Контакт

Спорт

Гнасен чин во Бундеслига – го покоси противникот, па го плукна

Објавено пред

Гнасен чин ги засени вчерашните мечеви во второто коло во Бундеслигата. На мечот Шалке – Вердер, во 28 минута, дефанзивецот на домашниот тим Озан Кабак со остар старт го сруши противничкиот играч Лудвиг Аугустинсон кој притоа беше во полн трк. Играчот падна на тревникот и се тркалаше се до работ на играчиштето.

Тогаш Кабак дотрча до него и плукна кон него.

Помина неказнето за тој потег, но сепак до крајот на мечот дефанзивецот имаше уште два непромислени старта, па заработи црвен картон

Тренерот на Вердер остар по прегледаната снимка.

„Тоа е чист црвен картон, но пред се на тоа секако не му е место на фудбалскиот терен“ – рече Флориан Конфилт.

Подоцна Кабак на социјалните мрежи се извини за неразумниот потег.

„Сакам да му се извинам на Аугустинсон. Не ми беше тоа намерата да го сторам, беше случајно, не плукав кон него, аголот на телевизиските камери дава погрешен поглед на ситуацијата“ вели тој.

Спорт

Јута Џез има нов сопственик

Објавено пред

Јута Џез по 35 години доби нов сопственик. Гејл Милер реши франшизата да му ја продаде на Рајан Смит. Сопственикот на компанијата „Квалтиркс“, за Јута Џез плати 1.660.000.000 долари.

Сопругот на Гејл, Лери Милер, во 1985 година за сума од 9.500.000 долари, стана сопственик на 50 отсто од акциите на јута Џез. Една година подоцна ги откупи останатиот дел од акциите за 20.000.000 долари и стана сосптвеник на франшизата.

Милијардерот, Лери Милер, почина во 2009 година, а франшизата им ја остави во наследство на членовите на семејството.

Новиот сопственик Рајан Смит е роден во државата Јута, што е доволна гаранција дека франшизата ќе остане во Солт Лејк Сити.

Јута Џез никогаш не биле шампиони во НБА лигата. Најблиску до шампионската титула франшизата беше во 1997 и 1998 година, но тандемот Карл Мелоун и Џонс Стоктон, не успеа да ги победи Мајкл Џордан и Чикаго Булс.

Прикажи повеќе...

Спорт

Венгер: Сакаат да ја уништат Премиер лигата

Објавено пред

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, остро реагира на најавите за можното основање на европската Суперлига. Венгер смета дека зад оваа идеа се крие непријателство кон англиската Премиер лига.

„Премиер лигата е надмоќна. Другите првенства сакаат да ја уништат таа надмоќ. Најдобро тоа ќе го направат со креирањето на европската Сулерлига. Тоа сигурно ќе ја уништи Премиер лигата на Англија“, рекол Венгер и дополнил:

„Доколку креаторите на новата лига добијат дозвола од англиските клубови, таа навистина ќе биде основана“.

На новинарско прашање дали Суперлигата е само финансиски проект, Венгер одговорил.

„Тоа е и фудбалски проект, но се наоѓаме во ера во која сопствениците на клубовите воедно се и инвеститори. А првата цел на инвеститорот е да генерира уште повеќе пари. Суперигата од таа перспектива можеби е само начин да се заработат повеќе пари“, заклучил Венгер.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јуве и Барса „играа“ дерби и на социјалните мрежи

Објавено пред

Јувентус и Барселона синоќа го одиграа дербито во второто коло, во Лигата на шампионите. Барселона победи со 2:0, со головите на Дембеле и Меси од пенал. Во текот на дербито свој „натпревар“ имаа и администраторите на Твитер профилите, на двата тима.

Каталонците во текот на мечот испратија провокација, која се однесуваше на неиграњето на Кристијано Роналдо.

„Многу ни е драго што имате можност да го гледате најдобриот на сите времиња на вашиот терен“.

Администраторот на Јувентус експресно одговори на провокацијата.

„Сигурно сте го отвориле погрешниот речник, најдобриот на сите времиња ќе ви го донесема на Ноу Камп“.

Овие меѓусебни провокации беа доволни да започне нова дебата на социјалните мрежи, околу тоа кој е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија21 минута

АЕК ќе спроведува физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи физибилити студија за влијанието...

Македонија34 минути

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање за Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени, самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се...

Свет48 минути

Во нападот во Ница убиени се три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија3 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија3 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет3 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија3 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија4 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа13 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија14 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија14 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија16 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет17 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија21 час

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија21 час

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија22 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија22 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија23 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија23 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија24 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Досие