Спорт
Фудбалот се враќа во својата татковина
Овогодинешното Европско првенство во фудбал, кое ќе се оддржи од 11 јуни до 11 јули, по многу што ќе биде единствено првенство во однос на претходните. Најкрарактеристично е бројот на учесници – дури 24 репрезентации, и, за прв пат во 60-годишната традиција на организирања на првенствата, домаќини ќе бидат дури 12 градови. Тоа се: Амстердам, Баку, Севиља, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санк Петерзбург. Нефудбалски куризотет е што првенството ќе се одржува во 2021 година, меѓутоа ќе се вика Еуро 2020. Причината е позната – поради пандемијата со Ковид, шампионатот е одложен за една година.
Без потценување на другите групи и репрезентации, се чини дека најинтересно ќе биде во Лондон. Најпрвин во групните натпреварување, ова е групата Д, за која важи епитетот „повеќе од фудбал“. Ривалството на репрезентациите прво се гледа во главниот конкурент на домаќинот Англија за освојување на првото место во групата, а тоа е светскиот вицешампион Хрватска. Овие две репрезентации имаат повеќегодишна традиција на меѓусебни ривалства со, понекогаш, многу шокантни резултати. Вкупно имаат одиграно 10 мечеви, од кои во три побдник била Хрватска, два завршиле нерешено, а во пет мечеви победила Англија. Највисоки победи остварила Англија во квалификациите за Светското првенство, во 2008 година, победувајќи 4-1 и во 2009 со 5-1. Хрватска се реванширала на последното Светско првенство во фудбал во Русија, победувајќи со 2-1, како и во кваификацииите за Европското првенство во 2006 година, кога победила со 2-0.
Дополнителна фудбалска, но и вонфудбалска драж на оваа група ѝ дава, пласманот на репрезентацијата на Шкотска. Поголемо меѓусебно ривалство на Шкотска со Англија и Хрватска нема традиција, бидејќи се тоа репрезентации од различни шешири според квалитет, меѓутоа политичките констелации кои се надвиснати над британскиот остров, најавуваат дека натпреварот помеѓу Англија и Шкотска ќе претставува „повеќе од игра“. По парламентарните избори на 06. мај во Шкотска, на кои победи Шкотската национална партија и најавата за втор референдум за независност, на кој централната влада во Лондон се спротиставува и најавува дека нема да го дозволи, овој меч добива и вонфудбалски конотации. Доколку организаторот имаше мало опуштање по елиминацијата на Србија, и пропуштената можност да се сретне со Хрватска на Вембли, полоша замена за тој натпревар од натпреварот помеѓу Шкотска и Англија не можел да замисли.

Во групата најрастеретена од вонфудбалски мотиви за игра е Чешка, што можеби е и предност за оваа репрезентација да прикаже добар фудбал и да стигне до самата завршница. Особено ако се знае историјатот на Чешката фудбалска репрезентација, која отсекогаш била поуспешна на европските првенства отколку на светските. Така, во 1996 година, и тогаш играјќи во Англија на ЕП, Чесите играле во финалето, кое го загубиле од Германија со 2-1. Во 2004 година, на првенството во Португалија, Чешка го освоила третото место, победувајќи ја во малото финале Данска, а пред тоа Германија и Холандија. Ваквите резултати ја прават Чешка фаворит од сенка во групата, но и на целото првенство.

Дополнителна фудбалска магија на оваа група и дава и местото каде ќе се играат повеќето натпревари. Тоа е колевката на светскиот фудбал – Вембли стадионот. Овој стадион со капацитет од 90.000 седишта е комплетно реновиран во 2007 година и е седиште за Анлискиот национален тим. Освен групните натпревари, на овој стадион ќе се играат и полуфиналните натпревари, како и финалето на 11 јули, кое ќе биде и второ Вембли финале, по она во 1996 година. За разлика од другите светски стадиони, кои го предаваат победничкиот трофеј на самиот терен, на Вембли се предава пехарот во т.н. Кралската кутија (Royal Box) на средината на северниот дел.
Фасцинантниот полукружен лак на стадионот Вембли е најдолгиот и единствен „покрив над покрив“ на светот, со висина од 315 метри над стадионот. Куриозитет е што финалето на Вембли ќе се игра во недела, на 11 јули, во 20 часот, истиот ден, само пет часа подоцна, кога традиционално се игра и машкото финале на тенискиот турнир Вимблдон. Бидејќи Англичанице многу држат до традицијата, уште од сега е јасно дека никакво поместување на термините нема да има.
Топ Спорт и Макфакс планираат да имаат свој известувач од овие два врвни спортски настани.
25.05.2021,
од Лондон, Ненад Живановски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Американките во драматично финале го освоија олимпиското злато
Поделени се медалите на женскиот хокеарски турнир, на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. САД го освоија златото со победа од 2:1 над Канада во финалето по продолжение. Швајцарија ја освои бронзата.
Како и во претходните три, САД и Канада се сретнаа и во ова финале. И приредија спектакл. На крајот, сè беше решено во продолжението.
Херој на третото злато за Американките беше Меган Келер. Таа го постигна победничкиот гол во петтата минута од продолжението.
Но, Канада има многу за жалење. Водеше од почетокот на вториот период со голот на Кристин О’Нил, па сè до две минути пред крајот. А потоа Хилари Најт, на асистенција на подоцнежната хероина Келер, постигна гол за 1:1 и продолжение. Во кое Келер погоди за голема победа.
И Швајцарија забележа голема победа. За третото место, ја поразија Шведска, исто така по продолжение, со 2:1, и со тоа Швајцарките го освоија својот прв олимписки медал по 12 години.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Звезда победи во Лил, Штутгарт го декласира Селтик
Фудбалерите на Лудогорец ја спасија честа на домашните тимови во Лига Европа. Во првите осум натпревари, шест победи забележаа гостите, само Лудогорец победи на домашен терен, а Панатинаикос успеа да извлече реми.
Изненадувањето на вечерта го направи Црвена звезда со победата во Лил. Српскиот првак победи со голот на Тебо Учена во првата минута од надополнувањето на времето во првото полувреме.
Црвено-белите доминираа против Лил и само можат да жалат што победата не е изразена со повеќе голови разлика.
Инаку, Црвена звезда ја забележе првата победа на француска почва, во својата историја. Во претходните девет гостувања, црвено-белите имаа две нерешени и седум порази.
Селтик доживеа тежок пораз од Штутгарт (1:4). Во првото полувреме се истакна Мароканецот Билал Ел Ханус, кој игра за Штутгарт како позајмен играч од Лестер Сити.
Прво, во 15-та минута, искористи „бразилска“ асистенција со петицата на Денис Ундав, а во 28-та минута реагираше добро по центаршутот на Анџело Стилер и, заборавен од домашните играчи, повторно го совлада ветеранот на Селтик, Каспер Шмајхел.
Помеѓу двата гола на Штутгарт, Бенџамин Нигрен ја искористи конфузијата во одбраната на „Швабите“.
Сепак, во вторите 45 минути, Германците беа уште поубедливи.
Првиот, со прецизен удар на Џејми Левелинг, а потоа Тијаго Томас го постави конечниот резултат на крајот од натпреварот.
Лудогорец е единствениот тим што победи на домашен терен. Шампионот на Бугарија се сретна со Ференцварош во Раздград и победи со резултат од 2:1 (1:1).
Домашниот тим поведе со голот на Кванд Ду, Деле израмни за Унгарците.
Победата за Лудогорец ја донесе Шпанецот Сон во 67-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Меншик го победи Синер
Чешкиот тенисер Јакуб Меншик го победи Јаник Синер во четвртфиналето на турнирот во Доха.
Меншик славеше по два часа и 13 минути борба, со 2-1 во сетови – 7:6(3), 2:6, 6:3.
Ова е втората најголема победа во неговата кариера, откако го победи Новак Ѓоковиќ во финалето во Мајами минатата година.
За 20-годишниот Чех, ова беше прв дуел со Синер во кариерата, а првото полуфинале во Доха, ќе му го донесе и 13-то место на АТП листата.
Foto/ EPA

