Спорт
Grazie „Il Dottore“ – Валентино Роси ја извозе својата последна Мото ГП трка

Со шампионатот веќе одлучен (трофејот оди кај Фабио Квартараро), последната трка од Мото ГП сезоната 2021 година, секако беше во знак на Валентино Роси, најголемата ѕвезда која ја произведе овој спорт, кој ја извозе својата последна, 432. трка во блескавата кариера.
Резултатот, секако, не беше важен, бидејќи „Докторот“ одамна не е во конкуренција за победи и титули, но тоа не ги спречи навивачите на патеката „Рикардо Тормо“ во Валенсија, да приредат неверојатна атмосфера и прописно збогување со Италијанецот. Посебен гостин беше неговиот идол, бразилската фудбалска легенда Роналдо, пораки пратија сите Ф1 возачи, и се беше подготвено за емотивно попладне.
Можеби најприкладно, победата во Валенсија ја забележа Франческо „Пеко“ Бањаја, асот на Дукати, кој кариерата ја почна во академијата на Роси, а титулата отиде кај Фабио Квартараро, Французинот кој призна дека станал тркач откако го гледал „Докторот“ како се бори на патеката. Роси, последната трка ја заврши на 10. место.
Grazie Vale#ValentinoRossi pic.twitter.com/CHBr713Eor
— ~ (@FrancescaKikka4) November 14, 2021
42-годишниот тркач од Урбино, со славниот број 46 на својот мотоцикл, е деветкратен шампион, од кои седум ги освои во елитната класа, во кариера која трае повеќе од 20 години.
Откако се пресели во елитната класас во 2000, Роси ја освои 500сс титулата со Хонда во 2001 година, како последен возач на „сателитски“ тим со титула. Потоа во 2002 и 2003 година, тој ја освои титулата со фабричката Хонда, пред да направи неверојатен потег – го напушти доминантниот тим на Хонда, и се пресели кај лутите ривали, Јамаха.
Успехот продолжи – во 2004 и 2005 година тој ги освои титулите со Јамаха, пред во 2006 да ја загуби титулата со пад во последната трка. Во 2007 тој заврши како трет во генерален пласман, пред да додаде уште две титули во 2008 и 2009 година. По 2010, во која скрши нога, Роси направи уште еден ризичен потег во кариерата – се пресели во Дукати, каде што го замени Кејси Стонер. Меѓутоа сезоните 2011 и 2012 беа можеби најлоши во неговата кариера, и тој се врати во Јамаха во 2013.
Тој трипати едноподруго беше втор во генерален пласман во 2014, 2015 и 2016 година. Во 2015 година водеше во генерален пласман во поголемиот дел од сезоната, која имаше контроверзен крај, кога го „шутна“ Марк Маркез и беше казнет на последната трка, за титулата да ја освои Хорхе Лоренцо. Во 2017 година, тој последен пат победи на Холандското ТТ на 38 години, и тоа беше последната сезона во која освои над 200 поени.
+15, Grazie vale ?@ValeYellow46 #GrazieVale #ValentinoRossi #ValenciaGP @MotoGP pic.twitter.com/yhSWZsmsd1
— cele? (@cobaltammm) November 14, 2021
For the victories, for the rivalries, for the inspiration, for the laughs, for the celebrations, for the showbiz…
Thank you @ValeYellow46 ?#GrazieVale #ValenciaGP ? pic.twitter.com/Wxl23g4U6S
— MotoGP™? (@MotoGP) November 14, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов.
Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец.
Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна.
Долго време неговото име се поврзува со Арсенал, и не е тајна дека преселбата во лондонскиот клуб е негова голема желба, сега наводно сите услови се веќе договорени.
Со доаѓањето на Андреа Берта како спортски директор на „Топџиите“, доведувањето на Ѓекереш беше поставено како еден од приоритетите на клубот.
Се шпекулира дека фиксниот дел од трансферот ќе изнесува 65 милиони евра, а уште 15 милиони Спортинг ќе може да заработи преку бонусите.
Спорт
Пјастри: Нема да зборувам многу, би можел да се најдам во неволја

Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката.
Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои раце – водечка позиција, контрола на трката. Но, една кардинална грешка и казна од 10 секунди практично го чинеше победа, па наместо да се оддалечи од тимскиот колега за уште осум поени и да стигне до разлика од 23 бода, ситуацијата се сврте – Норис ја намали разликата на само осум поени на половина од сезоната.
Самиот Пјастри не е задоволен од казната, смета дека е неправедна. Кога отиде да ја одработи казната и дојде до предавање на позицијата на Норис, побара од тимот да му наложат на Норис да ја врати позицијата и да се тркаат, но Мекларен тоа го одби.
„Нема да зборувам многу, за да не западнам во неволја. Но изгледа дека повеќе не смее да се кочи зад безбедносното возило – изјави Пјастри.
Фото: ЕПА
Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL