Спорт
Фудбалерите на Реал ги добија клучевите од новите автомобили
Како и секоја година, по склучувањето на спонзорскиот договор помеѓу „Ауди“ и Реал Мадрид во 2003 година, фудбалерите од првиот тим на „Лос бланкос“ добија клучеви од своите нови автомобили што ќе ги возат оваа сезона.
Првпат, покрај „кватро драјв“, автомобилите на „Ауди“, кои ќе бидат дел од ергелето на Реал, ќе имаат и електрични елементи. Што точно избраа фудбалерите и тренерот Зинедин Зидан?
Карим Бензема – Audi Q5 40 TDI quattro S tronic Mythos Black
Дани Карвахал – Audi Q7 50 TDI quattro tiptronic Daytona Grey
Касемиро – Audi RS 7 Sportback quattro tiptronic Tango Red
Тибо Куртоа – Audi Q7 50 TDI quattro tiptronic Daytona Grey
Еден Азар – Audi Q8 50 TDI quattro tiptronic Daytona Grey
Иско – Audi Q7 50 TDI quattro tiptronic Orca Black
Тони Крос – Audi Q8 50 TDI quattro tiptronic Glaciar White
Лукас Васкез – Audi A7 Sportback 55 TFSI quattro S tronic Glaciar White
Андриј Лунин – Audi Q7 50 TDI quattro tiptronic Foil Silver
Марсело – Audi A7 Sportback 50 TDI quattro tiptronic Mythos Black
Ферлан Менди – Audi Q8 50 TDI quattro tiptronic Orca Black
Лука Модриќ – Audi Q8 50 TDI quattro tiptronic Foil Silver
Серхио Рамос – Audi RS 6 Avant quattro tiptronic Daytona Grey
Феде Валверде – Audi RS Q8 quattro tiptronic Orca Black
Рафаел Варан – Audi e- tron Sportback 55 quattro Glossy Black
Зинедин Зидан – Audi RS 6 Avant quattro tiptronic Daytona Grey
















©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Комо среде Торино го нокаутира Јувентус
Јувентус, во 26-то коло во Серија А, доживеа тежок пораз од Комо (0:2). Ова е прв триумф на Комо, против Јувентус во Торино по 1951 година.
„Старата дама“ со овој пораз ја продлабочи кризата и под знак прашалник го става своето учество во Лигата на шампионите наредната сезона. Јувентус го запиша третиот пораз во низа, четврти на последните пет натпревари во сите натпреварувања. Од друга страна, Комо ја потврди одличната форма, тимот на Сеск Фабрегас, на последните пет гостувања има четири победи и едно реми.
Јувентус е во криза, игра лошо, па можеби поразот од Комо и не е големо изненздување. Со исклучок на шансата во која се најде Опенда, во раната фаза на натпреварот, играчите на лучано Спалети не направи ништо конретно пред голот на противникот. Дури во финишот се закани Копмајнерс, од слободен удар ја погоди стативата.
За разлика од Јуве, Комо делуваше сигурно, со јасен план и цел.
Војвода го постигна првиот гол во 11-та минита, а точка на натпреварот сави Шакере во 61-та минута, кога со гол ја заврши брилијантната котрна на својот тим.
По 26 рунди, Јувентус на петтото место има 46 поени, еден повеќе од шестопласираниот Комо.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакл во Сан Себестијан – Реал Сосиедад не успеа да го победи Овиедо
Еден од најдобрите натпревари оваа сезона во Шпанија се одигра во Сан Себастијан, Реал Сосиедад и Овиедо ремизираа 3:3.
По лошото и неинтересно прво полувреме, во кое немаше голови, во второто присутните на „Аноета“ сведочеа на спектакуларен меч.
„Фенерџијата“, поведе во 50-та минута преку Винас, две минути подоцна Уругваецот со својот втор гол ја зголеми предноста на својот тим.
Оскарсон ја врати надежта во Сосиедад со гол во 64-та минута, а потоа следеше неверојатен финиш. Во 87-та минута, Чалета-Цар израмни за домаќините, кои не застанаа тука.
Три минути подоцна Оскарсон го комплетираше пресвртот со својот втор гол.
Наместо победа и три бода, следуваше шок во 90+2 минута Ерик Бејли го постави конечниот резултат и му донесе бод на Овиедо.
Спорт
Клабо е супермен – Шест трки, шест златни медали
Шест трки, шест златни медали за Јоханес Хенсфотл Клабо на Зимските олимписки игри во Милано и Корина. Суперменот од Норвешка, победи во трката на 50 километри, го освои шестото злато, вкупно 11-то на Олимпиајдите, на кои има и едно сребро и бронза.
Трката на 50 километри, масовен старт, мина во целосна доминација на Норвежаните. Покрај Клабо, кој победи со време 2 часа, седум минути, седум секунд, медали освоија Мартин Нингет и Емил Иверсен.

Норвешката тројка од конкурентите се одвои по 15-от километар, тројцата беа еден до друг се до 46-от километар кога отпадна Ивенрсен. Клабо отпорот на постариот колега го скрши на 500 метри пред целта.
29-годишниот Клабо, со перфектниот настап на овие Олимписки игри, ја истакна кандидидатурата за најдобар спортис во светот во оваа година.
Норвешка ќе ги заврши Игрите како најуспешна нациија, во саботата го освои 18-от златен медал, има и по 11 средби и бронзи.

