Спорт
Хамилтон: Јас одлучувам кога ова ќе заврши

Луис Хамилтон го налутиле приказните дека е подготвен да стави крај на својата возачка кариера.
Изминатите денови во круговите во Формула 1 имаше шпекулации дека оваа сезона би можела да биде последна за британскиот возач. Тој не мисли така.
И покрај лошиот старт и моментно седмата позиција во генералниот пласман на возачи, Хамилтон не планира да се предаде така лесно иако има 28, а лидерот Шарл Леклер има 86 бода.
Коментирајќи ги најновите написи во медиумите, Хамилтон на својот и0нстаграм-профил со фотографија од гаражата на Мерцедес напиша: „Работам на моето ремек-дело, јас ќе одлучам кога се ќе заврши“.
Наредната трка во шампионатот на Формула 1 ќе се вози на 6 мај во Мајами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мурињо побарал во Рома да му го донесат Роналдо

Кристијано Роналдо, спротивно на сите најави од „Олд Трафорд“, во летниот преоден рок би можел да го напушти Манчестер јунајтд.
Италијанските медиуми пишуваат дека Рома има сериозни намери да го донесе славниот Португалец на „Олимпико“.
Оваа информација ја пренесува највлијателниот римски весник „Ил Месаџеро“, а италијанските новинари специјализирани за трансфери сметаат дека е добар извор.
Секако, работата се уште е далеку од реализација, но … Се уште не се знае какви се плановите на Роналдо со новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, и покрај тоа шти новиот тренер на Јунајтед, неколку пати изјави дека Португалецот ќе остане во клубот.
Наводно, од Рома го контактирале Кристијано Роналдо за да му го претстават планот за неговото пристигнување во Рим. Тоа е желбата на Жозе Мурињо, кој на Рома и го донесе првиот европски трофеј во клупската историја, а сега сака посилен тим за следната сезона. Во договор со Дан Фридкин, сопственикот на римскиот тим, пронајдени се некои потенцијални засилувања.
Покрај Роналдо, Мурињо во својот тим сака да го има и Паоло Дибала.
Мурињо и неговиот легендарен сонародник работеа заедно во Реал Мадрид, а сега би имале малку поинаква задача при заедничката работа.
За разлика од шпанскиот великан, каде трофеите се императив, примарна цел на Рома е враќање на врвот на италијанскиот фудбал.
Иако актуелната сезона може да се опише како успешна поради трофејот во Конференциската лига, „волчицата“ ја заврши Серија А на шестото место, со 23 бода помалку од шампионот Милан.
Спорт
Фенер сериозно заинтересиран за Калатес

Според шпанските медиуми, Фенербахче дал понуда за Нико Калатес. Грчкиот плејмејкер се уште е под договор со Барселона, но се шпекулира дека каталонскиот клуб е заинтересиран да го доведе Томаш Саторански во своите редови, па во тој случај може да дојде до разделба со Калатес.
Калатес е во Барселона од 2020 година, но според медиумите, во Барселона не биле задоволни игрите на грчкиот кошаркар, тоа би можело да биде причина за неговото заминување.
Од следната сезона нов тренер на Фенербахче веројатно ќе биде Димитрис Итудис. Калатес и Итудис во минатото соработуваа во Панатинаикос.
Калатес ја освои Евролигата во својот прв мандат во Панатинаикос, а Итудис тогаш му беше помошник на Жељко Обрадовиќ.
По првите три сезони поминати во Панатинаикос, Калатес замина во Локомотив Кубан, од каде што се пресели во НБА каде играше за Мемфис.
Тој се врати во Панатинаикос, каде помина пет години, а во 2020 година дојде во Барселона, со која двапати играше на фајналфорот на Евролигата.
Спорт
Де Јонг ја одбил понудата од Манчестер јунајтед

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го чека навистина тешка задача да ги врати „црвените ѓаволи“ на врвот на англискиот фудбал. Сезоната која на тренерската позиција ја започна Оле Гунар Солскјер, а ја заврши Ралф Рангник, Јунајтед ја заврши на шестото место. Наредната сезона „црвените ѓаволи“ ќе играат во Лига Европа.
Челниците на тимот од „Олд Трафорд“, се подготвени уште еднаш да вложат голема сума пати за да го засилат тимот. Тен Хаг има многу играчи на ум, но нема да биде лесно да се дојде до нив. Некои не сакаат да бидат во тим кој не игра во Лигата на шампионите, еден од нив е и Френки де Јонг.
Играчот од средниот ред на Барселона е една од главните желби на менаџерот на Јунајтед. Тен Хаг лично му се јавил својот поранешен играч на Ајакс, но Де Јонг ја одбил понудата.
Де Јонг му рекол на менаџерот на Јунајтед дека нема намера да ја напушти Барселона, особено не поради тим кој не игра во Лигата на шампионите.
Сепак, Хаг нема намера да се откаже. Тој го запознал Де Јонг со проектот што планира да го спроведе на „Олд Трафорд“ и има намера да има уште неколку интервјуа со него за да го убеди да дојде во Јунајтед.
Барселона, од друга страна, наводно е подготвена да го продаде 25-годишниот фудбалер. За неговите услуги бараат меѓу 80 и 85 милиони евра, но засега Холанѓанецот е многу поблиску до останување на „Ноу Камп“.