Спорт
Хамилтон ја освои 100 пол-позиција во кариерата

Луис Хамилтон ја освои јубилејната 100 пол-позиција во кариерата. Британецот на вечната листа е далеку пред великаните Михаел Шумахер (68) и Аиртон Сена (65).
На патеката во Каталуња, во првиот круг од последната квалификациска сесија, Хамилтон го постави најдоброто време 1:16.741 минути. Неговиот голем конкурент, Макс Верстапен, трката ќе ја започне веднаш до него. Времето на Холанѓанецот беше за 36 илјадити делови од секундата послабо од резултатот на Британецот.
Блиску до водечките беше и Валтери Ботас, тој задоцни за 132 илјадити делови од секундата. Во вториот ред место избори Шарл Леклер од Ферари.
Изненадувањето го направи Естабан Окон, кој со својот Алпин избори пласман на петтото место. Во Топ 10 се пласираа Карлос Саинц, Даниел Рикардо, Серхио Перез, Ландо Норис и Фернандо Алонсо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Медисон ја пропушта целата сезона?

Лоши вести за Тотенхем. Повредата на Џејмс Медисон е сериозна и тој ќе биде надвор од терените долго време.
Креативниот играч од средниот ред се повреди на пријателскиот натпревар против Њукасл (1:1) во Јужна Кореја.
Во прашање се вкрстените лигаменти на десното колено. Според првите информации, тој сигурно ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната, а можеби и целата сезона.
Минатата сезона Медисон забележа дабл-дабл од 12 гола и 11 асистенции.
Фото/ Принскрин
Спорт
Душан Тадиќ се договорил со Ал Вахда

Душан Тадиќ, во текот на преодниот рок се поврзуваше со Атлетико Мадрид и Црвена звезда, кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати.
Поранешниот играч на Фенербахче ќе биде член на Ал Вахда во следните две години, односно договорот ќе биде потпишан на една плус една година.
Минатата сезона, Ал Вахда заврши на третото место, што беше разочарувачки резултат, па затоа почнаа да го обновуваат тимот. Го ангажираа португалскиот стручњак Жозе Мораиш, а планот очигледно е Тадиќ да биде првата ѕвезда во кампањата за титулата.
Фото/ Принскрин
Спорт
Најскапиот играч во историјата на Сити ќе го напушти клубот

Најскапото засилување во историјата на Манчестер сити, играчот од средниот ред Џек Грилиш (29), би можел да ја оживее својата кариера во Евертон, објавија британските медиуми. Тренерот на Евертон, Дејвид Мојес, многу го почитува Грилиш и би сакал да го има во своите редови.
Евертон, кој оваа година се пресели на нов стадион вреден 900 милиони евра, би сакал да го откупи договорот на Грилиш доколку цената е прифатлива. Сепак, се разгледува и едногодишна позајмица.
Грилиш ангажирал личен тренер и сака да се врати во англиската репрезентација, но тоа не е можно додека Гвардиола е на чело на Сити. Затоа Грилиш сака да го напушти клубот.
Еден од најдобрите англиски дриблери пристигна во Манчестер сити пред четири години од Астон Вила во трансфер вреден 117 милиони евра. Неговиот договор со Сити истекува во јуни 2027 година, а тој заработува дури 18 милиони евра годишно. Во Сити, само норвешкиот Ерлинг Халанд има поголема плата од него, околу 30 милиони евра.
Грилиш од стандарден играч во првиот тим на Сити стана играч од клупата, па затоа беше во почетниот состав само еднаш во Премиер лигата минатата сезона. Тој одигра 39 натпревари за англиската репрезентација и запиша четири гола и осум асистенции.