Спорт
(Видео) Гори Белград – Црвена Звезда слави роденден!
Навивачите веќе подолго време не се на трибините, но приврзаниците на белградска Црвена Звезда редовно им покажуваат на фудбалерите дека се тука, со нив.
Популарните „Делии“ по повод 76-тиот роденден на клубот низ цел Белград поставија димни бомби со бојата на клубот.
Црвена Звезда својот 76-ти роденден го дочека како шампион на Србија во фудбал и во кошарка, но и европски тим во двата споменати спорта.
Еве како изгледаше тоа:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бамба пред заминување од Хајдук: Белорускиот шампион нуди поголема плата
Абдулие Санјанг, познат како Бамба (26), десното крило на Хајдук, е блиску до заминување од „Пољуд“. Хајдук добил понуда од нешто помалку од 500.000 евра за негов трансфер, а таа пристигнала од Витебск, актуелниот шампион на Белорусија.
Како што пишува „Далматински портал“, Белорусите на Хајдук му нудат и дополнителни бонуси, како и 10 отсто од евентуалната идна продажба на играчот. Според „Трансфермаркт“, пазарната вредност на Бамба се проценува на 1,5 милиони евра.
Хајдук нема ништо против заминувањето на Бамба. Фудбалерот од Гамбија има договор со клубот до летото следната година, но е заинтересиран за трансфер во Витебск, бидејќи таму му се нуди тригодишен договор и повисока плата од онаа што моментално ја заработува во Сплит. Белорускиот клуб му дал рок од два дена на Хајдук да се изјасни за понудата.
Бамба во Хајдук пристигна во летото 2024 година од Гренобл за отштета од 600.000 евра. За сплитскиот клуб одигра 47 натпревари, постигна шест голови и запиша пет асистенции. Оваа сезона настапи на 20 натпревари, со учинок од три гола и три асистенции, но само на девет натпревари беше во почетниот состав.
За репрезентацијата на Гамбија има одиграно 22 натпревари.
Спорт
За паркинг ќе се плаќа и по 300 долари на Светското првенство во Лос Анџелес
ФИФА повторно е на удар на критики поради цените за паркинг на натпреварите од Светското првенство 2026 во Лос Анџелес. Според извештаите, паркинг пропусници за натпревари на Софи стадионот се продаваат по цена од 250 до 300 долари по место, иако се наоѓаат повеќе од една милја (околу 1,6 километри) оддалеченост од стадионот, објави утрово „Дејли мејл“.
Навивачите се лути бидејќи цената за паркинг е повисока од билетите за некои натпревари од групната фаза.
„Паркинг цените се одредуваат врз основа на локалните пазарни услови и споредба со други големи настани,“ изјавија од ФИФА за „Атлетико“.
Стадионот во Лос Анџелес ќе биде домаќин на осум натпревари, вклучувајќи го и отворањето на репрезентацијата на САД и една четвртфинална средба. Светското првенство ќе почне на 11 јуни.
Фото: Депозитфотос
Спорт
Поранешниот британски ас советува: Ѓоковиќ да го прескокне Ролан Гарос и да се фокусира на Вимблдон
Поранешниот британски тениски број еден Грег Руседски смета дека Новак Ѓоковиќ треба да го прескокне Ролан Гарос и целосно да се фокусира на Вимблдон.
Руседски е уверен дека Ѓоковиќ треба добро да се подготви за Вимблдон, каде традиционално игра многу добро и каде има сериозна шанса да стигне до својата 25. Гренд слем титула.
„Мислам дека Новак треба да размисли да го прескокне Ролан Гарос и да се фокусира на Вимблдон. Навивачите на Новак, имаaт надеж. Замислете да игра вака добро на Вимблдон. Имам чувство дека Ролан Гарос е надвор од неговиот дофат поради физичката игра“, изјави Руседски и додаде:
„Сега има три недели меѓу Ролан Гарос и Вимблдон. Порано беа две. Всушност, би можел да одигра два турнира, да направи пауза од една недела и потоа да настапи на Вимблдон. Ќе биде интересно да се види што ќе одлучи.“
Ѓоковиќ минатата недела стигна до финалето на Австралијан опен.
„Какви две недели беа ова. Го победи Синер, но не успеа да ги победи двајцата по ред. На Гренд слем турнирите секојдневно покажува дека може да победи еден од тие двајца момци. Проблемот е да ги победи еден по друг и тоа сè уште е енигма. Тоа е тешко да се реши“, истакна Руседски.
Во меѓувреме, Новак Ѓоковиќ се врати во Топ 3 на АТП-листата.

