Спорт
Хамилтон и Расел на врвот, Мерцедес силно го заврши тестирањето во Барселона
Мерцедес покажа заби на последниот ден од тридневното тестирање на патеката Каталуња покрај Барселона поставувајќи убедливо најбрзо време со 1-2 на Луис Хамилтон и неговиот нов колега Џорџ Расел за речиси четири десетинки подобро време од ривалите од Ред бул.
Хамилтон, кој влезе во болидот во попладневната сесија, го постави најдоброто време во последните минути од сесијата подобрувајќи го веќе импресивното време на Расел од утринската сесија. Возачите првиот дел од попладневната сесија во Барселона возеа на влажна патека откако снабдувачот на гуми „Пирели“ побара дополнителни податоци од тимовите.
Себастијан Фетел беше петти во Астон Мартин по што следуваа возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинс, пред двојката на Вилијамс, Александер Албон и Николас Латифи.
With the track now dry, @LewisHamilton takes top spot on the timing screens
His time of 1:19.141 just pips team mate @GeorgeRussell63‘s morning effort ⏱#F1 pic.twitter.com/1nkUm73sxg
— Formula 1 (@F1) February 25, 2022
Do the 2022 cars look even better in the wet, or is that just us? ??#F1 #F1Testing pic.twitter.com/p4xRzN45fI
— Autosport (@autosport) February 25, 2022
Rush hour in Barcelona ?#F1 @WilliamsRacing pic.twitter.com/89hRYkRF1y
— Formula 1 (@F1) February 25, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

