Спорт
„Халанд е модерна верзија на Ибрахимовиќ“

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд бил створен за реал Мадрид, тврди неговиот поранешен тренер Станислав Мачек. Мачек со Хамалд работел во Салцбург и добро ги знае квалитетите на 19 годишниот Норвежанец.
„Тој е модерна верзија на Ибрахимовиќ. Мислам дека е многу подобар од Ибра, има подобри движења и е побрз. Има одличен менталитет знае како да се соочи со секаква ситуација. Во Германија сега е еден од најдобрите играчи. Верувам дека доколку продолжи вака да напредува ќе заврши во голем клуб каков што е Реал. Халанд е играч за Реал не се сомневам во тоа“, истакнал актуелниот селектор на У-18 репрезентацијата на Словачка.
Халанд во јануари се пресели од Салцбург во Борусија Дортмунд за 20 милиони евра, има договор до 30 јуни 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Газдарицата на Лејкерси откри зошто се случи размената Дончиќ-Дејвис

Сопственичката на Лос Анџелес Лејкерс, Џини Бас, откри нови детали за трејдот на Лука Дончиќ.
Бас откри дека Ентони Дејвис не бил задоволен од улога што ја има во тимот, што ги натерало Лејкерси да се согласат на овој трејд.
„Дејвис се жалеше на позицијата на која играше“, изјави Бас, додавајќи дека одлуката за трејд била корисна за двете страни, пренесува „Баскетњуз“.
Иако Дејвис не побара експлицитно трејд пред да биде вклучен во договорот со Маверикс, јасно е дека тој не беше целосно среќен во Лос Анџелес. Дејвис јасно ставаше на знаење дека сака да игра на својата природна позиција, како крилен-центар, а не како центар.
Исто така, според новинарот Тим Бонтемпс, Далас планира да го трејдува Дејвис во текот на летото за да ја искористи максимално неговата вредност, бидејќи „Маверикс немаат шанси да освојат прстен со овој тим“.
„Губевме во плеј-офот од Денвер Нагетс во последните три години и навистина немавме ништо што изгледаше поинаку за претстојниот плеј-оф“, додаде Бас.
Дејвис играше за Лејкерс од 2019 до 2025 година, помагајќи му на тимот да го освои шампионскиот прстен во 2020 година. Пред да биде разменет, тој имаше просек од 25,7 поени, 11,9 скока и 2,1 блокади по натпревар.
Сепак, неговото деби на Маверикс на 8. февруари не можеше да биде полошо.
Дејвис заработи повреда на левиот адуктор, поради што еден месец е надвор од терените.
Спорт
Шчесни: Во кој спорт сум јас кога бев прогласен за играч на натпреварот?

Барселона со играч помалку, упсеа да ја победи Бенфика во Лисабон (1:0), во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.
Барселона од 22.минута играше со фудбалер помалку, кога Кубарси доби црвен картон. Блауграна победи благодарение на голот на Рафиња во 61.минута и пред се на извонредниот Шчесни кој имаше осум одбрани.
Интересно, УЕФА не го препозна перформансот на полскиот голман, наградата за играч на натпреварот му ја врачи на Педри.
„Мислам дека заслужувам барем половина од наградата што ја доби Педри. Пред малку го прашав: „Во кој спорт сум јас кога бев прогласен за играч на натпреварот“? Сепак, најважно е што успеавме да победиме“, изјави Шесни по натпреварот на „Ла Луж“ во Лисабон.
Спорт
Нојер на пауза поради повредата на потколеницата

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер ќе мора да паузира поради повреда на потколеницата.
Нојер мораше да ја напушти играта во 58. минута, синоќа против Баер Леверкузен, а според првичните информации ќе отсуствува меѓу три и четири недели.
За среќа, следува репрезентативна пауза, па Нојер ќе го пропушти само реваншот со Баер, како и првенствените натпревари со Бохум, Унион Берлин и Сент Паули.
Добра вест за Баерн е што тој ќе биде подготвени за потенцијалното четвртфинале во Лигата на шампионите со Интер на 8. или 9. април.
Дотогаш шанса ќе добие младиот Јонас Урбиг кој во јануари пристигна од Келн како долгорочна замена за Нојер.