Спорт
ГРУПА Ц: Македонија по историски успех, Холанѓаните, сепак, фаворити
МАКЕДОНИЈА
Македонската фудбалска репрезентација го направи тоа што многумина го сметаа за невозможно – се пласираше првпат во историјата на едно големо натпреварување. Големото срце, пожртвуваноста на теренот и водството на селекторот Игор Ангеловски ги направија миленици на македонската јавност, која сега очекува достојно претставување на националниот дрес.
Конкуренцијата е силна, но Македонија конечно покажа дека може да се носи со секаков противник (поздрав до германската репрезентација) и дека ништо не е невозможно. Напред момци!
Голмани: Димитриевски (Рајо Валјекано), Шишковски (Докса), Јанков (Работнички)
Одбрана: Ристовски (Динамо Загреб), Муслиу (Фехервар), Бејтулаи (Шкендија), Ристевски (Упешт), Зајков (Шарлроа), Велковски (Ријека), Алиоски (Лидс)
Среден ред: Адеми (Динамо Загреб), Барди (Леванте), Спировски (АЕК Ларнака), Николов (Лече), Костадинов (Ружемберок), Хасани (Партизани), Елмас (Наполи), Аврамовски (Кајсериспор), Чурлинов (Штутгарт), Радески (Академија Пандев).
Напад: Пандев (Џенова), Трајковски (Мајорка), Тричковски (АЕК Ларнака), Стојановски (Шамбли), Велковски (Сараево), Ристовски (Спартак Трнава).
ХОЛАНДИЈА
Холанѓаните се враќаат на големите натпреварувања откако двапати во низа не успеаја да се квалификуваат, но тоа не ја намалува нивната фудбалска вредност и позицијата на најголеми фаворити во нашата група.
Во одбраната секако ќе им недостасува Виргил ван Дајк, а во последно време фановите се свртеа против за нив дефанзивната тактика на селекторот Франк де Бур, но тешко на тие кои ќе ги потценат „оранје“.
Голмани: Силесен (Валенсија), Крул (Норич), Стекеленбург (Ајакс)
Одбрана: Аке (Манчестер сити), Блинд (Ајакс), Де Лихт (Јувентус), Де Фрај (Интер), Дамфрис (ПСВ), Тимбер (Ајакс), Ван Анхолт (Кристал палас), Велтман (Брајтон), Вајндал (АЗ)
Среден ред: Ф.Де Јонг (Барселона), Де Рон (Аталанта), Гравенберх (Ајакс), Класен (Ајакс), Копмајнерс (АЗ), Вајналдум (Ливерпул)
Напад: Бергхајс (Феенорд), Л.Де Јонг (Севилја), Депај (Лион), Гакпо (ПСВ), Мален (ПСВ), Промес (Спартак Москва), Вегхорст (Волфсбург).

УКРАИНА
Под водство на селекторот Андриј Шевченко, Украина има едноставна цел на ЕУРО 2020 – првпат да ја помине групната фаза по елиминациите во 2012 и 2016.
Столбот на украинската репрезентација го прават фудбалери од двата гиганти – Динамо Киев и Шахтјор Доњецк, од каде што доаѓаат многу млади таленти. Нивната најголема сила е моќниот среден ред со Степаненко, Малиновскиј и Зинченко, и ќе биде тешко да се обезбеди доминација во овој дел од теренот.
Голмани: Бушчан (Динамо Киев), Пјатов (Шахтјор), Трубин (Шахтјор)
Одбрана: Собол (Бриж), Забарњи (Динамо Киев), Кривцов (Шахтјор), Попов (Динамо Киев), Тимчик (Динамо Киев), Миколенко (Динамо Киев), Караваев (Динамо Киев), Матвијенко (Шахтјор)
Среден ред: Сидорчук (Динамо Киев), Малиновскиј (Аталанта), Шапаренко (Динамо Киев), Марлос (Шахтјор), Макаренко (Котрајк), Зинченко (Манчестер сити), Циганков (Динамо Киев), Степаненко (Шахтјор), Јармоленко (Вест хем), Зубков (Ференцварош), Судаков (Шахтјор), Безус (Гент)
Напад: Јаремчук (Гент), Беседин (Динамо Киев), Довбик (Днипро)
АВСТРИЈА
Австрија има сличен проблем како и Украина – во претходните два настапи на Европските првенства нема остварено победа, и очекувањата од „Дас тим“ се големи под водство на селекторот Франко Фода.
Тие беа убелдиви против нас во квалификациските групи за првенството, но во последните натпревари пред ЕУРО 2020, се покажа дека нивниот напад не функционира најдобро без расположениот Марко Арнаутовиќ.
Голмани: Бахман (Вотфорд), Перван (Волфсбург), Шлагер (ЛАСК)
Одбрана: Алаба (Реал Мадрид), Драговиќ (Леверкузен), Фридл (Вердер), Хинтерегер (Ајнтрахт), Лајнер (Менхенгладбах), Линхарт (Фрајбург), Пош (Хофенхајм), Тримел (Унион), Улмер (Салцбург)
Среден ред: Баумгартлингер (Леверкузен), Баумгартнер (Хофенхајм), Грилич (Хофенхајм), Илзанкер (Франкфурт), Лајмер (Лајпциг), Лазаро (Интер), Забицер (Лајпциг), Шауб (Луцерн), Шлагер (Волфсбург), Шепф (Шалке)
Напад: Арнаутович (Шангај порт), Грегорич (Аугзбург), Кајалџиќ (Штутгарт), Онисиво (Мајнц)
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1686-26542”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Вулверхемптон не се предава, го победи Ливерпул
Фудбалерите на Вулверхемптон, приредија уште една сензација во Премиер лигата. Откако одиграа 2:2 со Арсенал, успеаја да го победат Ливерпул со 2:1 (0:0) во 29-то коло од Премиер лигата.
Ливерпул пропушти шансата да се искачи на третото место, во самиот финиш „црвените“ израмнија, благодарение на Мохамед Салах, но домаќините го зададоа последниот удар.
Мрежите мируваа до самиот крај на натпреварот, кога домашните први се заканија и поведоа во 78-та минута, кога Родриго Гомес погоди за 1:0.
Ливерпул брзо одговори, само пет минути подоцна, израмни Салах.
Иако се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат, Вулверхемптон успеа да ги изненади гостите од Ливерпул во судиското продолжение. Беше 94-та минута Андре го совлада Алисон и му обезбеди триумф од 2:1 на својот тим.
Последнопласираната екипа на табелата, која и по вечервашната победа има само 16 бода, покажа квалитет и силен карактер, и сосема заслужено го победи актуелниот шампион на Англија.
Ливерпул разочара и остана на петтата позиција со 48 бода, со три бода помалку од Астон Вила и Манчестер Јунајтед, директни конкуренти во борбата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Премиер лига, 29-то коло
Вторник:
Борнмут – Брентфорд 0:0
Евертон – Барнли 2:0 (1:0)
(Тарковски 32, Дјусбери-Хол 60)
Лидс – Сандерленд 0:1 (0:0)
(Дијара 70п)
Вулверхемптон – Ливерпул 2:1 (0:0)
(Гомес 78, Андре 90+4 – Салах 83)
Среда:
20.30 Астон Вила – Челзи
20.30 Брајтон – Арсенал
20.30 Фулам – Вест Хем
20.30 Манчестер Сити – Нотингем Форест
21.15 Њукасл – Манчестер Јунајтед
Четврток:
21.00 Тотенхем – Кристал Палас
Спорт
Вардар 1961 избори место во осминафиналето во Лига Европа
Ракометарите на Вардар 1961 ја победија Бенфика во Лига Европа со 33:27 и обезбедија место во осминафиналето во ова натпреварување. Црвено-црните можат и до директен пласман во четвртфиналето, доколку во последната рунда не загубат во Мелсунген.
Вардар 1961 44 минути ја бркаше негативата од пет гола, од првиот меч во Лисабон. Имаа црвено-црните четири гола предност во првито дел, но Бенфика успеа да се консолидира и на полувреме се замина со резултат 15:14.
Црвено-црните подобро го отворија и вториот дел, потребната предност ја стекнаа во 44-та минута, а веднаш потоа се одлепија и на седум гола (27:20).
Бенфика се обиде да се врати во мечот, имаа Португалците 28:24 во 55-та минута, но Вардар 1961 го одби тој напад и на крајот славеше со шест гола.
Малус со девет и Воркапиќ со осум гола го предводеа Вардар 1961 до големата победа.
Foto/ rkvardar.com.mk
Спорт
(Видео) Барселона победи, Атлетико оди во финалето
Барселона, во полуфиналниот реванш во Купот на Кралот, го победи Атлетико Мадрид со 3:0, но не успеа да се пласира во финалето. Пресудна се покажа предноста на „јорганџиите“ од првиот меч (4:0). Барселона нема да го брани трофејот, а Атлетико се пласира во своето прво финале по 2013 година.
Реваншот на „Камп Ноу“ се одвиваше според предвиденото сценарио. Барселона константно вршеше притисок кон голот на Хуан Мусо (се истакна Аргентинецот со неколку изворедни одбрани), а Атлетико своите шанси ги бараше во контранападите.
Домашните фудбалери упатија 21 удар кон голот на Мусо, девет од нив одеа во рамките на голот, изведоа 14 корнери, но постигнаа само три гола. Атлетико, упати осум удари кон голот на Џоан Гарсија, два од нив во рамките на голот.
Бедемот на Атлетико беше непробоен до 30-та минута, кога Јамал испрати центаршут, а на два метри од голот Брнал, кој остана сам ја спроведе топката до мрежата. На истекот на првиот дел, голема шанса за Атлетико промаши Лукман, а во следниот напад Барселона доби пенал. Сигурен реализатор беше Рафиња.
Имаше Барселона неколку панси во вториот дел, Мусо беше одличен на голот, но капитулираше во 72-та минута кога повторно погоди Бернал.
До крајот двата тима имаа свои шанси кои не ги реалзиираа.
Атлетико во финалето ќе игра против победникот од баскиското дерби меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао. По првиот меч Сосиедад има предност 1:0.
Foto/ EPA

