Спорт
Хамилтон: ФИА го „скроти“ моторот на Ферари!
Светскиот шампион Луис Хамилтон верува дека Светската автомобилистичка федерација (ФИА) реагирала и затоа Ферари веќе ја нема големата предност во однос на брзината на Американското ГП во Остин.
Околу моторите на Ферари цела година има голем број на шпекулации и повеќе тимови бараа објаснување од ФИА за потенцијално нелегалната предност на Скудерија.
„Нека протестираат! Тогаш сите ќе видат колку се глупави нивните обвинувања и шпекулациите ќе престанат“, изјави оваа недела шефот на Ферари, Матија Биното.
Но, сега Мерцедес сметаат дека последната техничка директива на ФИА значи дека е „укротена“ предноста на Ферари.
„Доволен факт е тоа што имаме прва пол-позиција од Хокенхајм“, изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф, но Луис Хамилтон беше подиректен: „Очигледно Ферари загубија дел од моќта поради ФИА, така што ќе биде интересно во трката“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Синер е опседнат со Алкараз“
Францускиот тенисер Николас Мау ја коментираше борбата меѓу двајцата најдобри играчи во светот.
Јаник Синер го освои Париз минатата недела и се врати на врвот на АТП листата.
„Тој сè уште може да ја подобри својата игра во транзицијата, својот напад, својата игра на мрежата“, изјави Мау за „Еуроспорт“, додавајќи:
„Кога ќе ги прочитате неговите изјави, тој е опседнат со Алкараз“.
На Синер ќе му биде многу тешко да остане на врвот на крајот од годината, по Завршниот Мастерс, бидејќи дури ни титулата во Торино не му го гарантира тоа.
„Не сум сигурен дека ќе остане број еден дури и ако ги добие сите натпревари, бидејќи не гледам како Алкараз нема да победи барем три натпревари (услов за враќање на врвот на АТП листата)“, истакнува Мау.
Последниот турнир во годината е закажан од 9 до 16 ноември.
Спорт
(Видео) Луис Суарез суспендиран за клучниот натпревар на Интер во плејофот
Огромен удар за Интер Мајами пред решавачкиот трет натпревар од плејофот на МЛС против Нешвил. Нивниот клучен напаѓач, Луис Суарез, е суспендиран за натпреварот во сабота, каде што е во прашање целата сезона.
Уругвајската ѕвезда доби суспензија, бидејќи удрил противнички играч без топка во вториот меч од серијата. Жалбата на клубот од Мајами на суспензијата од еден натпревар беше одбиена.
Суспензијата беше поради инцидент во 71-та минута во поразот на Интер Мајами со 2:1 во реваншот од плејофот.
Суарез го удири играчот на Нешвил, Енди Нахар, во момент кога топката беше далеку од нив.
Иако судијата на теренот не досуди фаул, Дисциплинската комисија на МЛС последователно ја прегледа снимката и му изрече на Суарез суспензија од еден натпревар.
Luis Suarez will be suspended for the final game of the MLS Cup Playoff Round One series against Nashville SC on Saturday, sources confirmed to ESPN's @lizzy_becherano. pic.twitter.com/bGzE6FMPIK
— ESPN FC (@ESPNFC) November 5, 2025
Спорт
(Видео) Жестока вербална расправија меѓу Јуриќ и Лукман среде натпреварот во Марсеј
Фудбалерите на Аталанта славеа со 1:0 на гостински терен против Марсеј во 4. коло од Лигата на шампионите. Голот за победа го постигна Лазар Самарџиќ во 90. минута од натпреварот, само пет минути откако Иван Јуриќ го крена од клупата и го испрати на теренот.
Покрај моментот во 90.минута, дуелот го обележа и вербалниот судир меѓу тренерот Јуриќ и Адемола Лукман во 75.минута.
Камерите го снимија моментот кога Лукман го напушти теренот. Во моментите кога Јунус Мусах, Адемола Лукман му дофрли нешто на тренерот Јуриќ додека одеше кон клупата. Хрватскиот тренер го фати за рака и му рече нешто, а понатамошната дискусија беше прекината од членови на стручниот штаб на тимот на Аталанта.
Clima sereno na Atalanta: Juric, conhecido por ser um brigão, discutiu forte com Lookman à beira do gramado. pic.twitter.com/w46tgDucYt
— Calciopédia (@calciopedia) November 5, 2025
„Скај Спорт Италија“, објави дека расправијата помеѓу нигерискиот фудбалер и Јуриќ продолжила и по натпреварот, кога Аталанта ја славеше победата.
„Тоа е вообичаена работа, го коментираме секоја недела. Неодамна, истото се случи кога Кевин де Брујне беше заменет во Наполи. Има играчи кои не се задоволни кога мора да одат на клупата пред крајот на натпреварот, а потоа не реагираат добро. Со вакви работи се справуваме во соблекувалната“, рече Јуриќ.

