Спорт
Харден ја доби „револверашката“ пресметка со Бил (видео)
Нестварен меч одиграа Вашингтон и Хјустон, кој го реши Џејмс Харден во последните секунди. Бостон го доби дербито со Милвоки, а Филаделфија ја продолжи серијата без пораз.
Хјустон славеше во Вашингтон со 159:158 со поените на Харден од линијата за слободни фрлања на две секунди до крајот.
Претходно, на седум секунди до крајот Бредли Бил со три слободни фрлања израмни на 158:158.
Харден натпреварот го заврши со 59 поени и девет асистенции, а Расел Вестбрук забележа нов трипл-дабл (17 поени, 10 скока, 12 асистенции). Брилијантен меч на спротивната страна одигра Бредли Бил (46 поени, осум асистенции).
Бостон со пресврт успеа да слави во дуелот со Милвоки 116:105. Милвоки имаше предност од 16 поени во првиот дел (42:58). Селтикс се врати во третиот период (38:18) и до крајот не дозволи изненадување.
Кемба Вокер (32 поени, шест скока и асистенции) и Џејсон Тејтум (25 поени) го предводеше Селтикс. Кај Милвоки се истакнаа Крис Мидлтон (24 поени) и Јанис Адетокунбо (22 поена, 14 скока, пет асистенции).
Резултати:
Кливленд Кавалирс-Чикаго Булс 117:111
Орландо Меџик-Њујорк Никс 95:83
Филалделфија-Минесота Тимбервулвс 117:95
Бруклин Нетс-Индијана Пејсерс 108:118
Торонто Репторс-Детроит Пистонс 125:113
Окалхома сити тандер-Портланд Трејлблејзерс 99:102
Сакраменто Кингс-Шарлот Хорнетс 111:118
Јута Џез-ЛА Клиперс 110:96
Голден стејт Вориорс-Финикс Санс 110:121
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

