Спорт
Ѓоковиќ ја однесе Србија на завршницата на Дејвис купот

Србија ја соовлада со 2:0 Шпанија и обезбеди пласман на завршниот турнир на Дејвис купот, по победите на Ласло Ѓере и неодамна крунисаниот шампион од САД опен, Новак Ѓоковиќ.
Ѓере го доби првиот меч со 6:4/6:4 против Алберт Рамос-Вињолас, по што Ѓоковиќ немаше проблеми со Алехандро Давидович Фокина, триумфирајќи со 6:3/6:4. Овој резултат значи дека од групата Ц на завршниот турнир се пласираат Србија и Чешка.
Најголем проблем на тенисерите беше жештината на салата во Валенсија, каде што беше над 30 степени, а во вториот сет, организаторите имаа и проблем со електричното напојување.
Четврт-финалните дуели од Дејвис купот се играат во ноември во Малага, Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Дончиќ се повреди – веднаш го напушти теренот

Словенечката кошаркарска репрезентација загуби од Латвија со 100:88 во подготвителен натпревар пред Евробаскетот.
Освен поразот, Словенија може да биде загрижена и за статусот на Лука Дончиќ, кој се повреди во третиот период.
За разлика од натпреварот против Литванија, овој пат Словенците играа со Лука Дончиќ, кој веќе во првото полувреме покажа каква движечка сила е за тимот на Александар Секулиќ.
Во првото полувреме, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс постигна 26 поени за 17 минути игра, заедно со четири скока, пет асистенции и две украдени топки.
Третата четвртина им донесе главоболки на Словенците, Дончиќ се повреди откако соиграчот Грегор Хроват падна врз неговото колено.
Ѕвездата на Лејкерс веднаш сигнализираше дека не може да ја продолжи играта, па го напушти теренот и се упати кон соблекувалната.
Подоцна, се врати на клупата, од каде што го следеше натпреварот до крајот.
Ова беше четвртиот пораз за Словенците во подготвките. Двапати загубија од Германија, а пред Латвија загубија и од Литванија.
Foto/ EPA/TOMS KALNINS
Luka Doncic’s teammate fell into him and the Lakers star appeared to injure his knee.
Doncic asked out of the game and went back to the Slovenia locker room. pic.twitter.com/RLSDjpeQkS
— ClutchPoints (@ClutchPoints) August 16, 2025
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ се прошетаа низ Вулверхемптон

Фудбалерите на Манчестер сити убедливо славеа на гостински терен кај Вулверхемптон (4:0), на почетокот од сезоната во Премиер лигата.
Ерлинг Халанд ја започна сезоната со два гола, а со по гол на официјален натпревар дебитираа Тижани Рејдерс и Рајан Шерки.
Сити ќе го пречека Тотенхем следната недела, додека Вулверхемптон ќе биде домаќин на Борнмут.
Премиер лига, 1. коло:
Сабота
Брајтон – Фулам 1:1 (0:0)
(О’Рајли 55п – Мунис 90+7)
Сандерленд – Вест Хем 3:0 (0:0)
(Маџенда 61, Балард 73, Исидор 90+2)
Тотенхем – Барнли 3:0 (1:0)
(Ришарлисон 10, 60, Џонсон 66)
Вулверхемптон – Манчестер Сити 0:4 (0:2)
(Халанд 34, 61, Рејндерс 37, Шерки 81)
Астон Вила – Њукасл 0:0
Недела
15.00 Челзи – Кристал Палас
15.00 Нотингем Форест – Брентфорд
17.30 Манчестер Јунајтед – Арсенал
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Можат ли да се помират со поразот?

Фудбалерите на Олимпик Марсеј вербално се судрија во соблекувалната по вчерашниот пораз од Рен (1:0) во 1. коло од Лига 1. Ветувачко лето, доаѓање на нови засилувања кои се доста гласни и преоден рок кој е повеќе или помалку по вкус на Роберт де Зерби. А потоа, со уште еден играч повеќе, губење на судиското продолжение на „Роасон Парк“ против Рен во првиот натпревар од Лига 1.
Нешто што никогаш не го очекуваа во Марсеј. Тоа доведе до тепачка во соблекувалната. Жешки глави кои решија да кажат што имаат без филтрирање. Тоа беа Адриен Рабио и Џонатан Роу.
Де Зерби, кој ги критикуваше играчите, исто така не седеше со скрстени раце, туку ги остави да се расправаат, вели „RMC“. Наводно, сакал да ги разјасни работите, да каже кој што мисли и да дојде до вистината. Роу беше критикуван дека не се трудел доволно, што не го мислел иако презел дел од вината.