Спорт
Ѓоковиќ го декласира Пуи за полуфинале во Токио

Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на АТП-турнирот во Токио. Најдобриот во светот го декласира Лука Пуи за 50 минути игра со 6/1, 6/2.
Ѓоковиќ одигра совршен меч против индиспонираниот Пуи. Го отвори со брејк во првиот гем, а потоа за 21 минута го доби првиот сет. По 15 минути игра, во вториот сет резултатот беше 4:0 за Ѓоковиќ. Пуи потоа доби два гема за потоа Србинот да возврати со брејк, кој веднаш потоа го потврди со добри сервиси.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Давид Гофан и Хјеон Чунг.
Dominant from Djokovic.
The World No. 1 is into the semis in Tokyo!
?: @TennisTV | @DjokerNole | @rakutenopen pic.twitter.com/GuitusPZBv
— ATP Tour (@atptour) October 4, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Убедлив пораз на Тиквеш кај Бешикташ, пред елиминација е од ЕХФ Европскиот куп

Ракометарите на Тиквеш доживеаја убедлив пораз на гостувањето кај турскиот шампион Бешикташ со 31–20 во првиот натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот куп, со што речиси ги загубија шансите за пласман понатаму.
Кавадарчани отворија добро и поведоа со 2–1 по само три минути игра, но потоа целосно застанаа. До крајот на полувремето успеаја да постигнат само уште еден погодок. Хрватскиот голман Матеј Ашанин блескаше на голот на Бешикташ и покажа зошто своевремено Лино Червар го сметаше за еден од најперспективните млади голмани.
Ниту еден удар на Тиквеш не можеше да мине покрај Ашанин, кој имаше дури 70% успешност во првото полувреме. Во меѓувреме, домашните ракометари лесно ја полнеа мрежата на гостите и на паузата имаа водство од 16–3.
Во вториот дел Бешикташ рутински ја контролираше играта и само ја зголемуваше предноста. Тиквеш успеа малку да го поправи впечатокот, но разликата не падна под десет погодоци.
Со овој резултат, реваншот следната сабота во Кавадарци ќе биде само формалност, а македонскиот претставник ќе може да се фокусира на настапите во Супер машката лига.
Најдобри стрелци кај Бешикташ беа Ханиоглу со осум и Бабачан со пет погодоци, додека Ашанин запиша 12 одбрани. Кај Тиквеш се истакнаа Коцев со пет и Христоски со четири гола.
Спорт
Србија – Албанија: Натпревар со висок ризик и големо значење во квалификациите

Дуелот меѓу Србија и Албанија во Лесковац е најважниот натпревар во Групата К за второто место во квалификациите за Светското првенство. Србија ќе се обиде да ја потврди доминацијата и да обезбеди директен пат во баражот, додека Албанија мора да триумфира за да остане во игра.
Натпреварот е прогласен за со висок безбедносен ризик, а билетите не се во продажба. Албанските навивачи нема да можат да присуствуваат, а Србија веќе има намален капацитет на стадионот по претходни инциденти.
Судискиот тим е од Романија, со четврти судија и VAR поддршка. Натпреварот се очекува да биде напнат и тактички, со многу емоции и голема мотивација на двете страни.
Квалификации за Светското првенство – сабота:
Србија – Албанија 20:45, Латвија – Андора 15:00, Унгарија – Ерменија 18:00, Норвешка – Израел 18:00, Бугарија – Турција 20:45, Естонија – Италија 20:45, Португалија – Република Ирска 20:45, Шпанија – Грузија 20:45
Спорт
Што и треба на Македонија за пласман на Светскто фудбалско првенство

Македонската фудбалска репрезентација одигра херојски во Гент и ремизираше против Белгија (0-0), задржувајќи го првото место во квалификациската група Ј. „Црвено-жолтите“ одиграа организирано и борбено, посебно во одбраната, и го спречија фаворитот да постигне гол.
По шест кола, Македонија има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат натпревар помалку. Клучниот дуел за расплетот ќе биде меѓусебниот меч на Велс. Победа на Велс би бил најповолен исход за Македонија, која потоа со победи против Казахстан и Велс би обезбедила директен пласман на Мундијалот.
Следен натпревар: Македонија – Казахстан во Скопје (20:45 ч.), а потоа големото гостување во Велс на 18 ноември.