Спорт
Крај на сезоната за Едерсон – херојот Ортега ќе брани во последното коло
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/1715907042-GettyImages-2152958892-750x500-1.jpg)
Голманот на Манчестер сити, Едерсон, нема да може да им помогне на соиграчите во наредниот период поради мала фрактура што ја заработи на натпреварот со Тотенхем.
Бразилецот беше заменет по судир со стоперот на противничката екипа Кристијан Ромеро.
Во моментот кога беше заменер, Едерсон го искажа своето незадоволство од одлуката на тренерот Пеп Гвардиола.
Едерсон ја напушти играта во 69. минута, му го препушти местото Стефан Ортега, кој блескаше во преостанатиот дел од натпреварот и имаше голем придонес за победата на Сити.
Избраниците на Пеп Гвардиола го зазедоа првото место на табелата откако го совладаа Тотенхем со 2:0. Ортега, два пати го запре Дејан Кулушевски, а во 84.минута веројатно ја имаше одбраната на сезоната кога го запре ударот на Хјунг-Мин Сон во ситуација еден на еден при резултат 0:1.
Сити во последното коло ќе влезе со два бода повеќе од Арсенал. Во недела Сити ќе го пречека Вест Хем, а Арсенал ќе игра против Евертон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Крос против Шкотска одигра натпревар каков што не е виден на Европските првенства
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/f426556a-01fa-4a8c-9fe1-0d520592affc.jpg)
Германија ја совлада репрезентацијата на Шкотска со 5:1 во првиот натпревар на Европското првенство што се одигра во петокот на стадионот на Баерн во Минхен.
Тони Крос (34), кому ова ЕП му е последен турнир во кариера, одигра натпревар за аналите и историјата на европските фудбалски првенства.
Легендарниот Германец имаше 102 додавања за 80 минути што ги мина на теренот против Шкотска, а 101 од нив беа точни. Имаше само едно погрешно додавање.
Прецизните статистичари пресметаа дека оваа прецизност на додавање од 99 проценти на Крос е највисок процент на играч кој одиграл 100 или повеќе додавања на Европските првенства од 1980 година. Исто така, против Шкотите, Крос имаше дури четири клучни додавања.
Спорт
(Видео) Германија ја размонтира Шкотска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12298427.jpg)
Германија со убедлива победа над Шкотска од 5:1 (3:0) го отвори 17. Европско првенство во фудбал.
Домаќинот на ЕУРО 2024 од првата секунда тргна со јасна намера што поскоро да го реши победникот. Шкотите од друга страна делуваа преплашено и покрај тоа што на трибините имаа армија свои навивачи.
Германците успеаја во намерата, два гола постигнаа во првите 19.минути. Најпрвин Вирц го совлада Ган во 10., а птооа погоди и Мусилаја во 19.минута.
Овие двајца влегоа во историјата на германскиот и европскиот фудбал. Германија стана прва репрезентација во историјата на ЕП која имала двајца стрелци на возраст од 21 година или помлади, на еден ист натпревар.
И покрај комотната предност Германците не го намалија ритамот. Постигнаа уште еден гол, во 45.минута од пенал. Стрелец беше Хаверц.
Портеус кој грубо стартуваше врз Гундоган доби црвен картон.
Второто полувреме немаше таков интензитет како првото. Филкруг набргу по влегувањето во игра, во 68.минута испрати прокетил од 15 метри и го постигна четвртиот гол. Напаѓачот на Борусија Дортмунд седум минути подцна постигна уште еден гол кој беше поништен поради офсајд.
До крајот на мечот Ридигер си постигна авто-гол во 87.минута, а во 93. Емре Џан, кој во средата и се приклучи на репрезентацијата откако поради болест Александар Павловиќ отпадна од ростерот, го постави конечниот резултат.
Спорт
Пантер се договорил со Барселона
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Kevin_Panter_101.jpg)
Капитенот на Партизан, Кевин Пантер, по три сезони реши да го напушти клубот. Како што објави „Моцарт спорт“, Пантер кариерата ќе ја продолжи во Барселона.
Кевин Пантер во Белград пристигна заедно со Зек Ледеј од Олимпија Милано и двајцата ги носеа црно-белите овие три години. Овие двајца без првите засилувања кога Жељко Обрадвиќ се врати во клубот.
Неговиот престој во Партизан завршува по три сезони и со еден освоен пехар. Тој беше еден од клучните кошаркари на Партизан во враќањето на титулата, во АБА лигата, по цела деценија, но навивачите ќе паметат и како тој подлегна на провокациите на Серхио Љуљ, кој практично го остави клубот без пласман на фајналфорот од Евролигата минатата година.
Минатата сезона шутерот од Бронкс имаше просек од 15 поени, 2,6 скока и асистенции, 1,1 украдена топка и 35 отсто шут за три поени.