Спорт
Голманот на Курасао пронајден мртов во хотелската соба

Голманот на фудбалската репрезентација на Курасао Жарзињо Питер (31) бил пронајден мртов во хотелската соба во Хаити.
Според првичните информации репрезентацијата на Курасао пристигнала на Хаити во неделата кога голманот се пожалил дека е болен. Бил на лекарски преглед, а потоа заминал во својата соба на спиење. Утрово бил пронајден мртов.
Причините за смртта не се познати.
Репрезентацијата на Курасао на Хаити треба да го одигра натпреварот од второто коло во Лигата на нации на КОНКАКАВ зоната. Првиот натпревар помеѓу овие две репрезентации се одигра во саботата и заврши со победа на Курасао 1-0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хаотична трка во Мелбурн – Норис победи пред Ферстапен и Расел

Возачот на Мекларен, Ландо Норис славеше на трката за ГН на Австралија, со која започна овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Британецот го постигна петтиот триумф во кариерата на патеката Алберт Парк, со девет десетинки предност пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул. На третото скалило на подиумот се најде возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој заостануваше седум и пол секунди.
Првата трка сезонава беше одбележана со променливи услови, бројни инциденти, одложен старт (Исак Хаџир се изврте и удри во заштитната ограда во загревачкиот круг) и три периоди на безбедносното возило.
Додека Норис беше победник на денот, најголем губитник беше неговиот тимски колега Оскар Пјастри, кој беше на пат кон подиумот кој направи грешка кога почна дождот.
Норис во Мелбурн ја забележа една од најважните победи во кариерата, по одличното возење во исклучително тешки услови. Во поголемиот дел од трката Пиастр беше тој што го притискаше, а таа улога во финишот ја презеде Ферстапен, но британскиот возач успеа да се справи со притисокот. На овој начин, тој му го донесе првиот триумф на Мекларен на отворањето на сезоната по 2012 година, кога Џенсон Батон славеше на Алберт Парк.
Одлична трка имаше и Ферстапен, во моментите кога дождот пристигнуваше во финишот, неговите ривали погрешија, а тој остана присебен и со тоа имаше можност да се бори за триумф. Расел возеше прилично осамена трка, но благодарение на грешката на Пјастри, стигна до место на подиумот, пред тимскиот колега на Андреа Кими Антонели и возачот на Вилијамс, Алекс Албон.
Младиот Италијанец дефинитивно е еден од хероите на денот, бидејќи стартуваше од 16.местово еден момент се изврте на патеката, а беше и казнет поради небезбедниот пит-стоп, со што се најде на петтото место, иако целта ја мина како четврти. Сепак, по трката, таа казна беше поништена, што значи дека Антонели своето деби го заврши на четвртото место.
Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон трката ја завршија на осмото односно десеттото место. Меѓу нив се пласира Пјастри.
Спорт
Дрејпер го победи Алкараз: Цела недела го анализирав, знаев дека можам да го победам

Британскиот тенисер Џејк Дрејпер го победи Карлос Алкараз и се пласира во финалето на првиот Мастерс во сезоната, Индијан Велс.
Џек Дрејпер го совлада фаворизираниот шпански тенисер со 6:1, 0:6, 6:4. Од понеделник ќе биде рангиран меѓу 10. најдобри во светот.
„Играм тенис со левата рака, но јас сум деснак. Тоа е голем плус за мене, бидејќи постојано ги подобрувам моите удари, особено мојот форхенд и сервисот. Мојот бекхенд отсекогаш бил подобар, можев да го играм со затворени очи, но сега станувам подобар и со другата страна. Затоа немам проблем кога со форхенд дијагонали го напаѓаат мојот бекхенд. За останатите тоа слабост, но за мене тоа е предност“, изјави Дрејпер.
Алкарас откри дека го загубил полуфиналето бидејќи не ги контролирал добро емоции, а Дрејпер откри дека му помага кога има трема, бидејќи тоа подобро го мотивира.
„Исто така, имав сомнежи за тоа што ќе се случи на овој меч. На ова ниво, секогаш се плашам дека ќе загубам од толку добри ривали. Цела недела гледав дека Карлос игра добро, но бев сигурен дека можам да му направам проблеми. Сигурен сум дека многу тенисери излегуваат да играат против него без надеж дека можат да победат. Во такви ситуации, вербата во себе е многу важна“, рече Дрејпер.
Дрејпер во првото мастерс финале за противник ќе го има Данецот Холгер Руне.
Jack Draper’s reaction after beating Alcaraz at Indian Wells
He closes his eyes & puts his face towards the sky
He started 2025 coming off an injury
Now, he’s into the biggest final of his life & just had the biggest win of his life
Soak it in 🥹
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) March 16, 2025
Спорт
(Видео) Денвер Нагетс загубија од најлошиот тим во НБА лигата

Кошаркарите на Денвер Нагетс доживеаја шокантен пораз на домашен терен од најлошиот тим во лигата, Вашингтон Визардс 123:126. Ова е втор пораз на Денвер од Вашингтон оваа сезона.
Нагетс не играат добро оваа сезона и тоа е јасно. Премногу осцилираат, па им се случува да губат и кога Никола Јокиќ ќе постигне 40 поени. Србинот имаше и 13 скокови и девет асистенции. Џамал Мареј уфрли 24, а Расел Вестбрук 22 поени со кои ја префрли границата од 26.000 поени во кариерата. Стана 26.кошаркар во историјата со ваков учинок.
Деневер го уништи Џордан Пул, во завршната фаза од натпреварот. Постигна 19 поени, но три тројки во финишот, меѓу кои и оваа за триумф на Визрдс. Најефикасен кај победникот беше Сар со 34 поени.
Резултати:
Бруклин – Бостон 113:115
/Џонсон 23 – Порзингис 24/
Детроит – Оклахома 107:113
/Харис 18 – Гилџес-Александар 48/
Милвоки – Индијана 126:119
/Антетокунбо 34 – Нејсмит 30/
Мемфис – Мајами 125:91
/Џексон Јуниор 31 – Вер 19/
Хјустон – Чикаго 117:114
/Грин 28 – Вајт 23/
Голден Стејт – Њујорк 97:94
/Кари 28 – Таунс 32/
Сан Антонио – Њу Орлеанс 119:115
/Васел 22 – Мекалум 26/