Спорт
Госенс: Ја продолжувам германската традиција со Интер

Робин Госенс откри дека го избрал бројот 18 на дресот во Интер, праќајќи им порака на навивачите на Аталанта, пред да објасни дека сакал да ја продолжи „традицијата на германски успех“ со клубот од „Сан Сиро“.
Госенс пристигнува од Аталанта на првична позајмица со обврска за купување за 25 милиони евра, што ќе биде огромен профит за Аталанта, кои платија нешто над милион евра за неговиот трансфер од холандскиот Хераклес Алмело во 2017 година.
„Поминаа повеќе од четири години откако пристигнав во Аталанта како непознат млад фудбалер. Овој клуб ми даде шанса да играм во Серија А и самодоверба да пораснам како фудбалер и како човек. Од првата минута, го дадов максимумот за дресот и Бергамо секогаш ќе биде посебен град за мене и моето семејство. Имав фантастични искуства, најдов пријатели за цел живот и мојот син се роди тука. Благодарност за сите фанови за поддршка, на колегите и на клубот кој ми даде шансас да играм во оваа лига. Но, во фудбалот доаѓаат прилики еднаш во животот“, напиша Госенс на Инстаграм.
Во подоцнежното интервју за телевизијата на Интер, тој откри што го мотивирало да ја прифати понудата, како деветти Германец во клубот по легендите како Андреас Бреме, Лотар Матеус и Јирген Клинсман.
„Горд сум што пристигнувам во еден од најголемите клубови во Европа. Германските шампиони ја напишаа историјата на овој клуб и сакам да продолжам да ја пишувам таа историја. Дојдов со големи амбиции и сакам да ја продолжам традицијата на Германци кои играат добро во Интер“, објасни Госенс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хоџсон побара да зборувам со Варди за неговата сопруга, открива Вејн Руни

Британските таблоиди последните денови се опседнати со таканаречениот случај „Wagatha Christie“, односно судскиот спор помеѓу Колин Руни, сопругата на Вејн Руни и Ребека Варди, сопругата на Џејми Варди, а посебно интересно беше сведочењето на легендарниот англиски напаѓач Руни.
Тој денеска пред судот тврдеше дека тогашниот англиски селектор Рој Хоџсон побарал од него а зборува со Варди за да му порача сопругата Ребека да се „смири“ за време на Европското првенство во Франција во 2016 година.
„Тука сум под заклетва. 100 отсто зборував со господинот Варди. Ако тој сакаше да го пренесе тоа до неговата сопруга, тоа е негова работа. Рој Хоџсон и неговиот помошник, Гери Невил побараа од мене како капитен да зборувам за тоа, иако беше незгодна ситуација. Барањето беше да не се прават проблеми на теренот кои не се потребни“, вели Руни, кој беше капитен на таа репрезентација.
Спорот го води сопругата на Варди, Ребека, поради нарушувањето на угледот од страна на Колин Руни. Проблемите меѓу двете сопруги на фудбалери почнаа откако Колин Руни ја обвини Ребека Варди дека давала информации на англиските медиуми за нејзиниот приватен живот.
Спорт
Оспина доаѓа меѓу „кралевите“?

Реал Мадрид најверојатно ќе има нов втор голман за следната сезона, пишува „Марка“. Причината е тоа што Андриј Лунин сака поголема минутажа и подготвен е да замине во друг клуб, со оглед на фактот дека речиси и да не добива шанса за настап крај Тибо Куртоа.
Реал ќе мора да бара нов голман за следата сезона, а тренерот Карло Анчелоти ќе се насочи кон Давид Оспина од Наполи. 33-годишниот чувар на мрежата оваа сезона имаше 33 настапи, но договорот му истекува и се очекува летово да го напушти тимот од Неапол како слободен играч.
Оспина веќе соработуваше со Анчелоти токму во Наполи и би се согласил да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, разбирајќи и дека тој треба да биде „силна“ резерва на Куртоа.
Спорт
Меси ќе стане делумен газда на Интер Мајами и ќе се пресели во Америка?

Иднината на седумкратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси повторно е предмет на шпекулации во аргентинските медиуми, кои тврдат дека Аргентинецот ќе купи 35 отсто од акциите во МЛС клубот Интер Мајами, каде што делумен сопственик е Дејвид Бекам и ќе се приклучи како фудбалер во 2023 година.
Според „ДиректТВ“, Меси, кој минатото лето како слободен агент си замина од Барселона за да потпише договор со Пари Сен-Жермен, ќе го исполни договорот со францускиот клуб обидувајќи се да стигне до петта титула од Лигата на шампионите и да биде во топ-форма пред СП во Катар, по што ќе се пресели во САД. Интер Мајами во моментов е сопственост на легендата на Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам и браќата Хорхе и Хозе Мас.
Меси повеќе пати изјавуваше дека би сакал да се пресели во САД, каде што би се школувале неговите синови.
„Секогаш имав сон да уживам во искуството на живот во САД, да видам каква е лигата таму“, изјави тој во 2019 откако наводно купи луксузен апартман во Мајами.
💣💣 BOMBA DE @Alex_candal 💣💣
🗣️ "Messi va a adquirir el 35% de las acciones de Inter de Miami y en el verano de 2023 se incorporará al equipo" pic.twitter.com/GtLbjtF0P5
— Futbol Total DIRECTV (@DTVTotal) May 16, 2022