Спорт
Ѓоковиќ го победи Оже-Алијасим и доби шанса да го заддржи првото место

Новак Ѓоковиќ остана во игра за својата шеста титула од Мастерсот во Рим и заддржување на првото место на АТП листата пред Данил Медведев, откако во полуфиналето го издржа камбекот на младиот Канаѓанец, Феликс Оже-Алијасим во вечерната сесија на „Форо Италико“ за со 7:5/7:6(1) победа.
Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе се судри со норвешката тениска надеж, Каспер Руд, кој со 7:6(7)/7:5 по два часа и 21 минута го победи Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој вчера го елиминираше Рафаел Надал. На Ѓоковиќ му треба пласман во финалето да остане пред Русинот Медведев на првото место на АТП листата од понеделник.
Во второто полуфинале пак, ќе има дуел на двајца ривали кои не се најдобри пријатели на АТП турнејата – Гркот Стефанос Циципас и Германецот Александер Зверев.
Циципас со 7:6(5)/6:2 ги уништи надежите на домашниот тенисер, Јаник Синер за да ја потврди одличната форма на земја оваа сезона и да се пласира во полуфиналето без загубен сет. Зверев, пак, исто така без загубен сет влегува во пресметката со Циципас, откако со 7:5/6:2 го совлад Чилеанецот Кристијан Гарин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ сака да го купи Френки де Јонг

Францускиот гигант Пари Сен Жермен размислува да се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг. Холандскиот интернационалец е на продажба на „Камп Ноу“ пред се поради финансиската состојба во клубот и желбата на Барселона да се засили со некои други играчи.
Де Јонг во последните седмици се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, каде нов кормилар е поранешниот тренер на играчот, Ерик тен Хаг од Ајакс. Сепак, парижаните размислуваат и за посериозни промени во својот состав ова лето и Де Јонг се смета за одлична можност за засилување на средниот ред.
Голем плус за ПСЖ е и учеството во Лигата на шампионите, бидејќи „црвените ѓаволи“ следната година ќе мораат да се задоволат само со Лигата на Европа.
Спорт
Чуамени се договорил со Реал, сега уште двата клуба околу отштетата

Шпанскиот гигант Реал Мадрид постигнал договор со францускиот репрезентативец Аурелиен Чаумени, пренесуваат шпанските медиуми. Тој минатата сезона одигра одлично во дресот на Монако и веќе е стандарден во селекцијата на „триколорите“.
„Кралевите“ ја загубија трката за Мбапе, но сега сакаат брзо да го комплетираат трансферот на Чуамени. Неговите агенти веќе ги договориле личните услови за преселба на „Сантијаго Бернабеу“, а сега треба да се договори и отштетата меѓу двата клуба.
Монако бара 80 милиони евра за да го дозволи трансферот, а засега Реал Мадрид нуди 60 милиони евра.
Спорт
Фановите на Милан го „погребаа“ Чалханоглу

„Црвено-црниот“ дел од Милано веќе втор ден го слави шампионскиот трофеј кој по цели 11 години се врати на „Сан Сиро“. А кога „завојуваните“ страни слават, тогаш редовно на удар се ривалите.
Овојпат фановите на Милан можеби и претераа откако го „погребаа“ Хакан Чалханоглу, кој е „предавник“ од таборот на „росонерите“ и се пресели во редовите на Интер.
На големата прослава навивачите на Милан носеа импровизиран ковчег со цел да го „погребаат“ турскиот репрезентативец. Ваков реваншизам не се случува првпат во Италија, но секако е морбиден.
Hakan Çalhanoğlu:
20/21: Leaves AC Milan on a free to join rivals Inter, after finishing 2nd behind Inter.
21/22: Finishing 2nd in Serie A with Inter Milan behind AC Milan.
⚰️💀 pic.twitter.com/9V7Wb4YW85
— SP⚽️RT (@footballeuros) May 22, 2022