Спорт
Кимих во изолација, се заразил со коронавирусот

Фудбалерот на Баерн Минхен, Јосуа Кимих, кој одбива да се вакцинира против коронавирусот е заразен со вирусот Ковид-19. Кимих не се наоѓа во карантин,поради што ќе пропушти неколку натпревари, меѓу кои се дербиот со Борусија Дортмунд и дуелот со Барселона во Лигата на шампионите.
Кимих, веќе беше во изолација за време на репрезентативната пауза, бидејќи бил во контакт со лице заразено со вирусот. На последните тестирања и тој бил позитивен.
Баерн, нема да му го плаќа Кимих, додека тој е во изолација. Фудбалерот поради својата одлука ќе остане без речиси 800.000 евра.
„Секако дека сум свесен за одговорноста што ја носам. Ги почитувам сите мерки, се тестирам на секои три дена. Сметам дека вакцинацијата треба да биде индивидуална одлука. Морам да потенцирам дека не сум антиваксер и не негирам дека Ковид-19 постои. Исто така не тврдам дека нема да се вакцинирам. Можно е да го сменам мислењето, но во овој момент јас не сум вакциниран“, изјави Кимих пред неколку недели.
Баерн потврди дека покрај Кимих позитивен тест добил и Ерик-Максим Чупо Мотинг.
Во тимот на Баерн покрај овие двајца не се вакцинирани Серж Гнабри, Џамал Мусиала и Макјл Казинс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.