Спорт
Фудбалерите на Реал Мадрид добија нови автомобили од спонзорот БМВ
Фудбалерите и тренерот на Реал Мадрид традиционално добија нови автомобили за стартот на новата сезона. Годинава „кралскиот клуб“ има договор со БМВ, па играчите, како и тренерот Карло Анчелоти, можеа да изберат меѓу новите хибридни модели на БМВ.
Реал Мадрид се пофали дека е првиот тим кој вози автомобили кои не ја загадуваат околината.
Најмногу играчи го избраа најскапиот модел „BMW XM“, кој вреди 179.700 евра. Тој модел го зедоа Џуд Белингем, Тибо Куртоа, Кепа Аризабалага, Дани Карвахал, Дани Себаљос, Арда Гулер и Родриго. Лука Модриќ е единствениот играч на Реал кој се одлучи за моделот „iX M60“ кој чини 140.400 евра.
🚙😎 New cars, same style. @BMWEspana | #RethinkTheGame pic.twitter.com/oY3UtHBPpK
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) October 10, 2023
Се истакна, но скромно, и Аурелиен Чуамени, тој го одбра најевтиниот модел од понудата, „i4 xDrive50“, кој чини „само“ 57.000 евра.
Возниот парк во Реал Мадрид
Тибо Куртоа: BMW XM – 179.700 евра
Кепа Аризабалага: BMW XM – 179.700 евра
Андриј Лунин: BMW iX xDrive50 – 108.450 евра
Едер Милитао: BMW i4 M50 – 79.550 евра
Давид Алаба: BMW iX xDrive50 – 108.450 евра
Начо Фернандез: BMW i7 xDrive60 – 139.350 евра
Дани Карвахал: BMW XM – 179.700 евра
Лукас Васкез: BMW i4 M50 – 79.550 евра
Фран Гарсија: BMW i4 M50 – 79.550 евра
Антонио Рудигер: BMW iX xDrive50 – 108.450 евра
Ферланд Менди: BMW i4 M50 – 79.550 евра
Џуд Белингем : BMW XM – 179.700 евра
Тони Крос: BMW iX xDrive50 – 108.450 евра
Лука Модриќ: BMW iX M60 – 140.400 евра
Едуардо Камавинга: BMW i4 M50 – 79.550 евра
Феде Валверде: BMW iX xDrive50 – 108.450 евра
Аурелиен Чуамени: BMW i4 eDrive35 – 57.350 евра
Дани Себаљос: BMW XM – 179.700 евра
Арда Ѓулер: BMW XM – 179.700 евра
Винисиус: BMW i4 M50 – 79.550 евра
Родриго: BMW XM – 179.700 евра
Хоселу: BMW XM – 179.700 евра
Брахим Дијаз: BMW iX xDrive50 – 108.450 евра
Карло Анчелоти: BMW i4 M50 – 79.550 евра
Real Madrid just gave its Players new BMW Cars whilst Barcelona gave their Players Free Spotify subscription, Poverty is one sad thing pic.twitter.com/NbPJEUv3kv
— Twilight (@the_marcoli_boy) October 10, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ландо Норис го победи Ферстапен на ГН на Мајами
Ландо Норис ја забележа првата победа во кариерата. Возачот на Мекларен победи на трката за Големата награда на Мајами. Ова е прва победа за Мекларен од 2021 година кога Даниел Рикардо победи во Монца. Норис во Мајами победи пред Макс Ферстапен (Ред Бул) и Шарл Леклер (Ферари).
Норис, трката во Мајами ја стартуваше од петтата позиција, која ја загуби на стартот, но како што одминуваа круговите тој беше најбрзиот човек на патеката. Најбрзиот круг го возеше во 25 круг, кога дел од неговите конкуренти ги сменија гумите.
За одличното возење го „погледна и среќата“. Поради инцидентот меѓу Магнусен и Сарџент, во 28.круг на патеката излезе возилото за безбедност. Норис го искорсти влезе во боксот и се врати на челната позиција.
Откако возилото за безбедност ја напушти патеката, Норис на чиста брзина ја доби борбата со Ферстапен.
Британецот со деби победата ја прекина доминацијата на Ферстапен во Мајами, кој имаше шест последовни победи на оваа патека.
Бодови во Мајами освоија: Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Луис Хамилтон (Мерцедес), Јуки Цунода (РБ), Џорџ Расел (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Естебан Окон (Алпин).
Спорт
Реми во дербито меѓу Рома и Јувентус
Рома и Јувентус освоија по еден бод, откако во дербито на 35.коло одиграа 1:1, на „Олимпико“ во Рим.
Рома никако не може да биде здоволна со бодот бидејќи си го компромитира пласманот во Лигата на шампионите. Италија наредната сезона ќе има пет екипи во Лигата на шампионите, а Рома на петтото место има три бода и два натпревари повеќе од Аталанта.
Натпреварот почна добро за Рома, Лукаку се најде на вистинското место во вистинско време и му донесе водство на својот тим во 15. минута.
Јувентус после тоа не сакаше да тактизира, избраниците на Масимилијано Алегри тргнаа во напад, а во 31.минута ја искористија грешката во одбраната на Рома. Резултатот го изедначи Бремер.
До крајот на мечот Јуве беа поблуску до победата. Киеза ја погоди стативата во 47.минута, а потоа голманот Свилар имаше две добри интервенции.
Спорт
Рубљов го освои Мастерсот во Мадрид
Рускиот тенисер Андреј Рубљов победи на Мастерсот во Мадрид.
Рубљов во финалето го совлада Канаѓанецот Феликс Оѓер-Алиасим по три сета, со пресврт 4:6, 7:5, 7:5 по два часа и 49 минути игра.
Рускиот тенисер во главниот град на Шпанија ја освои втората титула од серијата 1000, а воедно осмиот тенисер во светот стана првиот во кариерата кој победил на Мастерсот во Мадрид и во сингл и во двојки.
Русинот лани во Монте Карло го освои првиот трофеј на турнирите од серијата 1000, а за 27-годишниот Русин ова е 16. титула во кариерата, втора во 2024 година.