Спорт
Хамилтон: Во Турција покажав дека е до мене, а не до болидот!

Луис Хамилтон смета дека неговата победа на вчерашното Турско ГП е важна не поради тоа што ја освои својата седма светска титула и се израмни со Михаел Шумахер, туку поради тоа што покажа дека тој заслужува почит бидејќи болидот сам не оди до победа.
Хамилтон стартуваше од шестото место и заврши на првото во Истанбул, со фантастична стратегија на тимот и минимални грешки.
„Сакам повеќе вакви викенди со вакви незгодни услови. На вакви шанси да покажам што умеам да направам. Мислам дека тоа треба да го видат и другите и повеќе да ме почитуваат. Моите ривали го прават тоа и знаат колку е тешко да се стигне до победа и дека не се работи само до силниот болид“, објаснува Англичанецот.
Тој особено му забележува на сер Џеки Стјуарт откако трикратниот шампион честопати потсетува дека Хамилтон вози со најдоминатниот болид во историјата на Ф1.
„Забележувам интересни коментари, особено од поранешните возачи. Но, ви ветувам дека кога ќе сопрам, и 10 години подоцна, ќе ги гушнам следните млади возачи, како Лендо, Џорџ, Макс. Знам колку е тешка оваа работа и знам како функционираат работите. Секако, треба да имате добар тим и добар болид бидејќи нема возач што освоил титула, а немал добар болид“, оценува Хамилтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.