Спорт
Хамилтон сака нов договор со Мерцедес

Светскиот првак во Формула 1, Луис Хамилтон, рекол дека би сакал да го продолжи договорот со Мерцедес пред почетокот на летната пауза. Британецот на 8 февруари потпиша договор со Мерцедес до крајот на сезоната.
„Не сакам да брзаме, но мислам дека треба да бидеме разумни и да ги почнеме преговорите. Тоа се сложени разговори и се надевм дека ќе ги почнеме сѐ додека тоа нема да ни влијае врз работата“, рекол Хамилтон за Би-би-си.
Британецот не сака да се доведе во иста ситуација во која беше во финишот на минатата сезона. Тогаш, најпрвин тој, па потоа и тимскиот шеф Тото Волф беа во изолација поради коронавирусот поради што двете страни доцнеа со потпишувањето на договорот.
„Никогаш не сакавме да бидеме во позиција во која се најдовме во јануари и февруари. Тоа ми ја расипа зимата, а сигурен сум дека и Тото не беше задоволен. Двајцата не можевме да се опуштиме“.
Хамилтон се надева дека новиот договор би можел да биде потпишан помеѓу трките во Унгарија и Велика Британија кога во Ф1 ќе има пауза од три недели.
Британецот во новата сезона победи на три од четирите трки. Во генералниот пласман има 14 поени повеќе од Макс Ферстапен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.