Спорт
Греневелд: Сите му советуваа на Федерер да нема врска со Мирка
Поранешниот главен тренер на Швајцарската тениска федерација, Свен Греневелд, вели дека многу блиски луѓе на Роџер Федерер му советувале да не се обидува да има врска со Мирка Вавринец по запознавањето на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година.
Федерер и Вавринец, кои сега се во брак и имаат четири деца, се сретнаа додека двајцата играа за Швајцарија на Олимпијадата и додека Вавринец беше активна на ВТА-турнејата.
„Тој ги праша сите дали да излезе со неа и сите му кажаа да не го прави тоа. Но, на крајот, за среќа, тој не ги послуша и тоа беше најдобрата одлука во неговиот живот“, вели Греневелд.
Мирка се пензионира од тенисот во 2002 година поради постојана повреда на стапалото, а во кариерата влезе во топ-100. Двајцата играа заедно за Швајцарија во Хопман-купот во 2002 година.
Холанѓанецот Греневелд исто така зборуваше за неславниот конфликт меѓу Федерер и Стен Вавринка во нивниот дуел на полуфиналето на АТП-финалето во 2014 година објаснувајќи дека порано имало поголема тензија кај швајцарските тенисери, која сега успеал да ја намали капитенот на Дејвис-купот, Северин Лути.
„Имаше доста проблеми и навистина не ми се верува дека успеаја да ги надминат. Стен на крајот се смееше за конфликтот“, вели Греневелд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

