Спорт
Гатузо не оди во Рома: Имам уште две години договор со Милан
Џенаро Гатузо инсистира дека не е заинтересиран за шпекулациите кои велат дека тој е следниот тренер на Рома бидејќи има многу работа со Милан, со кои има уште две години од договорот.
„Волчицата“ е во потрага по постојан тренер откако го отпуштија Еузебио ди Франческо минатиот месец по елиминацијата од Порто во Лигата на шампионите. Клаудио Раниери е преоден тренер до крајот на сезоната, но легендата на клубот Франческо Тоти наводно инсистирал Гатузо да дојде следната сезона. Од друга страна, 41-годишниот Гатузо нема најсигурна работа во Милан, по шпекулациите за конфликт со спортскиот директор Леонардо и тешката ситуација во борбата за пласман во ЛШ – Милан има освоено само еден поен од последните можни 12 во Серија А.
„Уживав кога Паоло Малдини кажа дека јас имам силен карактер. Имам уште две години од договорот и мојата цел е да се вратам во Лигата на шампионите. Другите работи се чисти шпекулации“, вели Гатузо.
Милан е четврт во Серија А, но со ист број поени со Аталанта и само еден поен пред Аталанта на седум меча пред крајот. В сабота тие играат против Лацио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Скандал во Рим, Ѓоковиќ удрен во главата со шише за вода
Новак Ѓоковиќ доби шише во глава, кое беше фрлено од трибините додека даваше автограми.
Инцидентот се случи по победата на Ѓоковиќ, во второто коло на Мастерсот во Рим, над Французинот Корентин Муте 6:3, 6:1.
Додека најдобриот во светот давал автограми од трибините излетало шише со вода кое завршило во неговата глава.
Ѓоковиќ од болка паднал на земја, додека луѓето од организацијата притрчале да му помогнат. Новак останал долго да лежи, што јасно покажува дека шишето било полно и прилично тешко, а ударот бил многу болен. Според некои новинари од местото на настанот, Ѓоковиќ има расекотина на главата.
Како што пишува „Спортмесиасет“, српскиот ас веднаш бил пренесен во болница на преглед, имал благи вртоглавици, но генерално се чувствува добро. Се шпекулира и дека се работи за случајност, а шишето испаднало од ранецот на гледач од трибините и завршило со главата на Новак.
Ова го потврди и организаторот кој соопшти дека инцидентот се случил кога едно дете се наведнало преку оградата за да му даде на Ѓоковиќ тетратка на потпис, а од ранецот на детето испаднало алуминиумско шише со вода и завршило во главата на Ѓоковиќ.
This is shocking.
Novak Djokovic was hit on the head with a water bottle thrown from the stands while he was signing autographs.
Disgusting.pic.twitter.com/Pwt2sjBisl
— Relevant Tennis (@RelevantTennis) May 10, 2024
Спорт
(Видео) Новак Ѓоковиќ заврши на клиника, удрен e со шише во глава
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Мастерсот во Рим, кој по голема борба го совлада Французинот Корентин Муте со 2:0 (6:3, 6:1), а по мечот се случи сериозен инцидент кога тој беше удрен во глава, најверојатно со шише.
View this post on Instagram
Српскиот тенисер веднаш се струполи на подот, а присутните велат дека има траги од крв.
Someone threw a water bottle at Novak Djokovic’s head when he was signing autographs.
He ends up on the floor.
Absolutely disgusting behavior from whoever did this.
The world is becoming a very sad place.
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) May 10, 2024
Имено, Новак е познат како некој кој има трпение за сите фанови. Така беше и овој пат во Рим. Новак без разлика на трудот што го имаше за време на натпреварот, се посвети на навивачите фотографирајќи и давајќи автограми. но, на излегување од теренот, некој фрлил шише и го удрил Новак во главата. Српскиот тенисер легнал на подот и веднаш се фатил за глава. Според присутните, Новак има расекотина, а забележливи се и траги од крв.
Како што јавија италијанските новинари, тој веднаш отишол во амбуланта и се пожалил на мачнина.
Спорт
(Видео) Мбапе објави дека заминува од ПСЖ
Една голема епизода во кариерата на Килијан Мбапе заврши. Францускиот фудбалер вечерва и официјално потврди дека на крајот од сезоната го напушта Пари Сен Жермен.
Но, вториот дел од енигмата сепак останува, бидејќи Мбапе не кажа каде ќе ја продолжи кариерата. Иако, цел свет тоа одамна го насетува.
Епизодата на Килијан во Париз не заврши славно. Трофејот во Лигата на шампионите и оваа сезона остана недостижен за брзиот напаѓач, иако „светците“ важеа за големи фаворити во полуфиналето против Борусија Дортмунд.
Сите други домашни трофеи одамна престанаа да ја задоволуваат гладта и на Ембапе и на навивачите на францускиот клуб.
И покрај тоа што не кажа каде ќе ја продолжи кариерата, тоа најверојатно ќе биде Реал Мадрид.
Мбапе вечерва преку видео порака се прости од навивачите на Пари Сен Жермен.
„Отсекогаш сум велел дека ќе ви се обратам кога ќе дојде вистинското време. Сакам да ве информирам дека ова е мојата последна сезона во Пари Сен Жермен. Нема да го продолжам договорот и оваа авантура ќе заврши во следните неколку недели. Мојот последен натпревар ќе го одиграм на „Паркот на принцовите“ во недела.
Се борам со многу емоции. Имав можност и голема чест да бидам дел од најголемиот клуб во Франција и еден од најдобрите во светот, што ми овозможи да дојдам овде и да почувствувам како е да се игра во голем клуб под притисок. Нашредував како играч, се разбира со едни од најдобрите фудбалери во историјата. Некои големи шампиони. Запознав многу луѓе, созреав како личност, со сета слава и грешки што ги направив“, изјави Мбапе.
MERCI. 🔴🔵 @PSG_inside pic.twitter.com/t0cL2wPpjX
— Kylian Mbappé (@KMbappe) May 10, 2024