Спорт
Крај на сагата – Милик има нов клуб

Наполи и Олимпик Марсеј постигнале договор околу трансферот на Аркадијуш Милик. Полскиот репрезентативец, откако одби да потпише нов договор, беше пречкртан во Наполи. Клубот не го пријави за настап во ниту едно натпреварување, во првиот дел од сезоната.
Милик, најпрвин ќе го продолжи договорот со Наполи до 2022 година, бидејќи актуелниот му истекува за неколку месеци, а потоа за да можат во Марсеј да го испочитуваат финансискиот ферплеј, ќе се пресели на „Велодром“, како позајмен играч.
По завршувањето на сезоната, Олимик Марсеј, ќе го откупат договорот на Милик од Наполи.
Францускиот тим за услугите на Милк ќе плати 8 милиони евра, плус 5 милиони евра преку бонуси и ќе мора на Наполи да ми исплати 30 отсто од наредниот трансфер.
Според медиумите, Милик, ќе потпише договор со Марсеј до јуни 2025 година, а годишно ќе заработува 4,5 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тотенхем и Евертон со минимални победи кај „давениците“

Тотенхем и Евертон ја продолжија битката за место кое води во европските купови, откако стигнаа до минимални победи над противници кои грчевито се борат за опстанок во Премиер лигата – Тотенхем кај лондонските соседи Фулам победија со 0:1, а Евертон со идентичен резултат славеше кај Вест Бромвич Албион.
На „Крејвен котиџ“ препородениот Деле Али во 19. минута од мечот упати удар, кој од нозете на Абдул-Насир Адарбиојо заврши во голот. Фулам постигнаа гол во 62. минута од мечот, кој беше поништен поради играње со рака, и се обидуваа грчевито до последните моменти да стигнат до израмнување. Ова е победа на Жозе Мурињо над својот поранешен играч во Челси, Скот Паркер.
На „Хоторнс“ пак, Ришарлисон со гол во 65. минута донесе нови три поени за Евертон на Карло Анчелоти, и ги намали шансите на Вест Бром да останат во елитата.
По 29. кола, Евертон се искачи на четвртото место на табелата со 46 поени, Тотенхем се осми со четири поени помалку. На дното пак, Фулам остануваат 18-ти со 23 поени, три под зоната за испаѓање, додека ВБА се 19-ти со само 17 поени.
Спорт
Гвардиола му „спушти“ на Рио: Му кажав на Меси да напаѓа каде што си ти!

Легендарниот дефанзивец на Манчестер јунајтед Рио Фердинанд во посебна емисија на „БТ спорт“ го нагости менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по што се потсетија на легендарните мечеви меѓу Барселона на Пеп и Јунајтед, кога Барса доминираше и во две финалиња во 2009 и 2011 година ги совладаа „ѓаволите“, првпат со 2:0, вторпат со 3:1.
Одговорите кои ги доби Рио, не беа тие кои ги посакуваше, но барем добро се насмеа.
„Беше чест да се игра против Манчестер јунајтед во финалето на ЛШ. Секако, победивме! Тоа се прекрасни моменти кои ќе ги паметам цел живот. Му кажав на Меси: ‘Лео, напаѓај од страната каде што е Рио’! Тој ме послуша и победивме. Сериозно, имавме многу среќа. Во првите 15 минути можевме да примиме два гола“, вели Гвардиола.
Спорт
Вардар со убедлив пораз од Мешков за крај, во осминафиналето контра Веспрем!

Вардар доживеа убедлив домашен пораз од 32:36 од Мешков Брест, со што го запечати пласманот на седмото место во групата А во ЕХФ Лигата на шампиони, и со тоа закажа пресметка со унгарскиот гигант Веспрем во осминафиналето на натпреварувањето.
Поради вонредната ситуација со КОВИД-19 и многуте одложени мечеви, ЕХФ дел од мечевите ги додели службено, а реши сите 16 клуба од групната фаза да се пласираат во осминафиналето на европското елитно натпреварување. Вардар, кој посебно беше погоден од одложувањата, завршува на седмото место на табелата со 9 освоени поени и ќе игра со второпласираниот во групата Б, Веспрем, кој е зад недостижната Барселона.
Мешков пристигна во Скопје со јасен план да оди на победа, со која го освојува четвртото место на табелата во групата А. Вардар уште на полувреме губеше со огромни 7 гола разлика, а впечатокот малку беше поправен во второто полувреме. Тимур Дибиров со девет и Анте Гаџа со седум гола беа најефикасни кај Вардар, додека кај Белорусите блесна Микита Ваилупау со 12 гола.
Во дербито за првото место во нашата група, Флензбург успеа да триумфира со 31:28 кај полскиот Кјелце, со што обезбеди дуел со ППД Загреб во осминафиналето, клуб кој има точно 0 поени оваа сезона во ЛШ.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Вардар – Мешков Брест 32:36 (18:25)
Кјелце – Флензбург 28:31 (17:19)
Елверум – Порто 20.45 ч.
Табела: 1.Флензбург 21, 2.ПСЖ 19, 3.Кјелце 19, 4.Мешков Брест 13, 4.Пик Сегед 12, 6.Порто 10, 7.Вардар 9, 8.Елверум 5
ГРУПА Б
Кил – ППД Загреб 36:30 (23:15)
Табела: 1.Барселона 28, 2.Веспрем 20, 3.Кил16, 4.Алборг 14, 5.Мотор З. 14, 6.Нант 12, 7.Целје 8, 8.ППД Загреб 0
Фото: Денис Дуковски / РКВардар 1961
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер