Спорт
Ѓоковиќ го депортирале дека бил закана за јавното здравје
Федералниот суд на Австралија, четири дена по пресудата со која му ја укина визата на Новак Ѓоковиќ, ги објави причините зошто тројцата судии донеле таква одлука. „Присуството на Ѓоковиќ во Мелбурн би ги охрабрил оние што мислат дека движењето против вакцинација е рационално“, смета судот.
Новак Ѓоковиќ во 11 дена имаше две судења во Мелбурн. На првото визата му беше вратена, но откога министерот за имиграција, Алекс Хок, повторно му ја укина визата, судот ја потврди неговата одлука.
Присуството на Ѓоковиќ во Мелбурн претставувал ризик за јавното здравје.
„Парламентот јасно кажа дека според членот 116 министерот може да ја поништи визата доколку смета дека нејзиниот носител може да претставува ризик за здравјето на заедницата. Судот не ја разгледува мудроста на одлуката, ниту може да ја смени. Задача на судот е да одлучи дали министерот го почитувал законот кога побарал визата да биде укината. Се водеше голема дебата како да се пристапи кон оваа одлука. Министерот не е должен да ги образложи причините за укинувањето на визата, но тој сепак го направи тоа. Причините се внимателно наведени. Темите на охрабрување и однесувањето на спортскиот херој се провлекуваат во наведените причини, предизвикуваат загриженост за здравјето и редот. И да не е шампион на Австралија опен, господинот Ѓоковиќ со своето присуство овде, со својот престој во Мелбурн, би ги охрабрил оние што мислат дека движењето против вакцинацијата е рационално“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

