последователни натпревари од АБА лигата, почнувајќи од првиот натпревар од полуфиналето против Будуќност;
• Казна од 10.000 евра“.
Ова значи дека Теодосиќ ќе ја пропушти целата серија против Будуќност, додека во случај серијата да трае два натпревари, а Црвена звезда излезе како победник во два натпревари, тој би го пропуштил и првиот натпревар од финалната серија.
Во случај на елиминација на Звезда во два натпревари, тој не би имал право да игра во првото коло од следната сезона, доколку сè уште е во клубот.