Спорт
Годишнина од смртта на Аиртон Сена (Видео)

На денешен ден пред точно 26 години, на трката за Големата награда на Сан Марино, смртно страдаше легендарниот бразилски возач Аиртон Сена.
Сена, еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, животот го загуби на 34-годишна возраст.
Тој ден, на патеката „Енцо и Дино Ферари“, при брзина од преку 300 километри на час, на откажа управувачот во болидот на „Вилијамс“. Во полна брзина Сена удри во ѕидот во свиокот „Тамбурело“.
Ден претходно, на истата патека, за време на квалификациите, речиси на истото место смртно страдаше и младиот Австриец, Роланд Раценбергер.
Овие две трагедии, засекогаш ги сменија работите во Формула 1.
Аиртон Сена, во кариерата, победил на 41 трка, а уште 39 пати се искачувал на победничкиот пиедестал. Освоил три шампионски титули (1988, 1990, 1991) сите како возач на Мекларен.
Запаметен е како кралот на квалификациските сесии. Никој како Сена не возел на трките во врнежливи услови.
И сега, по 25 години, многумина се прашуваат што ќе се случуваше со овој спорт, доколку не се случеше оваа трагедија. Сена беше еден и единствен, различен од сите по начинот на возење. Некои не го сакаа, на многумина им беше идол, но едно е сигурно, беше и остана недопирлив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер без Димарко против Феенорд

Играчот на Интер, Федерико Димарко ќе го пропушти претстојниот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Феенорд поради повреда на бутниот мускул.
Димарко се повреди во саботата на натпреварот против Наполи (1:1) и го напушти теренот на почетокот на вториот дел. Тј го постигна голот за Интер за водство во 22. минута со слободен удар.
Димарко оваа сезона во Серија А постигна четири гола и имаше пет асистенции.
Италијанските медиуми објавија дека 27-годишниот фудбалер би можел да отсуствува околу три недели и најверојатно ќе се врати на терените по репрезентативната пауза.
Покрај натпреварот против Феенорд во среда во Лигата на шампионите, Димарко ќе ги пропушти и првенствените натпревари против Монца и Аталанта.
Спорт
Хамилтон го откри својот автомобил од соништата, вреди седум милиони евра.

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, во февруари минатата година ја објави својата одлука да го напушти Мерцедес по 12 години соработка и да ја продолжи кариерата во Ферари.
40-годишниот Британец, кој со Мерцедес освои шест светски шампионати по првата титула со Мекларен, се натпреварува во Формула 1 од 2007 година.
Хамилтон возењето за Ферари во Формула 1 го опиша како остварување на детскиот сон, а со славниот тим потпиша повеќегодишен договор со плата од околу 50 милиони евра по сезона.
Зборувајќи за „Тајм“, Хамилтон ја сподели својата љубов кон „Ферари 250 ГТ Калифорнија Спајдер“, легендарниот кабриолет кој има култен статус. Замислувајќи го го својот идеален живот по тркањето, Хамилтон рече: „Тоа е ултимативен автомобил за пензионирање“.
Тој рече дека се замислува себеси како вози по автопатот Пацифик Коуст со неговиот булдог Роско: „Можам да се замислам себеси со Роско, него го замислувам со шал и очилата како седи на предното седиште“.
„Ферари 250 ГТ Калифорнија Спајдер“, произведен помеѓу 1957 и 1963 година, е еден од најпочитуваните модели на Ферари. Дизајниран од Серџо Скалети, неговата комбинација на В12 мотор, неверојатни линии и тркачко педигре го направија симбол на автомобилскиот луксуз.
Во светот беа произведени само 106 примероци. На аукција во 2015 година, автомобилот што некогаш му припаѓал на Ален Делон бил продаден за 18,5 милиони долари, што денес, по прилагодувањето на инфлацијата, би изнесувало околу 24,8 милиони долари.
Во моментов Classic.com ја проценува просечната вредност на овој автомобил на околу седум милиони долари.
Спорт
Барселона му порача на Нејмар: Дај 15 гола за Сантос и ќе разговараме

Нејмар (33) во последните денови се почесто се поврзува со Барселона, клубот за кој настапуваше по доаѓањето од Сантос во 2013 година и каде остана до заминувањето во ПСЖ во 2017 година.
Каталонски „Спорт“, пишува дека тоа би можело да се случи доколку бразилскиот напаѓач ги исполни условите на шпанскиот клуб.
Веќе подолго време се пишуваше дека Барселона бара идеалното решение за позицијата лево крило, а во тој контекст се споменуваа и неколку играчи. Нико Вилијамс беше кандидат, Рафаел Леао исто така, како и Луис Дијаз.
Се споменуваше и Нејмар, но тој реши од Саудиска Арабија да се врати во Сантос.
Неговиот менаџер, Андре Кари потврди за „RAC 1“ дека постои можност Нејмар да се врати во Барселона и дека би бил воодушевен доколку му се укаже таква можност.
„Спорт“, пишува дека Барселона му поставила услов на Нејмар:
„Дај 15 гола и ќе разговараме за твоето враќање“.
Нејмар има три гола и три асистенции на седум првенствени натпревари откако се врати во Сантос. Тој е под договор до лето и би можел да се врати во Барса како слободен играч.
Нејмар, играјќи за Барселона, освои девет трофеи, од кои два во Ла Лига и еден во Лигата на шампионите. На 186 натпревари за Барса, тој постигна 105 голови и забележа 76 асистенции.