Спорт
Хајдук има нов тренер

Паоло Трамецани (50) е нов тренер на Хајдук од Сплит. Италијанскиот тренер со Хајдук потпишал договор до јуни 2022 година.
Трамецани кариерата како играч ја започнал во Интер, а настапувал и за Прато, Козенца, Пјаченца, Тотенхем, Пистоезе, Аталанта, Емполи и Про Патриа.
Тренерската кариера ја започнал како помошник на Џани де Бјаси во репрезентацијата на Албанија.
Трамецани, во кариерата бил тренер на годината во Швајцарија и Кипар. Во 2016 година со Лугано успеал да се пласира во Лига Европа. додека во 2018 година со АПОЕЛ станал шампион на Кипар.
Хајдук првиот дел од сезоната во Хрватска го заврши на петтото место со 17 поени, 16 помалку од водечкиот Динамо Загреб.
На кормилото на Хајдук, Траменцани го наследи Боро Приморац.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Блесок на Алексис, Интер има +6 на врвот на Серија А!

На Интер им беа потребни речиси цел час игра за да го „скршат“ отпорот на Парма, но потоа на сцена стапи Алексис Санчез, кој постигна два гола за осум минути за да ги предводи „нераѕурите“ до 1:2 победа со која се одвоија на фантастични шест поени предност на првото место во Серија А во обид да стигнат до првото скудето од 2010 година.
Во првото полувреме на „Енио Тардини“, Интер имаа неколку убави шанси, од кои најубавите преку Кристијан Ериксен и Ромелу Лукаку, но на одмор се отиде со 0:0. Потоа на сцена стапи Санчез, кој двапати на асистенција на Ромелу Лукаку (инаку двајцата поранешни соиграчи од Манчестер јунајтед) во 54. и 62. минута за обезбедување на трите поени. Ернани во 71. минута намали на 1:2 за да го зголеми притисокот на „нераѕурите“, но до крајот на мечот тоа беше конечниот скор.
Интер сега има 59 поени на врвот на Серија А, шест повеќе од Милан откако тие вчера одиграа само реми со Удинезе и 10 поени пред Јувентус и Аталанта, иако Јуве има натпревар помалку. Шансите на Парма да останат во елитата пак, се минимални, откако Дукали имаат 15 поени, шест од безбедната зона.
Спорт
Ефес со неверојатна слатка одмазда против ЦСКА

Ниту моќната ЦСКА Москва не успеа да ги сопре Анадолу Ефес, откако шест кошаркари имаа двоцифрен број на поени за фантастична 100:70 победа, со која се одмаздија за поразот од првиот меч во Русија, кога „Армејците“ победија со 100:65, што беше најлош пораз во модерната Евролига.
Василије Мициќ ги предводеше Ефес со 21 поен, 8 асистенции и 6 скока за шеста победа во низа за турскиот клуб. Сертаџ Санли додаде 14 поени, Крис Синглтон 12, додека Родриге Бобоа, Шејн Ларкин и Крунослав Симон завршија со 11 поени.
Само Торнике Шенгелија (14 поени) и Јоханес Фоигтман (10 поени) беа двоцифрени за „Армејците“ кои пристигнаа во Истанбул со две победи на гости кај Олимпијакос и Макаби.
ЕВРОЛИГА, 28.КОЛО
Зенит Санкт Петерсбург – Реал Мадрид 71:75 (13:24, 16:14, 29:14, 13:23)
Анадолу Ефес – ЦСКА Москва 100:70 (31:13, 24:15, 20:17, 25:25)
Макаби Тел Авив – Валенсија 84:72 (14:18, 19:17, 29:21, 22:16)
Баерн Минхен – Панатинаикос 76:71 (14:21, 23:15, 20:19, 19:16)
Спорт
Тотенхем и Евертон со минимални победи кај „давениците“

Тотенхем и Евертон ја продолжија битката за место кое води во европските купови, откако стигнаа до минимални победи над противници кои грчевито се борат за опстанок во Премиер лигата – Тотенхем кај лондонските соседи Фулам победија со 0:1, а Евертон со идентичен резултат славеше кај Вест Бромвич Албион.
На „Крејвен котиџ“ препородениот Деле Али во 19. минута од мечот упати удар, кој од нозете на Абдул-Насир Адарбиојо заврши во голот. Фулам постигнаа гол во 62. минута од мечот, кој беше поништен поради играње со рака, и се обидуваа грчевито до последните моменти да стигнат до израмнување. Ова е победа на Жозе Мурињо над својот поранешен играч во Челси, Скот Паркер.
На „Хоторнс“ пак, Ришарлисон со гол во 65. минута донесе нови три поени за Евертон на Карло Анчелоти, и ги намали шансите на Вест Бром да останат во елитата.
По 29. кола, Евертон се искачи на четвртото место на табелата со 46 поени, Тотенхем се осми со четири поени помалку. На дното пак, Фулам остануваат 18-ти со 23 поени, три под зоната за испаѓање, додека ВБА се 19-ти со само 17 поени.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер