Спорт
Мецелдер и формално обвинет за поседување детска порнографија

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и на Шалке, Криштоф Мецелдер, и формално е обвинет за поседување и распространување детска порнографија и ќе мора да се појави пред судот во Диселдорф на 29 април.
40-годишниот поранешен централен бек е обвинет за поседување порнографски материјал и набавување ваков материјал дури 29 пати. Истрагата почна во септември 2019 година кога тој споделил вакви фотографии преку „Вацап“, а германскиот таблоид „Билд“ го октри неговиот идентитет.
Лани, германските медиуми јавија дека Мецелдер признал дел од обвинувањата за да добие помала казна. Мецелдер, покрај клупската кариера, освои златен медал со Германија на Светското првенство во 2006 година.
Ексфудбалерот на Реал, Мецелдер, обвинет за ширење детска порнографија!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Почина славниот капитен на КК Партизан, Миленко Савовиќ

Миленко Савовиќ, поранешниот српски кошаркар и легенда на Партизан, Миленко Савовиќ почина на 61 година, објавија српските медиуми.
Савовиќ кариерата ја почна во 1977 година со Партизан, со кои освои три титули во поранешна Југославија, три Купови на Радивое Кораќ и два југословенски купа. Во Партизан тој играше 12 години, станувајќи миленик на навивачите, кои му дадоа прекар „Свети Сава“.
По крајот на кошаркарската кариера, тој беше директор на Партизан, во периодот кога клубот ги имаше најголемите успеси, односно ја освои европската титула во 1992 година.
Според српските медиуми, тој бил примен во болница уште пред еден месец поради компликации со КОВИД-19.
Спорт
Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!

Лука Дончиќ како да е создаден да поставува рекорди. Најмногу на кошаркарскиот терен, а сега и кај лудите колекционери на спортски картички.
На неговиот 22. роденден, негова руки-картичка со автограм е продадена за астрономски 4.6 милиони долари, јавуваат американските медиуми, поставувајќи рекорд кога се работи за НБА-играчите.
Минатата година дебитантска картичка на Јанис Адетокумбо и на Леброн Џејмс е продадена за 1.8 милиони долари, додека картичка со автограм на Мајкл Џордан од Ол-стар натпреварот во 1992 година, достигна 1.4 милиони долари.
View this post on Instagram
Спорт
Иванишевиќ: Новак може да паузира до сезоната на земја

Горан Иванишевиќ, тренерот на светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ, очекува Србинот да паузира цел месец до стартот на сезоната на земја за да се опорави од скинатиот стомачен мускул добиен при победата на Австралија опен.
Самиот Ѓоковиќ изјави дека ја влошил повредата со одлуката да продолжи да игра, и сега Иванишевиќ вели дека е реално да се очекува тој да паузира од тениските терени до април. Србинот се повреди во текот на третото коло против Американецот Тејлор Фриц, а и покрај најавите дека ќе се повлече, тој стигна до победа над Данил Медведев и 18-та гренд слем титула.
„Многу работи зависат од тоа како ќе тече опоравувањето, но мислам дека нема потреба да се брзаме. Единствен турнир до април на кој може да настапи може да биде Мајами, кој стартува на 24 март“, вели Иванишевиќ.
Сезоната на земја стартува на 5 април, а првиот Мастерс е во Монте Карло на 11 април.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер