Спорт
Годишнина од смртта на Диего Марадона

Пред точно една година почина еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона. Иконата на аргентинскиот фудбал, почина од срцев удар на 60-годишна возраст.
Во кариерата настапувал за Аргентинос јуниорс, Бока јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја и Њуелс Олд Бојс.
Марадона има статус на божество во Неапол и Аргентина. Со Наполи ја освои Серија А, а Аргентина ја однесе до светската титула во 1986 година. Во историјата е запишан неговиот настап во четврт-финалето против Англија, кога постигна еден спектакуларен и еден гол кој е познат како „Божја рака“.
Кариерата му ја уништи употребата на наркотици.
Во чест на Марадона, стадионот на Наполи го носи името „Диего Армандо Марадона“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Американците во целост го презедоа Лидс јунајтед

Сопствениците на НФЛ клубот Сан Франциско Фортиенерс постигнаа договор за купување на целиот удел во англискиот фудбалски клуб Лидс, соопштија денеска од клубот.
Оваа групација, досега имаше 44 отсто учество во Лидс, кој на крајот од сезоната испадна во Чемпионшип.
„Двете страни продолжуваат да работат на деталите… Клубот останува целосно фокусиран на брзо враќање во Премиер лигата“, се вели во соопштението.
Според медиумите, на вредноста на договорот влијаело испаѓањето во втората лига па наместо 460 милиони евра, италијанскиот бизнисмен на чело на Лидс, Андреа Радрицани, од шродажбата добил 200 милиони евра.
Радрицани е на чело на Лидс од 2017 година, во неговиот мандат клубот по 16 години се врати во Премиер лигата (2020 година).
Спорт
Брахим Дијаз се врати во Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска го потврди дека Брахим Дијаз се врати во клубот. Младиот Шпанец изминатите три сезони играше на позајмица во Милан.
Реал потврди дека Дијаз ќе биде претставен во вторник на 13 јуни во 20:00 часот.
Реал во своето соопштение истакна дека Дијаз беше еден од клучните играчи на Милан во кампањата за скудетото минатата сезона, како и оваа сезона на патот до полуфиналето во Лигата на шампионите.
Тој пристигна во Реал во јануари 2019 година од Манчестер сити за 17 милиони евра. Откако не успеа да се наметне, прифати да оди на позајмица во Милано.
Шпанецот одигра 124 натпревари во дресот на Милан со учинок од 18 гола и 15 асистенции.
👊 #BrahimIsBack 👊 pic.twitter.com/ieZ9cAq3St
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 10, 2023
Спорт
Бањаја победи на спринтот во Муџело

Актуелниот светски шампион Франческо Бањаја триумфираше на спринт трка што се возеше како дел од Големата награда на Италија. Бања во Муџело ја забележа третата спринт победа од почетокот на сезоната.
На спринтот во Муџело доминираа возачите на Дукати, кои ги освоија првите пет позиции.
Бањаја победи со фабричкиот Дукати, пред пред Марко Бецеки од тимот на Валентино Роси (ВР46), трет беше Хорхе Мартин со Прамак Дукати.
Колегата на Мартин, Жоан Зарко го освои четвртот, а колегата на Бецеки, Лука Марини петтото место.
Зад оние кои возат Дукети се пласираа Џек Милер (КТМ) и Марк Маркез (Репсол Хонда).
Во текот на трката, возачот на КТМ, Бред Биндер, разви брзина од 366,1 км/ч, што е апсолутен рекорд.