Спорт
Гави е во чудна ситуација по одлуката на судот
Шпанскиот суд го прогласи за неважечки договорот на Гави (18)со Барселона, по што тој беше избришан од тимот на Барселона на официјалниот сајт на Ла Лига. Ла Лига порача дека Гави не го сметаат за член на сениорскиот тим, туку за дел од клупската академија.
„Мундо Депортиво“, наведува дека и покрај ова Гави ќе продолжи да игра нормално за Барселона и шпанската репрезентација.
„Барселона ќе се жали на одлуката, а статусот на Гави нема да се промени до јуни. Чекаме клубот да го реши проблемот со финансирањето на платата“, објавија Шпанците.
Тие објаснуваат дека договорот на Гави, потпишан во септември минатата година, според кој тој ќе остане во клубот до 2026 година и кој содржи откупна клаузула од една милијарда евра, сè уште е валиден, но е „во мирување“.
„Мундо Депортиво“ затоа истакнува дека ситуацијата станува чудна бидејќи „не е јасно дали Гави ќе биде слободен играч на 30 јуни доколку не биде пријавен или ова важеше до крајот на зимскиот преоден рок“.
Гави има 84 настапи за Барселона, од кои 37 оваа сезона. Според „Трансфермаркт“, еден од најголемите светски таленти вреди 90 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

