Спорт
Гвардиола ги нареди играчите во почесен шпалир за Халанд
Ерлинг Халанд (22) го постигна вториот гол на Манчестер Сити во победата од 3:0 против Вест Хем во 34. коло од Премиер лигата и на тој начин експресно постави голгетерски рекорд во една од најсилните лиги.
Брилијантниот норвешки напаѓач во својот 31. настап во англискиот шампионат го постигна 35. гол, што значи дека на пет кола пред крајот на првенството го собори рекордот на Премиер лигата по број на постигнати голови во една сезона.
Апсолутниот рекордер Халанд го собори учинокот на Енди Кол и Алан Ширер, кои постигнаа по 34 гола во сезоните 1993/1994 година. (Кол) односно 1994/1995 година. (Ширер).
Сепак рекордот на Халанд е импресивен бидејќи легендарните Кол и Ширер своите рекорди ги поставија кога во Премиер лигата се натпреваруваа 22 екипи, односно кога секој тим во една сезоната играше 42 натпревари.
По спектакуларниот подвиг, Халанд се упати кон соблекувалната, но тогаш тренерот Гвардиола му нареди да се врати. Тоа го направи затоа што го построи тимот во почесен шпалир, низ која потоа помина најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата.
Халанд импресионираше и со коментарот што стана еден од бесмртните стрелци.
„Утре ќе се разбудам и ќе мислам само како да го победам Лидс. Не можам да размислувам за овие рекорди бидејќи ќе полудам. Сега си одам дома да вечерам и да играм видео игри. Не можам да ви кажам за кои видео игри се рабити бидејќи ми е срам“.
Erling Haaland's guard of honour.pic.twitter.com/eEcNfj9R3b
— City Report (@cityreport_) May 3, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Премиер лигата ќе гласа за укинување на ВАР од следната сезона
Преставници на клубовите од англиската Премиер лига следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР, пишува The Athletic. За да се укине ВАР потребно е најмалку две третини од клубовите да гласаат за таа опција. Во случајот со Премиер лигата, тоа значи 14 од 20 клубови.
ВАР (Видео помошник судија) беше воведен во Премиер лигата во 2019 година, но беше предмет на бројни контроверзии. Во кои случаи може да се вклучи и какви одлуки се носат со негово користење се постојани прашања во англискиот фудбал. Предлогот е направен на иницијатива на Вулверхемптон.
Видео проверките ја успорија играта, па често се трошеше многу време за проверка и цртање линии. Сето тоа предизвикува фрустрации кај навивачите и затоа се предлага да се укине ВАР. Исто така, ВАР не ги елиминираше судиските грешки бидејќи лошите одлуки се носат и по прегледување на видеата.
Спорт
Првиот асистент на Клоп ќе го предводи Салцбург
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп заедно со своите соработници го напушта клубот. В недела последен пат Клоп со својот стручен штаб ќе ги води „црвените“.
Јирген Клоп по девет години на „Енфилд“ реши да паузаира една сезона. За разлика од него, неговиот прв асистент Пеп Лајндерс веќе знае каде ќе биде наредната сезона.
Лајндерс денеска потпиша тригодишен договор со Ред Бул Салцбург.
41-годишниот Холанѓанецот пристигна во Ливерпул во 2018 година и со клубот ги освои сите можни трофеи.
Лајндерс е четврти тренер на Салцбург за само една година. На крајот од претходниот шампионат клубот се раздели со Матијас Џејсли, диригентската палка ја презеде Герхард Штрубер, но по слабите резултати во првенството (три бода помалку од Штурм) си замина, па сезоната ќе ја заврши Онур Цинел.
Спорт
Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен
Шампионот на Германија Баер Леверкузен успеа да го задржи тренерот Чаби Алонсо, вундеркиндот Флоријан Вирц, но по се изгледа ќе остане без еден од клучените играчи.
Десниот бек Џереми Фримпонг има неверојатна сезона. На 44 натпревари постигна 13 гола и забележа 12 асистенции.
Неговата откупна клаузула е 40 милиони евра и тој автоматски ќе биде слободен доколку некој клуб ја активира.
За холандскиот репрезентативец има голем интерес. Прв во редот Манчестер јунајтед, а 40 милиони се подготвени да потрошат и Арсенал, Баерн и ПСЖ.