Спорт
Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците им биле направени во Белград.
Ѓоковиќ и неговата сопруга не чувствувале никакви симптоми на вирусот, а тестот го направиле по претходен договор со лекарите.
Изминатите десет дена, по враќањето од Задар, Новак и Јелена Ѓоковиќ беа во само изолација, следејќи ги сите протоколи и безбедносни мерки во врска со Ковид-19.
Минатиот вторник, по враќањето од Задар, тестовите кои ги направија сопружниците покажаа дека тие се позитивни на коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Вориорс го елиминираа Хјустон, Индијана го изненади Кливленд

Голден Стејт Вориорс се последниот тим што се пласираше во втората рунда од овогодинешните плејоф во НБА лигата.
Во седмиот натпревар, кој се одигра во Хјустон, Вориорс славеа со 103:89 и се пласираа во следната рунда на Западот со вкупен резултат од 4:3. Таму ги чекаат Минесота Тимбервулвс.
Тимот од Сан Франциско стигна до двоцифрена предност во првото полувреме. Хјустон губеше со три поени во третата четвртина, но поискусните Вориорс не дозволија пресврт.
Откако постигна само три поени во првото полувреме, Стеф Кари во вториот дел се разбуди и го водеше својот тим до победа со 22 поени, 10 скока и седум асистенции.
Сепак, херој на победата беше Бади Хилд, кој постигна 33 поени, Џими Батлер имаше 20 поени, осум скока и седум асистенции.
Хјустон го предводеше Амин Томпсон со 24 поени и девет скока, додека Алперен Сенгун постигна 21 поен, 14 скока и пет асистенции.
На Истокот, второто коло од плејофот веќе започна, а во првиот натпревар Индијана Пејсерс ги изненадија домашните Кливленд Кавалирс, кои се први носители, и ги победија со 121:112. Во неизвесен натпревар, решавачка беше последна четвртина.
Ендру Нембхард имаше 23 поени и шест асистенции, а Тајрис Халибартон забележа 22 поени и 13 асистенции за победничкиот тим. За Кливленд, Донован Мичел постигна 33 поени со пет скока и четири асистенции, додека Тај Џером постигна 21 поен со осум асистенции.
Спорт
(Видео) Болоња и Јувентус ремизираа – Четири тима се борат четвртото место

Фудбалерите на Болоња и Јувентус одиграа возбудлив натпревар од 1:1 на „Ренато далара“ во недела навечер. Ова беше директен дуел помеѓу екипи кои се борат за Лигата на шампионите. Во преостанатите три кола ќе има неверојатно возбудлива борба на четири екипи за четвртото место.
Претходно, Рома продолжи да прави чуда, остана непоразена и 19-ти натпревар по ред, победи по 15-ти пат во таа серија, славеше против Фиорентина и остана во игра за пласман во европската елита.
На три кола пред крајот на Серија А, сигурни патници во Лигата на шампионите се Наполи, Интер и најверојатно Аталанта, додека Јувентус (63), Рома (63), Лацио (63) и Болоња (62) ќе се борат за четвртото место.
Во Болоња, во вистинска војна на теренот, Јуве поведе преку Кефрен Тирам во деветтата минута, а израмнувањето го донесе Швајцарецот Ремо Фројлер во 54-тата минута.
Токму стрелецот на голот за домашниот тим во првиот дел од натпреварот беше во центарот на вниманието во ситуација што предизвика контроверзии, кога падна во шеснаесетникот и, се чинеше во тој момент дека ќе има пенал за Болоња.
МекКени го сопна одзади.
Per Marelli di @DAZN_IT è contatto da rigore.
Per @Eurosport_IT idem.#Freuler messo giù da McKennie in area, su un filtrante di Cambiaghi.
Sia il VAR che Doveri lo reputano regolare.
Unico rosso per Piero Campo, collaboratore rossoblù.Che ne pensate? pic.twitter.com/NFyt4Gu0mj
— MEME NAPOLI | Social Talk TV (@memenapoli) May 4, 2025
Сепак, судијата покажа дека нема ништо од најстрогата казна и предизвика бура од негодување кај домашните, поради приговор, еден од помошниците во тренерскиот штаб на Винченцо Италијано беше исклучен… Во второто полувреме, Јувентус беше поблиску до победата.
Нико Гонзалез, Алберто Коста и Камбијасо имаа три добри, последната во 90+6. минута, сепак во првите две ситуации Скорупски беше на висина на задачата, додека во третата Беукема го блокираше ударот и го спаси својот тим.
Спорт
Еден-два за Мекларен во Мајами – Пјастри пред Норис и Расел

Оскар Пјастри ја освои Големата награда на Мајами. Австралиецот ја забележа шестата победа во кариерата, четврта оваа сезона, трета во последните три трки. Доминацијата на Мекларен ја потврди минатогодишниот победник, Ландо Норис, со второто место. Трет трката ја заврши Џорџ Расел од Мерцедес.
Мекларен, а особено Пјастри одо почетокот на сезоната се приказна за себе. Младиот Австралиец, стратуваше од четвртото место, експресно се проби во поредокот, а откако во 12 круг го мина лидерот Ферстапен, рутински дојде до победата.
Низ поредкот мораше да се пробива и Норис, откако во првиот свиок, по борбата со Фертсапен падна на петтото место.
Расел, избра различна стратегија од најдобрите, тоа му се испалтеше и заврши на подиумот. Ферстапен, кој стартуваше од пол-позицијата мораше да се задоволи со четвртото место.
Брилијантна трка возеше и Алекс Албон од Вилијамс. На крајот го освои петтото место, пред Кими Антонели, кој поради грешката на механичарите во боксот немаше можност да се бори за подобар пласман.
Зад младиот Италијанец завршија пилотите на Ферари, Леклер и Хамилтон, а бодови освоија и Карлос Саинц во Вилијамс, односно Јуки Цунода во Ред Бул.
Пјастри ја зголеми предноста во генерланиот пласман, има 131 бод, 16 повеќе од Норис и 32 од Ферстапен.
Следната трка во првенството се вози за две недели во Имола.