Спорт
Голманот на „топчиите“ го гаѓале со монети, си отишол дома со 17 фунти

Арон Ремсдејл – голманот на премиерлигашот Арсенал се врати од гостувањето кај Лидс Јунајтед со 3 бода, но и со 17 фунти (околу 1.250 денари). Тој во подкаст на клубот како станал „побогат“ при гостувањето во Јоркшир.
„По првиот гол, почнаа од трибините да ме гаѓаат со шишиња, запалки и слични работи. Следно што знам е дкеа кон мене полетаа монети. Некаде половина, некаде цела фунта, па и две. Некои ги собрав и ги ставив во пешкирот. Кога судијата свирна крај на првото полувреме ги однесов во соблекувална, сум собрал 17 фунти“ раскажа Ремсдејл.
Тој раскажа кои се начините на кои фановите се обидуваат да му попречат и како тој се бори со сето тоа.
„Често додека се загреваме не дефокусираат, а јас само си потпевнувам божиќна песна. Еден навивач сакаше да ме збуни, па имитираше куче, но јас останав смирен“ раскажа чуварот на мрежата на Арсенал.
Aaron Ramsdale on abuse from Leeds fans: “After the first [goal], there was bottles, lighters – next thing you know, money started coming! I collect £2s so I took that! I’m picking them up & put them by my towel. There was about £17 I pulled off the pitch!” [Fozcast YouTube] #afc pic.twitter.com/xyRQ1wkFBj
— afcstuff (@afcstuff) December 30, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Иџе овој викенд во Хрватска ќе одбележи голем јубилеј – 200-та трка во својата кариера

Игор Стефановски – Иџе, најтрофејниот македонски автомобилист, овој викенд во Хрватска ќе одбележи голем јубилеј – 200-та трка во својата кариера.
На патеката во Бузет ќе се вози последната трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC) за 2025 година, каде Иџе ќе настапи со својот Ферари 488 B8, автомобил специјално подготвен за овие патеки. На оваа трка се пријавени дури 241 возач, а Стефановски ќе настапи со бројот 32.
Годинава, во генералниот пласман од првата група на шампионатот, Иџе се наоѓа на втората позиција, а само за потсетување, тој веќе е носител на европската титула во ова натпреварување, во група 1.
„Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат и во овој шампионат. Благодарност до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори и до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка. Оваа трка е посебна, затоа што со неа одбележувам 200 настапи во кариерата – предизвик кој ме мотивира уште повеќе“, изјави Стефановски.
Иџе ја започна својата кариера во 2001 година на патеките во Скопје, а повеќе од две децении подоцна зад себе има богато искуство, титули и победи што го вбројуваат меѓу најдобрите европски возачи на ридски патеки. Во изминатите 199 трки има 83 победи и 122 подиуми.
фото: фејсбук
Спорт
Резултатите се историски лоши, а приходите рекордни

И покрај катастрофалните резултати во последните години, фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед финансиски, бележи нови рекордни бројки.
Манчестер јунајтед оствари рекорден финансиски приход од 666,5 милиони фунти претходната година, иако тимот заврши на 15-то место во лигата, што е најлошиот пласман на „Ѓаволите“ во елитното англиско првенство од сезоната 1973/1974.
Почетокот на нивниот петгодишен договор за спонзорство на предниот дел од дресот со „Снапдрагон“ му овозможи на клубот од „Олд Трафорд“ да постигне рекордни комерцијални приходи од 333,3 милиони фунти, додека приходите од натпреварите беа исто така рекордни од 160,3 милиони фунти за годината што завршува на 30 јуни 2025 година.
„Имањето вакви деловни резултати и приходи во толку предизвикувачка година за клубот само ја покажува решителноста и одлучноста што е белег на Манчестер јунајтед“, рече извршниот директор на клубот, Омар Берада.
„Со тековната сезона во полн ек, сите работиме напорно за да ги направиме овие резултати уште подобри во сите сегменти на клубот“, додаде Берада.
Берада не сакаше да коментира за лошиот почеток на сезоната на Јунајтед, но нагласува дека Јунајтед е фокусиран на долгорочни резултати.
Вкупната загуба на Јунајтед од 33 милиони фунти претставува намалување од 70,8% во однос на претходната година, кога бројката изнесуваше 113,2 милиони фунти.
Клубот вели дека „останува посветен на својата работа во минатото и се придржува до Правилата за профит и одржливост на Премиер лигата и Правилата за финансиски фер-плеј на УЕФА“.
Во јануари, ревизорската фирма „Делоит“ го рангираше Јунајтед како четврти клуб со најголема заработка во светскиот фудбал врз основа на заработката на клубот од 651 милион фунти од претходната година.
Реал Мадрид (883 милиони фунти) беше на првото место, по што следуваа Манчестер сити (708 милиони фунти) и Пари Сен Жермен (681 милион фунти).
Спорт
Италијанскиот Суперкуп во декември во Ријад

Италијанскиот Суперкуп ќе се одржи од 18 до 22 декември во Ријад, објавија официјалните лица на италијанската Серија А.
Од 2023 година, италијанскиот Суперкуп го играат четири клуба: актуелниот шампион и вицешампион на Серија А, како и победникот и финалистот на италијанскиот Куп.
Оваа година, Наполи (шампион на Италија), Интер (вицешампион), Болоња (победник на италијанскиот Куп) и Милан (финалист на италијанскиот Куп) ќе учествуваат во Суперкупот.
Последните четири изданија на италијанскиот Суперкуп ги освоија клубовите од Милано. Интер го освои трофејот во периодот од 2021 до 2023 година, додека минатата сезона титулата му припадна на Милан.
Наполи и Милан ќе се сретнат во првото полуфинале на италијанскиот Суперкуп на 18 декември, додека натпреварот помеѓу Болоња и Интер е на програмата еден ден подоцна.
Финалето е закажано за 22 декември.
Фото/ Принтскрин