Спорт
Роналдо едвај чека да почне да работи со Тен Хаг

Кристијано Роналдо, очигледно, нема планови да го напушти Манчестер јунајтед, изјавувајќи дека е возбуден да почне да работи со новиот менаџер Ерик Тен Хаг.
Шпекулациите по катастрофалната повратничка сезона за „ѓаволите“, велеа дека Роналдо сака да си замине, но сега тој за официјалниот веб-сајт на клубот вели дека ќе биде потребно да му се даде време на 52-гоишниот Тен Хаг да успее во клубот.
„Тоа што го знам за него е дека заврши фантастична работа со Ајакс, дека има огромно искуство. Но, треба да му дадеме време. Треба да се сменат работите според неговите желби. Се надевам дека ќе имаме успех и му посакувам многу среќа во работата. Сите сме среќни и возбудени, не само како фудбалери, туку и како навивачи на клубот. Сакам да верувам дека од следната година ќе освојуваме титули“, вели Роналдо, кој има 24 гола во 38 меча по враќањето на „Олд Трафорд“.
Our no.7 is excited to welcome Erik ten Hag to the club 🤝#MUFC | @Cristiano
— Manchester United (@ManUtd) May 13, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн ја официјализира соработката со Мазрауи

Шампионот на Германија, Баерн Минхен соопшти дека Нусаир Мазрауи е и официјално е првото засилување на Баварците, за следната сезона.
Десниот бек на Ајакс дојде во Минхен како слободен играч по истекот на договорот со холандскиот шампион. Мароканецот потпиша договор со Баерн до 2026 година.
24-годишниот Мазрауи целата своја кариера ја помина во Ајакс откако како осумгодишник дојде во клубот од Амстердам. Мароканецот со Ајакс освои три титули шампион на Холандија. Минатиот месец беше познато дека тој кариерата ќе ја продолжи во Баерн.
Така тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман ќе добие уште една опција на позицијата десен бек и достојна замена за Французинот Бенжамин Павар, кого често го користи како стопер.
Спорт
Топката со која ќе се игра финалето на ЛШ ќе биде ставена на аукција

Зборот „мир“, на англиски и руски, ќе ја краси топката со која Ливерпул и Реал Мадрид ќе играат во финалето на Лигата на шампионите в сабота, објави германскиот производител на спортска опрема „Адидас“, најавувајќи дека ќе стави ограничено издание на оваа топка на аукција. Парите собрани на нукцијата ќе им бидат донирани на бегалците од Украина.
„Топката со која ќе се игра во финалето на Лигата на шампионите ќе биде понудена на аукција по натпреварот, а целиот приход ќе оди во Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) за да обезбеди заштита и помош за бегалците кои се принудени да ги напуштат своите домови“, соопштија од „Адидас“.
Финалето на Лигата на шампионите во 2022 година, кое требаше да се одигра во Санкт Петербург, е преместено на стадионот во „Сен Дени“, во близина на Париз, поради руската инвазија на Украина.
УЕФА, која „остро ја осудува воената инвазија“, која започна на 24. февруари, ги исклучи руските клубови од европските фудбалски натпреварувања следната сезона, приклучувајќи се на ФИФА, која ја исклучи Русија од Светското првенство во Катар.
Спорт
Мурињо: Не сум егоцентричен, повеќе сум клупски човек

Рома и Феенорд, во среда во Тирана, ќе се борат за пехарот во најмаладото натпреварување на УЕФА, Лигата на конференции.
Кога започна Лигата на конференции, многумина беа скептични за нов проект на УЕФА. Особено оние најголемите клубови, очигледно со желба да не се мешаат со тимови со далеку послабо реноме.
Се испостави дека третото натпреварување под покровителство на УЕФА беше доста интересно.
„Имаше критики кога започна натпреварувањето. Луѓето гледаа натпревари без германски, англиски или шпански клубови… Но, тогаш видовте полуфинале со 70.000 гледачи во Рим, полни стадиони во Марсеј или Лестер. Лигата на конференцијата стана важна, а големите клубови мора сериозно да го сфатат тоа натпреварување“, изјави Жозе Мурињо, шефот на стручниот штаб на Римјаните.
Рома загуби две финалиња на европските натпреварувања во 1984 и 1991 година, но претходно во 1961 година го освои Купот на саемски градови.
„Би сакал да го освојам трофејот за себе, но особено за навивачите кои долго време не доживеале такво нешто. Секако и поради играчите да го направат првиот чекор во кариерата. Сега сум помалку сум егоцентричен, повеќе сум клупски човек. Мек“, изјави Специјалниот.
Финалето во Лигата на конференции на Националниот стадион во Тирана, во среда ќе започне во 21 часот.