Спорт
Германски новинари нападнати на мечот со Вест Хем

Германски новинари биле нападнати во текот на натпреварот од Лига Европа помеѓу Вест Хем и Ајнтрахт (1:2). Вест Хем објави дека ќе им биде забранет пристап на стадионот на навивачите кои учествувале во нападот кога ќе биде откриен нивниот идентитет.
Тим Брокмајер и Филип Хофмајстер, коментатори на радио АРД, објавија дека биле нападнати од домашни навивачи за време на преносот на натпреварот. Според нив, инцидентот се случил во 21. минута од натпреварот по голот на Мајкл Антонио. И двајцата новинари тврдат дека фановите им ги украле слушалките.
Вест Хем најави дека ќе ги прегледа сите снимки од безбедносните камери, а оние за кои ќе се докаже дека учествувале во инцидентот ќе бидат строго казнети, а меѓу другото ќе им биде изречена забрана за доаѓање на стадионот.
„Свесни сме за инцидентот што се случи и работиме на откривање на одговорните. Во согласност со нулта толеранција за секаков вид насилство, оние за кои ќе се докаже дека учествувале во инцидентот ќе бидат предадени на полицијата. Она што клубот може и ќе го направи е да им забрани да влезат на стадион и да патуваат со клубот. Нема место за такво однесување“, изјави портпаролот на Вест Хем.
За време на преносот Хофмајстер изјави дека очекува нешто да се случи или некој да го удри и дека тоа му ги растерало илузиите за англискиот фудбал. По натпреварот изјави дека тој и неговиот колега се добро, а им се заблагодари на навивачите на Вест Хем кои искрено го сакаат својот клуб и фудбалот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спектакуларен пречек во Сеул за „Златната копачка“ на Премиерлигата

Напаѓачот на Тотенхем, Хјонг – Мин Сон, беше пречекан со овации во родната Јужна Кореја, откако пристигна со својот најголем индивидуален трофеј од оваа сезона, „Златната копачка“ од Премиерлигата.
Сон со Тотенхем успеа во завршницата од сезоната да обезбеди пласман и во Лигата на шампионите.
Пристигнувањето на аеродромот во Сеул беше спектакуларно за Јужокореецот. Тој постигна 23 гола изминатата сезона во Премиерлигата и ја подели наградата за Мохамед Салах од Ливерпул.
Son Heung-min’s welcome as he returned home to South Korea with the Golden Boot was incredible 😍🇰🇷
🎥 @Reuterspic.twitter.com/rbdpH7E9R4
— SPORTbible (@sportbible) May 25, 2022
Спорт
Павел Андреев, четврто засилување за РК Вардар

Ракометниот првак Вардар е пред комплетирање на ова двојна круна, а почна да го формира тимот за следното издание во Лигата на шампионите. Вардар го засили тимот со рускиот интернационалец Павел Андреев (194 см. / 96 кг.) кој доаѓа од тимот на Чеховски Медведи и игра на пивотменската позиција.
Андреев кој има 29 години од 2006 година е дел од тимот на повеќекратниот шампион на Русија, а од 2014 игра во првиот тим. Зад себе има и настапи за репрезентацијата на Русија на последните две големи натпреварувања на кои настапи неговата репрезентација, на ЕП 2020 и на СП 2021.
Со ангажирањето на Андреев одбраната на Вардар треба да биде подеднакво цврста како и досега, и тоа е играч што настапува во два правци, и во напад и во одбрана.
Во сезоната 2019/20 беше избран за најдобар дефанзивец во руската Суперлига, а со Чеховски Медведи досега има освоено 7 шампионски титули, 4 во Купот на Русија и 7 во Суперкупот.
Андреев шест сезони беше дел од Лигата на шампионите со рускиот првак, а последните две играше во Лигата на Европа. Минатата сезона даде 30 гола, додека актуелната сезона, во групната фаза на осум меча постигна 15 погодоци.
Андреев е четврто засилување за Вардар, по десниот бек Цехте, средниот бек Анѓелиќ и левиот бек Дуарте.
Спорт
Роналдо едвај го преживеал дебаклот на Јунајтед од Брајтон

Манчестер Јунајтед има уште една катастрофална сезона зад себе. „Црвените ѓаволи“ останаа без пласман во Лигата на шампионите. Освоено е само шестото место во Премиерлигата, а голем удат тимот доживеаја на крајот од сезоната кога беше декласиран од Брајтон со 4:0.
Кристијано Роналдо очигледно е многу разочаран од сето она што се случува во тимот. Тој останал дваесетина минути сам во соблекувалната по поразот од Брајтон.
„Неговите соиграчи веднаш заминаа дома. Роналдо седеше сам во соблекувалната околу 20 минути. Го напушти стадионот, но потоа се врати. Седеше сам и размислуваше, а потоа стана и го напушти стадионот”, пишува „Манчестер Ивнинг Њуз“.
Роналдо, ако и дефинитивно остане на „Олд Трафорд“, за првпат во кариерата ќе игра во Лига Европа, а не во Лигата на шампионите.