Спорт
Грожан им се заблагодари на луѓето што му го спасија животот
Возачот на Хас Ф1, Роман Грожан, им се заблагодари на маршалите, пожарникарите и на медицинскиот тим, кои вчера му го спасија животот по страшниот инцидент на трката во Бахреин, каде што неговиот болид остана во две парчиња, но, за среќа, тој помина само со мали изгореници на рацете.
Еден од клучните луѓе на патеката беше Алан ван дер Мерве, јужноафриканскиот возач на медицинскиот Мерцедес, кој без страв влезе во огнот и го изнесе Французинот од болидот.
„Никогаш не сум видел толку оган. Роман излезе од болидот сам, што беше зачудувачки, по што јас само му помогнав“, изјави кусо Ван дер Мерве, кој го вози медицинското возило од 2009 година.
Секако, голема важност има таканаречениот ореол (halo) уредот над главата на возачот, без кој Грожан ќе добиеше сериозни, најверојатно, фатални повреди.
„Здраво, Роман тука. Би сакал да се заблагодарам од дното на срцето на посветеноста, работата и иницијативата што ја покажавте вчера. Ми помогнавте да излезам од тој голем оган и да останам жив. Ви благодарам многу! Секогаш ќе бидам благодарен што бевте тука за мене“, вели Грожан во видеото.
Marshals, medics, firefighters ?
Thank you for your bravery.? x @bahrainmmc #HaasF1 pic.twitter.com/77QZivm7n6
— Haas F1 Team (@HaasF1Team) November 30, 2020
Thank you to Medical Car driver Alan van der Merwe, the circuit medical team and marshals for their quick thinking and actions in getting to Romain so soon after the accident ? pic.twitter.com/hkUChcweeq
— Haas F1 Team (@HaasF1Team) November 29, 2020
32 seconds Grosjean has stayed into the fire.
32 seconds. pic.twitter.com/bgnLGOqFvN
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) November 29, 2020
F1 driver Romain Grosjean was able to escape after being involved in a massive crash at the Bahrain Grand Prix that engulfed his car in flames.
(via @F1) pic.twitter.com/vAl0X4BqG1
— ESPN (@espn) November 29, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Априлија по секоја цена го сака Пеко Бањаја
Генералниот директор на Априлија Рејсинг, Масимо Ривола, вложува сериозни напори да го убеди двократниот светски шампион Франческо Бањаја да му се приклучи на тимот од Ноала, заедно со Марко Бецеки, од следната сезона.
Приказната е реална, ако се знае дека во наредните денови, Дукати ќе го обнови договорот со Марк Маркез до 2028 година, што ќе отвори можност за ангажман на Педро Акоста во истиот период. Ова би значело дека Бањаја ќе биде без место во фабричкиот Дукати почнувајќи од следната сезона.
Се шпекулира дека Бањаја почнал да истражува алтернативни опции. Преку својот менаџер, Џанлука Фалкони, двократниот шампион во Мото ГП е во дискретни разговори со потенцијални кандидати.
Една од првите понуди дојде од Априлија. Бањаја првично го отфрли „вечниот ривал“, бидејќи поголемиот дел од својата кариера го помина во Дукати, па започнал да „флертува“ со Јапонеците.
Сепак, Хонда не е реална опција, бидејќи јапонскиот гигант ќе инвестира значително во Фабио Квартараро, а во исто време ќе бара млад возач, кој ќе го пополни второ место.
Ова ја остави Јамаха како фаворит во преговорите и до неодамна сите знаци укажуваа на тоа дека фабричкиот тим од Ивата ќе ги донесе двајца шампиони во Мото ГП, пред повторното враќање на Маркез на шампионскиот трон: Хорхе Мартин и Бањаја за 2027 и 2028 година.
Иако Јамаха останува приоритет за Бањаја, „Мотоспорт“, објави дека од Априлија доставила нова и подобра понуда, поткрепена со убедлив напор од Ривола.
Априлија, дел од групацијата Пијаџо, има значително помал буџет за трки од Јамаха, но заминувањето на Хорхе Мартин, кој ќе се приклучи на фабричкиот тим на Јамаха на крајот од сезоната, ќе ослободи околу 4 милиони евра во буџетот за плати.
Дел од овие средства се веќе наменети за новиот договор на Марко Бецеки, но се верува дека околу 3 милиони евра се достапни како почетна точка во преговорите со Бањаја.
За Априлија, повторното обединување на двајцата актуелни водечки италијански возачи, Бецеки и Бањаја, би било сценарио од соништата. Фактот дека двајцата се пријатели и членови на академијата Валентино Роси додава емотивен елемент на понудата што Ривола му ја доставил на Бањаја.
Foto/ depositphoto
Спорт
Ди Канио: Ние во Италија мислиме дека сме феноменални, а примаме шест гола од ПСВ
Паоло Ди Канио остро ја критикуваше состојбата на италијанскиот фудбал откако клубовите од Серија А забележаа три порази во три натпревари од Лигата на шампионите. Ди Канио особено го налути споредбата на Дониел Мален со легендарниот Џанлука Вијали.
Поранешната ѕвезда на Вест Хем и Лацио не ги штедеше зборовите во среда навечер по поразите на Јувентус, Аталанта и Интер во првите натпревари од нокаут фазата на Лигата на шампионите, пишува „Фудбал Италија“.
„Да не зборуваме за Премиер лигата, тие се на друго ниво. Ние во Италија имаме перцепција дека сме феноменални. А потоа одиме на гости кај ПСВ и примаме шест гола“, изјави Ди Канио за „Скај Спорт Италија“.
„Оваа сезона, многумина мислеа дека Наполи ќе стигне којзнае колку далеку во Лигата на шампионите, а потоа примија шест гола од тим како ПСВ, кој им однесе три бода, а во преостанатите седум натпревари, освои уште пет. Интер прими пет гола од ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите, а можеше да прими десет.“
Ди Канио се осврна и на изјавата на тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, кој рече дека видел „сличности“ помеѓу Вијали и Мален.
„Тој (Мален) има 27 години и никој никогаш никој не му обрнал внимание. Во Астон Вила, тој беше замена за Роџерс и Воткинс, кои се подобри од него“, рече Ди Канио.
„Тој доаѓа тука, постигнува пет гола на пет натпревари, а ние го вовлекуваме Вијали во тоа? Мој постар брате, ти праќам бакнеж во рајот, жал ми е што воопшто те спомнаа.“
„Слушнав дека е тешко да се игра во Пиза. Како е тоа можно? Пиза постигна два гола на 12 домашни натпревари. Ако играте во Пиза со заврзани очи, ќе ремизиравте 0:0“, продолжи Ди Канио.
„Постои приказна дека италијанските играчи би можеле да играат за Манчестер Сити. Кој од нив? Никој во Европа не довел италијански играчи 15 години, што значи дека тие не се сметаат за доволно добри за тоа ниво.“
Спорт
Синер: Во пад сум, знам како да се вратам
Јаник Синер, минатата година ги освои Пекинг, Ријад, Виена, Париз и Торино, но не успеа годината да ја заврши на првото место на АТП листата. Италијанецот, од почетокот на годината нема ниту една титула. Испадна во полуфиналето на Австралија Опен од Новак Ѓоковиќ, а вчера сензационално загуби од Јакуб Меншик во четвртфиналето на турнирот од серијата 500 во Доха.
„По две фантастични години, сега сум во мал пад, но тоа не е нешто што ме загрижува“, истакна Синер за „Убитенис“, по поразот од Меншик со 7:6, 2:6, 6:3.
„Знам како да се извлечам. Знам дека можам да играм подобро, но Јакуб беше одличен и сервираше одлично. Секогаш има подеми и падови во тенисот, па ќе се обидам да ја подобрам мојата форма веќе во Индијан Велс. И претходно сум поминал низ кризи и секогаш знаев како да се вратам“.
Ова е прв пораз на Синнер во меч одигран до крај (без да предаде поради повреда) на тврди подлоги против играч надвор од првите десет, уште од 2023 година во Шангај против Бен Шелтон.
„Немам никакви проблеми, едноставно, играше одлично. Сервираше фантастично. Имав две или три погрешни одлуки, но се случува. Клучот за поразот е мојот лош почеток на третиот сет“, истакна Италијанецот.
„Не е ништо драматично, само изгубив неколку мелеви. Се надевам дека ќе биде подобро во Индијан Велс, иако таму секогаш имам некои проблеми. Од друга страна, Мајами ми одговара повеќе“, рече Синер и ја откри главната цел за оваа година.
„Сакам да го освојам Ролан Гарос, но има уште многу време дотогаш“.
Foto/ depositphotos

