Спорт
Кливленд Кавалирс обезбеди место во плејофот

Кливленд Кавалирс се четвртиот тим од Источната конференција во НБА лигата што обезбеди пласман во плеј-офот. Претходно од Истокот место во разигрувањето обезбедија Милвоки, Бостон и Филаделфија.
Кливленд, изминатата ноќ, славеа убедлива победа над Хјустон 108:91. Џерет Ален со 24 и Донован Мичел со 22 поени го предводеа Кливленд до деветтата победа во последните 11 натпревари.
Кавалирс за првпат по 2018 година изборија пласман во плеј-офот.
Резултати:
Атланта – Мемфис 119:123
Бостон – Сан Антонио 137:93
Кливленд – Хјустон 108:91
Орландо – Бруклин 119:106
Торонто – Вашингтон 114:104
Портланд – Оклахома 112:118
Голден Стејт – Минесота 96:99
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Истрагата на УЕФА препорачува исфрлање на Барселона од Лигата на шампионите за следната сезона

Инспектори на УЕФА го советуваат претседателот Александар Чеферин дека Барселона заслужува да биде суспендирана за настап во Лигата на шампионите за следната сезона. Сето ова порада случајот „Негреира“, открива шпанскиот медиум „ABC“.
Истражителите од УЕФА го анализирале скандалот и подготвиле извештај според кој на каталонскиот гигант треба да му биде забранет настап во елитното клупско натпреварување на Стариот континент.
Истрагата покажа дека во периодот од 2001 до 2018 година, Каталонците му платиле 7,3 милиони евра на Хозе Марија Хенрикес Негреира за различни услуги, често опишани едноставно како „консултации“. Меѓутоа, проблемот е што станува збор за потпретседател на Судската комисија во Шпанија. Ова се смета за конфликт на интереси бидејќи Негреира можеби влијаел на одлуките на судиите.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, најверојатно ќе ја почека и одлуката на шпанските власти, кои исто така работат на случајот, пред да донесе конечно решение за овој случај.
Спорт
Баерн на трансфер-листата стави три големи ѕвезди

Баерн Минхен e подготвен за големи промени во текот на летото. Се започна со отказните решенија за извршниот и спортскиот директор, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ. Тренерот Томас Тухел ќе остане и покрај тоа што медиумите шпекулираа дека и тој ќе се поднесе оставка. Баерн подготвува големи промени и во ростерот.
Прва цел во преодниот рок ќе биде напаѓач од екстра класа. Баерн испрати понуда до Хари Кејн, која англискиот репрезентативец ја одбил со образложение дека не сака да ја напушта Премиер лигата или пак чека повик од Реал Мадрид.
Пред два дена Бенжамин Павар го известил клубот дека нема да го продолжи договорот и побарал трансфер.
Во четвртокот, медиумите објавија дека Баерн на трансфер листата ставил три големи ѕвезди: Садио Мане, Лерој Сане и Серж Гнабри.
Сенегалецот Мане, не ги исполни очекувањата по трансферот од Ливерпул. За играч од негов калибар скромен е учинокот од шест асистенции и 12 гола.
Мане беше вклучен во скандалот со Сане, по поразот од Манчестер сити во Лигата на шампионите. Тогаш Мане го удри соиграчот. Сезонава, Сане, има учинок од 14 гола и 10 асистенции.
Гнабри е ставен на трансфер листата и покрај тоа што лани го продолжи договорот. Тој има најдобра статистика од играчите кои се ставени на трансфер листата. Сезоната ја заврши со 17 гола и 12 асистенции.
Спорт
Познати се 26 учесници на ЛШ – Останатите шест ќе пристигнат преку квалификации

Со освојувањето на Лигата на Европа, Севиља во средата стана 26. клуб кој следната сезона ќе игра во елитното натпреварување. Останатите шест ќе бидат познати по летните квалификации.
Во некои лиги сезоната заврши, во други брзо ќе заврши, па познати се екипите кои следната сезона ќе играат во европските купови.
Претквалификациите за пласман во Лигата на шампионите ќе започнат на 27 јуни, последното, плеј-оф коло е на 23 и 24 август, односно 29 и 30 август.
Групната фаза започнува на 19 септември.
Квалификувани тимови
Шпанија: Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад, Севиља
Италија: Наполи, Лацио, Интер, Милан
Англија: Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Њукасл
Германија: Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Лајпциг, Унион Берлин
Франција: ПСЖ, Ланс
Португалија: Бенфика, Порто
Холандија: Феенорд
Шкотска: Селтик
Србија: Црвена звезда
Австрија: Салцбург
Украина: Шахтјор Донецк.