Спорт
Гвардиола: Ќе спијам како бебе пред мечот со Ливерпул

Менаџерот на англискиот шампион Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека не чувствува притисок пред неделното дерби со Ливерпул, велејќи дека ќе „спие како бебе“ пред мечот кој може да ја одлучи титулата.
Сити и Ливерпул се одвоени со само еден поен на врвот на Премиерлигата, но Пеп вели дека е престар да се грижи за притисокот и ги „искара“ луѓето од лигата што го закажале мечот во период кога тој повеќе би сакал да го гледа камбекот на Тајгер Вудс на голферскиот Мастерс во Огаста.
„Тоа би биле големи три поени, но ќе има уште седум меча до крајот, Лига на шампионите и ФА купот. Така што тоа се три поени. Да, ќе се обидеме да ги победиме и тоа е тоа. Ќе спијам како бебе оваа година. Ќе беше подобро мечот да е утре, да бидам искрен, бидејќи мечот ќе се игра кога Тајгер Вудс ќе се врати на голфот“, вели Гвардиола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
РК Вардар го прегази Тиквеш и го потврди 15. шампионски пехар (ФОТО)

Македонскиот ракометен првак Вардар ја освои двојната круна оваа сезона, откако денеска со триумфот против Тиквеш (37:25) го потврди и шампионскиот пехар во првенството. „Црвено-црните“ претходно успеаја да слават на гости против Еурофарм Пелистер и во последните три кола од Суперлигата рутински го потврдија освојувањето на 15. трофеј.
Вардар и Пелистер завршуваат со идентичен број бодови, но „црвено-црните“ имаат подобар меѓусебен биланс во дуелите.
Тимот на Давид Дејвис денеска немаше проблеми против Тиквеш, се беше познато уште по првото полувреме кога вардарци обезбедија предност од 18:10.
Најефикасни на мечот беа Тимур Дибиров и Филип Талески со по десет гола.
Фото: Игор Паневски
Спорт
РК Вардар им се заблагодари на браќата Њокас, Тото, Валчак…(ФОТО)

Пред почетокот на натпреварот Вардар – Тиквеш, шестмина ракометари на „црвено-црните“ добија подароци кои ќе им останат во сеќавање за настапот во редовите на македонскиот првак.
На Оливие и Кевин Њокас, Патрик Валчак, Стефан Додиќ, Џереми Тото и на Диало Бакари, раководството на Вардар им посака многу успеси во натамошната кариера.
Вардар со денешниот триумф против Тиквеш и официјално ќе ја прослави новата шампионска титула, а на полувреме води со 18:10.
Спорт
Валверде: За трофејот од ЛШ би дал се, дури и сопругата

Уругвајскиот интернационалец Федерико Валверде толку многу посакува да го освои пехарот во Лигата на шампионите, што би се сложил и да го размени за својата сопруга Мина Бонино. Играчот за врска на Реал Мадрид се пошегува дека е подготвен да ја „жртвува“ сопругата за успех во големото финале против Ливерпул.
„Што би дал за трофејот во Лигата на шампионите? Се, освен син ми… Можеби би ја дал и жена ми, хахах… Ова не е шега! Немате секој ден можност да играте во финалето и се би дал за да го освојам. Се надевам дека в сабота ќе се радуваме и дека ќе го кренам трофејот“, изјави Валверде.
Неговата сопруга Мина Бонино е аргентинска спортска новинарка и ја прифати шегата на Валверде.