Спорт
Германија и Шкотска ќе го отворат Европското првенство

Помалку од 24 часа не делат од почетокот на Европското првенство во Германија, кое домаќините ќе го отворат против Шкотска. На континеталниот шампионат учестуваат 24 селекции, титулата освоена во 2021 година ја брани Италија.
Список на сите стадиони:
Берлин – Олимписки стадион, капацитет 74.461
Минхен – Фусбол Арена Минхен, капацитет 70.076
Дортмунд – БВБ Стадион Дортмунд, капацитет 65.849
Штутгарт – Штутгарт Арена, капацитет 54.906
Гелзенкирхен – Арена Ауф Шалке, капацитет 54.740
Франкфурт – Франкфурт Арена, капацитет 54.697
Хамбург – Фолкспарк стадион, капацитет 52.245
Дизелдорф – Дизелдорф Арена, капацитет 51.031
Келн, Стадион Келн, капацитет 49.827
Лајпциг – Стадион Лајпциг, капацитет 42.959
Група А
1. коло: петок, 14 јуни (Минхен) Германија – Шкотска; Сабота, 15 јуни (Келн) Унгарија – Швајцарија
2. коло: среда, 19 јуни (Келн) Шкотска – Швајцарија; Среда, 19 јуни (Штутгарт) Германија – Унгарија
3. коло: недела, 23 јуни (Франкфурт) Швајцарија – Германија; Недела, 23 јуни (Штутгарт) Шкотска – Унгарија
Група Б
1. коло: сабота, 15 јуни (Берлин) Шпанија – Хрватска; Сабота, 15 јуни (Дортмунд) Италија – Албанија
2. коло: среда, 19 јуни (Хамбург) Хрватска – Албанија; Четврток, 20 јуни во (Гелзенкирхен) Шпанија – Италија
3. коло: понеделник, 24 јуни (Лајпциг) Хрватска – Италија; Понеделник, 24 јуни (Дизелдорф) Албанија – Шпанија
Група Ц
1. коло: недела, 16 јуни (Гелзенкирхен) Србија – Англија; Недела, 16 јуни (Штутгарт) Словенија – Данска
2. коло: четврток, 20 јуни (Франкфурт) Данска – Англија; четврток, 20 јуни (Минхен) Словенија – Србија
3. коло: вторник, 25 јуни (Келн) Англија – Словенија; Вторник, 25 јуни (Минхен) Данска – Србија
Група Д
1. коло: недела, 16 јуни (Хамбург) Полска – Холандија; Понеделник, 17 јуни (Дизелдорф) Австрија – Франција
2. коло: петок, 21 јуни (Берлин) Полска-Австрија; Петок, 21 јуни (Лајпциг) Холандија – Франција
3. коло: вторник, 25 јуни (Берлин) Холандија – Австрија; Вторник, 25 јуни (Дортмунд) Франција – Полска
Група Е
1. коло: понеделник, 17 јуни во Франкфурт: Белгија – Словачка; Понеделник, 17 јуни во Минхен: Романија – Украина
2. коло: петок, 21 јуни во Дизелдорф: Словачка – Украина; Сабота, 22 јуни во Келн: Белгија – Романија
3. коло: среда, 26 јуни (Франкфурт) Словачка – Романија; Среда, 26 јуни (Штутгарт) Украина – Белгија
Група Ф
1. коло: вторник, 18 јуни (Дортмунд) Турција – Грузија; Вторник, 18 јуни (Лајпциг) Португалија – Чешка
2. коло: сабота, 22 јуни (Дортмунд) Турција – Португалија; Сабота, 22 јуни (Хамбург) Грузија – Чешка
3. коло: среда, 26 јуни (Гелзенкирхен) Грузија – Португалија; Среда, 26 јуни (Хамбург) Чешка – Турција
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов.
Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец.
Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна.
Долго време неговото име се поврзува со Арсенал, и не е тајна дека преселбата во лондонскиот клуб е негова голема желба, сега наводно сите услови се веќе договорени.
Со доаѓањето на Андреа Берта како спортски директор на „Топџиите“, доведувањето на Ѓекереш беше поставено како еден од приоритетите на клубот.
Се шпекулира дека фиксниот дел од трансферот ќе изнесува 65 милиони евра, а уште 15 милиони Спортинг ќе може да заработи преку бонусите.
Спорт
Пјастри: Нема да зборувам многу, би можел да се најдам во неволја

Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката.
Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои раце – водечка позиција, контрола на трката. Но, една кардинална грешка и казна од 10 секунди практично го чинеше победа, па наместо да се оддалечи од тимскиот колега за уште осум поени и да стигне до разлика од 23 бода, ситуацијата се сврте – Норис ја намали разликата на само осум поени на половина од сезоната.
Самиот Пјастри не е задоволен од казната, смета дека е неправедна. Кога отиде да ја одработи казната и дојде до предавање на позицијата на Норис, побара од тимот да му наложат на Норис да ја врати позицијата и да се тркаат, но Мекларен тоа го одби.
„Нема да зборувам многу, за да не западнам во неволја. Но изгледа дека повеќе не смее да се кочи зад безбедносното возило – изјави Пјастри.
Фото: ЕПА
Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL