Спорт
Хаос во Тотенхем – го отпуштија Конте, па Паратичи доби 30-месечна суспензија
Ситуацијата во Тотенхем прераснува во вистинска криза, откако по отказот кој му го врачија на италијанскиот тренер Антонио Конте, ФИФА потврди дека 30-месечната суспензија на нивниот директор, Фабио Паратичи се однесува на целиот свет.
Паратичи кој пристигна во Тотенхем во 2021 година, ја доби оваа суспензија во јануари по истрагата во неговиот поранешен клуб, Јувентус за финансиските нерегуларности, за кои „старата дама“ беше казнета со 15 поени, а директорите на клубот добија суспензија. Оваа суспензија првично се однесуваше за работа во италијанскиот фудбал, но сега ФИФА ја направи глобална.
„ФИФА може да потврди дека по барање на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), претседателот на дисциплинската комисија на ФИФА реши да ги прошири казните воведени од ФИГЦ на глобално ниво“, се вели во објавата на ФИФА.
Ова значи дека Паратичи не може да извршува трансфери за клубот, но според „Скај спортс“, може да продолжи да работи интерно во Тотенхем. Суспензијата доаѓа во време кога Тотенхем се во потрага по замена за Антонио Конте.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јокиќ: Петтиот натпревар ќе биде најтежок во нашите животи
Денвер Нагетс ја вратија предноста на домашниот терен, во серијата со Минесота, откако го добија и вториот натпревар во Минеаполис.
Петтиот меч се игра во Денвер, во среда од 4:40 часот по македонско време.
Актуелниот МВП, Никола Јокиќ блескаше во четвртиот натпревар со 35 поени и по седум скока и асистенции. Голема помош, Јокиќ доби од Арон Гордон, кој мечот го заврши со 27 поени.
На прашањето дали моментумот сега е на страната на Нагетс, Јокиќ одговари:
„Да и не, знаеме дека сè уште ништо не сме направиле. Знаеме дека петтиот натпревар ќе биде најтешкиот натпревар во нашите животи, па ќе се подготвиме соодветно. Уште пред да започне серијата мислев дека ќе биде интересна серија. Во првите два натпревари не натераа да играме брзо, не ја игравме нашата игра, а сега си го вративме ритамот“.
Спорт
(Видео) Навивачи го прекинаа мечот меѓу Кирстеа и Кис
Мечот меѓу Сорана Кирстеа и Медисон Кис, на Мастерсот во Рим е прекинат поради упад на двајца навивачи на теренот во текот на вториот сет.
Прекинот се случи при резултат 6:2, 3:1, 15:0 за Американката.
Еден од нив се доближил до мрежата, пред да реагираат од обезбедувањето и да го тргнат од таму.
По немилиот настан, тенисерите заминаа во соблекувалната.
Вакви протести се случуваат на терените ширум светот, често и на Грен слем турнирите.
Incident during Cirstea-Keys, two protesters on courts throwing confetti. #wta #tennis #ibi pic.twitter.com/fGSYFvnfrr
— Angelica Fratini (@angelikf) May 13, 2024
Спорт
Чаби Алонсо не дозволува еуфорија: Уште две недели…
Со победата од 5:0 над Бохум, Баер Леверкузен стигна до неверојатната бројка од 50 натпревари без пораз во сите конкуренции.
Баер е шампион на Германија, но до крајот на сезоната го очекуваат две финалиња, во Лига Европа со Аталанта на 22 мај и Купот на Германија со Кајзерслаутерн три дена подоцна.
„Сеуште не размислуваме за тројната круна, фокусирани сме само на она што следува. Ни претстојат уште три големи предизвици, три големи цели. Ако ја завршиме Бундеслигата без пораз, тоа би било големо достигнување, бидејќи тоа досега не се случило“, вели Алонсо и додава:
„После тоа следуваат тие две големи финалиња. Засега сè оди навистина добро, но… Уште две недели“.
Баер ќе ја затвори Бундес лигата со мечот против Аугсбург во Леверкузен.