Спорт
Го нема Јанис, но Милвоки го има и Холидеј
Четврти натпревар Милвоки Бакс беше без својот најдобар играч Јанис Адетокумпо, кој е надвор од теренот поради повреда на коленото. но тимот од Висконсин успева да ги победија Торонто Репторс со 130:122. Џру Холидеј блескаше со 37 поени (16/26 од поле), шест скока и седум асистенции. Тој стана првиот бек на Бакс од 2006 година и Мајкл Ред кој постигнал повеќе од 35 поени во два последовни натпревари.
Jrue Holiday becomes the first Bucks guard with back-to-back 35-point games since Michael Redd in 2006.
37 PTS | 6 REB | 7 AST | 2 STL pic.twitter.com/VwXIjOu4vs
— Milwaukee Bucks (@Bucks) January 18, 2023
Поддршка за Холидеј имаше и од Грејсон Ален, кој додаде 25 поени и пест скока, а Брук Лопез постигна 19 поени. Во тимот на Торонто се истакна Фред Ванвлит со 39 поени, девет скока и седум асистенции. Гери Трент постигна 28 поени, а Паскал Сијакам имаше 23 поени со девет скока.
Денвер го победи Портланд со 122:113, а Србинот Никола Јокиќ одигра уште еден фантастичен натпревар, со 36 поени и 13. трипл-дабл сезонава. Тој додаде 12 скока и 10 асистенции.
Филаделфија како гостин во арената „Крипто.ком“ ги победи Лос Анџелес Клиперс со 120:110 во меч во кој речиси постојано го имаше водството. Најдобар во тимот на Док Риверс беше камерунскиот центар Џоел Ембиид. Најдобриот стрелец во НБА минатата сезона на овој меч постигна 41 поен и имаше девет скока. Следеше Тајрис Макси со 22 поени, а Тобијас Харис додаде 20 поени за победникот.
Кај ЛА Клиперс се истакна Кави Ленард со 27 поени.
41 PTS | 9 REB | 3 AST | 2 BLK
have you voted @JoelEmbiid for All-🌟?
🗳 https://t.co/dy1hdG5RK7🎥 presented by @palottery pic.twitter.com/ytGYIwSTUx
— Philadelphia 76ers (@sixers) January 18, 2023
Сан Антонио на домашен терен го совлада Бруклин со 106:98, а во тимот на Њујорк не настапија Кевин Дурент и Кајри Ирвинг. Најдобар во тимот на Грег Попович беше Келдон Џонсон со 36 поени, а Џереми Сочан додаде 16. Кај поразениот тим Ти Џеј Ворен имаше 19 поени.
Резултати НБА: Милвоки – Торонто 130:122, Сан Антонио – Бруклин 106:98, Денвер – Портланд 122:113, ЛА Клиперс – Филаделфија 110:120.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Премиер лигата ќе гласа за укинување на ВАР од следната сезона
Преставници на клубовите од англиската Премиер лига следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР, пишува The Athletic. За да се укине ВАР потребно е најмалку две третини од клубовите да гласаат за таа опција. Во случајот со Премиер лигата, тоа значи 14 од 20 клубови.
ВАР (Видео помошник судија) беше воведен во Премиер лигата во 2019 година, но беше предмет на бројни контроверзии. Во кои случаи може да се вклучи и какви одлуки се носат со негово користење се постојани прашања во англискиот фудбал. Предлогот е направен на иницијатива на Вулверхемптон.
Видео проверките ја успорија играта, па често се трошеше многу време за проверка и цртање линии. Сето тоа предизвикува фрустрации кај навивачите и затоа се предлага да се укине ВАР. Исто така, ВАР не ги елиминираше судиските грешки бидејќи лошите одлуки се носат и по прегледување на видеата.
Спорт
Првиот асистент на Клоп ќе го предводи Салцбург
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп заедно со своите соработници го напушта клубот. В недела последен пат Клоп со својот стручен штаб ќе ги води „црвените“.
Јирген Клоп по девет години на „Енфилд“ реши да паузаира една сезона. За разлика од него, неговиот прв асистент Пеп Лајндерс веќе знае каде ќе биде наредната сезона.
Лајндерс денеска потпиша тригодишен договор со Ред Бул Салцбург.
41-годишниот Холанѓанецот пристигна во Ливерпул во 2018 година и со клубот ги освои сите можни трофеи.
Лајндерс е четврти тренер на Салцбург за само една година. На крајот од претходниот шампионат клубот се раздели со Матијас Џејсли, диригентската палка ја презеде Герхард Штрубер, но по слабите резултати во првенството (три бода помалку од Штурм) си замина, па сезоната ќе ја заврши Онур Цинел.
Спорт
Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен
Шампионот на Германија Баер Леверкузен успеа да го задржи тренерот Чаби Алонсо, вундеркиндот Флоријан Вирц, но по се изгледа ќе остане без еден од клучените играчи.
Десниот бек Џереми Фримпонг има неверојатна сезона. На 44 натпревари постигна 13 гола и забележа 12 асистенции.
Неговата откупна клаузула е 40 милиони евра и тој автоматски ќе биде слободен доколку некој клуб ја активира.
За холандскиот репрезентативец има голем интерес. Прв во редот Манчестер јунајтед, а 40 милиони се подготвени да потрошат и Арсенал, Баерн и ПСЖ.