Спорт
Ѓоковиќ по четврти пат најдобар спортист на Европа
Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ по четврти пат ја доби наградата за најдобар спортист во Европа во 64. избор на новинските агенции, кој го организира Полската национална агенција (ПАП).
Во изборот во кој учествуваа 26 новински агенции, Ѓоковиќ, кој оваа сезона стигна до својата 20. гренд слем титула, победи со 172 поени, за четврти пат да ја освои наградата, по 2011, 2015 и 2018 година.
На второто место е Роберт Левандовски со 133 поени, додека на третото место, новиот Формула 1 шампион, Макс Ферстапен со 125 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вчера херој против Јунајтед, денеска суспендиран на пет натпревари
Фудбалерот на Вулверхемптон, Матеус Куња е суспендиран на пет натпревари откако имаше близок контакт со редера по поразот од Ипсвич.
Инцидентот се случи на 14. декември кога Куња го удри редарот во лицето, но тој имаше право да игра додека траеше истрагата.
Еден ден откако Бразилецот беше одличен против Манчестер јунајтед, постигна гол од корнер и забележа асистенција во победа од 2:0, Фудбалската асоцијација објави дека тој ќе паузира пет натпревари.
Според распоредот, се очекува тој да се врати дури на 25 јануари кога Волвс му гостува на Арсенал, тимот кој е заинтересиран за него.
Куња оваа сезона постигна 10 гола на 18 натпревари во Премиер лигата и многу ќе им недостига на Волвс кои имаат 15 бода и по триумфот над Јунајтед избегаа од опасната зона.
Спорт
Роналдо за проблемите во Манчестер јунајтед: Не е до тренерот
Манчестер jунајтед не успеа да излезе од кризата ниту откако го смени тренерот. По поразот од Вулверхемптон на Боксинг деј, тимот од „Олд Трафорд“ е на скромното на 14. место во Премиер лигата.
Катастрофалните резултати продолжуваат и откако Рубен Аморим ја презеде функцијата менаџер, а неговиот сонародник и поранешна клупска ѕвезда Кристијано Роналдо смета дека проблемот не е менаџерот.
„Премиер лигата е најтешката лига на светот. Нема лош тим, сите се борат, сите трчаат, сите тимови се силни.
Фудбалот целосно се промени. Нема лесни натпревари.
Го кажав ова и претходно, но ќе продолжам да го повторувам: Проблемот не се тренерите. Ќе дадам пример со аквариум:
Имаш болна риба во аквариумот, ја вадиш и го решаваш проблемот, ако повторно ја вратиш во аквариумот, пак ќе биде болна.
Проблемот во Манчестер јунајтед е ист. Проблемот не е секогаш тренерот. Има многу повеќе од тоа“, објасни Роналдо.
Потоа Португалецот додаде:
„Да бев сопственик на клубот, ќе ги поправев работите што не се во ред“.
Спорт
Салах: Да останеме скромни и титулата ќе дојде
Мохамед Салах ја коментираше ситуацијата во англиската Премиер лига по Боксинг Деј.
Ливерпул го победи Лестер со 3.1 и ја зголеми предноста на врвот, од второпласираниот Челзи на седум бода повеќе и натпревар помалку.
„Ливерпул, Ливерпул, прв во Премиер лигата“, скандираа навивачите кога Куртис Џонс во својот 100. меч за клубот постигна гол за пресврт против Лестер (2:1).
Точка на на натпреварот со својот 19. гол стави Мохамед Салах, тој има и 15 асистенции на 25 натпревари оваа сезона.
Египќанецот игра во неверојатна форма и покрај тоа што не крие дека е незадоволен што се уште клубот не му понудил нов договор.
„Денес се чувствувам поинаку отколку пред пет години. Таа сезона беше посебна за мене бидејќи сите сонуваа за титулата. Секако дека сакам да ја освојам титулата, сите го сакаме тоа. Но сега најважно е да останеме скромни, да продолжиме да победуваме и се надевам дека титулата ќе дојде. Мора да одиме натпревар по натпревар“, изјави Салах.
Ливерпул Божик го дочека како лидер на табелата, слично беше и во сезоната 2018/2019, тогаш „црвените“ имаа десет поени предност пред Сити на крајот ја осоија титулата.