Спорт
Гвардиола: Неверојатен резултат, но знам што значи да се оди во Минхен
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола беше задоволен од играта на неговиот тим по убедливата 3:0 победа над Баерн Минхен, но признава дека уште не е готово пред гостувањето на „Алијанц арената“ следната недела.
„Ова беше навистина добар меч во Лигата на шампиони, и два врвни тимови. Во текот на 55, 60 минути ова беше тесен меч. Родри постигна невееројатен гол, но не можевме да ја контролираме нивната игра со Мусијала и Гнабри. Првите 5-15 минути во второто полувреме беа подобри имаа добри шанси, но потоа се прилагодивме и во финишот бевме подобар тим. Резултатот е неверојатен, но знам што значи да се оди во Минхен и треба да направиме многу за да не страдаме“, вели Гвардиола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал одбил 45 милиони евра за Арда Гулер
Арда Гулер, минатото лето за 20 милиони евра пристигна во Реал од Фенербахче. На почетокот се мачеше со повредите, на крајот забележа 11 настапи, мина на теренот 350 минути, тоа му беше доволно да постигне четири гола и да придонесе за 36. титула на Реал.
Гулер доби шанса од Карло Анчелоти да биде стартер во финишот на сеозната, кога Реал ја обезбеди титулата. Се шпекулираше дека наредната сезона би може да биде позајмен во друг клуб за да стекне искуство, а шпанските медиу и тврдат дека Арсенал испратиле понуда од 45 милиони евра за да го откупат неговиот договор.
„Арда дефинитивно ќе биде овде и следната сезона“, изјави Анчелоти отфрлајќи секаква можност за продажба на Турчинот.
„Навистина ми се допаѓа како играч. Сите знаеме дека е со врвен квалитет и талент. Тој е малку ограничен во играта без топка. Таму мора да се подобри и тоа е она што го прави”, изјави претходно Анчелоти по еден натпревар.
По завршувањето на сезоната Арда Гулер ќе им се приклучи на колегите од турската репрезентација која ќе настапи на Европското првенство во Германија.
Спорт
Крај на сезоната за Едерсон – Херојот Ортега ќе брани во последното коло
Голманот на Манчестер сити, Едерсон, нема да може да им помогне на соиграчите во наредниот период поради мала фрактура што ја заработи на натпреварот со Тотенхем.
Бразилецот беше заменет по судир со стоперот на противничката екипа Кристијан Ромеро.
Во моментот кога беше заменер, Едерсон го искажа своето незадоволство од одлуката на тренерот Пеп Гвардиола.
Едерсон ја напушти играта во 69. минута, му го препушти местото Стефан Ортега, кој блескаше во преостанатиот дел од натпреварот и имаше голем придонес за победата на Сити.
Избраниците на Пеп Гвардиола го зазедоа првото место на табелата откако го совладаа Тотенхем со 2:0. Ортега, два пати го запре Дејан Кулушевски, а во 84.минута веројатно ја имаше одбраната на сезоната кога го запре ударот на Хјунг-Мин Сон во ситуација еден на еден при резултат 0:1.
Сити во последното коло ќе влезе со два бода повеќе од Арсенал. Во недела Сити ќе го пречека Вест Хем, а Арсенал ќе игра против Евертон.
Спорт
ФИФА најави ВАР-револуција
Џани Инфантино, претседателот на ФИФА најави големи промени на конгресот на светската фудбалска федерација во Бангкок.
„Ќе го развиеме и подобриме ВАР. Тој систем го користат 65 национални асоцијации, но сега ќе го подобриме. Создадовме базна технологија со помалку камери и без судии да одлучуваат, така што ќе биде достапен за секого и полесен ќе се имплементира. Тој систем веќе се тестира.
Ќе функционира така што тренерот на секоја екипа ќе има право двапати по натпревар да бара помош од ВАР. Доколку првичната одлука на судијата се смени по таквата барана проверка, тимот што ја побарал проверката повотрно ќе има право на две проверки. Доколку, пак, по ваквата барана проверка, ВАР ја потврди одлуката на судијата на теренот, тогаш екипата која ја побарала го губи правото на една проверка“.