Спорт
Голеада на „Бенито Виљамарин“ – Селта го победи Бетис со 4:3

Селта забележа важна победа во борбата за опстанок во Ла Лига. На „Бенито Виљамарин“ во Севилја, Селта во одличен натпревар го победи Бетис со 4:3.
Мечот го обележаа играчите на Селта Ларсен и Веига. Данецот постигна гол и забележа една аситенција, додека Веига беше двоен стрелец.
Ларсен во шестата минута го отвори резулатот. Бетис експресно одоговори и во наредните 17 минути направи пресврт. Хуанми во 10.минута израмни, а Каналес во 23. погоди за 2:1.
До 40.минута играчите на Бетис пропуштија неколку добри шанси, поради што казната ги стигна во 42.минута кога Веига израмни.
Истиот играч во 56.минута и ја врати предноста на Селта. од тој момент играчите од Виго започнаа да доминираат на теренот, а надмоќта ја крунисаа со прекрасниот гол на Аидо во 69.минута.
Неколу минути подцна Родригез од гол линијата спречи нов гол на Селта.
Абнер во 82.минута пропаши неверојатна шанса. Бразилецот од два метри ја испати топката крај голот. Две минути подцна Бетис доби пенал, кој во гол го претвори Фекир.
Длабоко во судиското надополнување на времето, во 95,минута Луис Енрике доби црвен картон. Играчот на Бетис го удри Јаго Аспас. Во финишот во 101 и 103.минута Бетис преку Гонзалес имаше две шанси но резултатот остана 3:4.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барди: Малта само мислеше како да се одбрани, ќе бидеме подобри со Украина и со Англија

„Десетката“ на Македонија, Енис Барди, смета дека нашиот национален тим сосема заслужено стигна до победа од 2:1 на вечерашниот меч против Малта во Скопје. Елмас и Чурлинов беа стрелци на головите.
„Заслужено победивме, постигнавме два гола, можевме и уште некој. Првиот чекор од овие квалификации беше успешен, очекувам да играме уште подобро против Украина и против Англија. Тешко е да се игра против Малта која само мисли како да се одбрани. Ќе бидеме уште подобри во иднина. Сакам да се заблагодарам и на навивачите за поддршката“, изјави Енис Барди.
Македонија на 27 март ја очекува и пријателски натпревар против Фарски Острови на арената „Тодор Проески“.
Спорт
Хари Кејн најдобар стрелец во историјата на Англија

Kапитенот на Англија, Хари Кејн, со 54 гола вечерва стана рекордер во историјата на фудбалска репрезентација на гордиот Албион, откако беше стрелец на натпреварот против Италија во Неапол, во квалификациите за ЕП 2024 година.
Англија ја победи Италија со 1:2 во првото коло од групата Ц, а Кејн за националниот тим го постигна 54. гол на 81 натпревар.
Фудбалерот на Тотенхем го собори рекордот што го делеше со Вејн Руни, кој постигна 53 гола на 120 натпревари за англиската селекција.
Кејн ќе може да го подобри својот рекорд веќе о недела, кога Англија во второто коло ја пречекува Украина на „Вембли“.
Спорт
Милевски: Ваквите мечеви со ривали како Малта се најопасни, важен е триумфот

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа од 2:1 над Малта го стартуваше новиот циклус квалификации за пласман на ЕП 2024. Елмас и Чурлинов беа стрелци на головите за нашиот национален тим, кој, сепак, не блескаше.
Селекторот Благоја Милевски доби црвен картон во завршницата од мечот.
„Добив црвен картон затоа што сум го напуштил просторот за водење на тимот крај клупата. За тоа се добива жолт картон, но ете јас поцрвенев. Сакам да им честитам на момците, за енергијата, за желбата и тактичката дисциплина што ја покажаа на овој натпревар. Ваквите мечеви со ривали како Малта се најопасни. Најважно е дека победивме, а од натпревар во натпревар сме сѐ подобри. За жал, имаме повреди. Ѓоко Зајков со итна помош е одведен во болница, а Адеми се повреди на последниот тренинг“, изјави селекторот Благоја Милевски.