Контакт

Спорт

Херта со „покер“ за Унион го доби берлинското дерби (видео)

Објавено пред

Првиот меч од 27. коло во германската Бундеслига, единствената топ 5 лига која се врати во акција, се „разгоре“ во второто полувреме, за Херта со 4:0 да го „прегази“ малиот градски ривал Унион.

По првото полувреме без голови, Херта бргу го реши победникот на дербито кое обично носи бучна публика и жестоки дуели, откако за една минута постигна два гола, прво преку Ведад Ибишевиќ во 51. минута, а веднаш потоа преку Доди Лукебакио. Матеуш Куња во 61. минута зголеми на 3:0, за Дедрик Бојата во 77. минута да ги постави конечните 4:0.

Со победата, Херта се искачи на 10. место на табелата со 34 поени, додека Унион останува на 12. место со 30 поени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Хумелс е повреден, го пропушта дербито со Баерн

Објавено пред

Матс Хумелс одигра само едно полувреме во победата на Борусија Дортмунд против Волфсбург од 2:0. Повредата на Хумелс ги загрижи сите во клубот, прашање е дали тој ќе може да игра во дербито против Баерн кое на програмата е во вторник.

„Имав кус разговор со клупскиот лекар. Матс почувствувал болка во Ахиловата тетива. Се надеваме дека ќе може да игра во вторник“, изјавил за „Скај Спорт“ спортскиот директор Михаел Цорк.

Во пресрет на дербито кое веројатно ќе ја реши шампионската трка Баерн има четири поени повеќе од Борусија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Играчите не сакаат сезоната да продолжи

Објавено пред

Заврши состанокот помеѓу претставниците на Евролигата и капитените на тимовите учесници и повозрасните играчи.

Грчката „СДНА“ која секогаш има веродостојни информации од кошаркарскиот свет пренесе дека мнозинството било против да продолжи сезоната во Евролигата. Главни причини за ваквото мислење биле стравот од коронавирусот и можноста за честото повредување на играчите.

Играчите објасниле дека се два месеци во карантин и дека не се доволно подготвени за жестокиот ритам на натпревари, односно дека во оваа ситуација здравјето им е најважно.

Во целата конверзација учествувале 36 кошаркари.

Конечната одлука околу тоа дали сезоната ќе продолжи или не ќе биде донесена в понеделник, кога Евролигата ќе одржи состанок со 11 претседатели на клубовите кои имаат А-лиценца.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Внимателно со Феликс, тој може да ја освои Златната топка“

Објавено пред

Поранешниот репрезентативец на Португалија Симао Самброса верува дека неговиот млад сонародник Жоао Феликс ќе заблеска во дресот на Атлетико Мадрид.

Младиот напаѓач минатот лето од Бенфика се пресели во Атлетико. „Јорганџиите“ го урнаа клупскиот рекорд плаќајки за него 126 милиони евра.

Феликс не игра онака како што очекуваат од него, во досегашниот дел од сезоната има постигнато само шест гола.

Симао верува дека во блиска иднина Феликс ќе стане најдобар играч во светот.

„Треба да го почекаме, се уште се прилагодува на новиот тим, новата лига. Верувам дека во годините кои се пред нас може да ја освои Златната топка“, рекол поранешниот фудбалер на Атлетико.

Феликс набргу ќе доби можност да го покаже квалитетот, Ла Лига продолжува на 8 јуни, а Атлетико се бори за пласман во Лигата на шампионите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

И Амазонската дождовна шума погодена од коронавирусот

И, Амазонската дождовна шума, значајна за балансирање на климата во светот и борбата против климатските промени, страда од пандемија на...

Спорт10 часа

Маса: Знам, но нема да откријам во каква состојба е Шумахер

Фелипе Маса поранешниот тимски колега на Михаел Шумахер тврди дека има информации за состојбата во која се наоѓа легендарниот возач...

Европа11 час

(Видео) Поради коронавирусот илјадници Шпанци излегоа на улиците

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Шпанија на повик на десничарската партија Вокс, барајќи оставка на владата на премиерот Педро...

Топ11 час

Од две возила со автоматски пушки пукано кон скопјанец во населбата Бутел

Скопјанец пријавил дека попладнево од две возила биле испукани стотина куршуми кон него. Престрелката се случила во скопски Бутел 2....

Македонија12 часа

Васил Огњановски: Му благодарам на семејството што спаси три животи, од кои едниот е татко ми

„Операцијата се направи. Полека го будат. Очекувањата се големи. Еднаш докторите го спасија, го вратија меѓу живите, сега тоа го...

Македонија14 часа

Филипче: Бевме немоќни да го спасиме Иван – сега тој доби шанса за втор живот

„Сите ние, а и самиот пациент Иван Огњановски бевме свесни дека тој ги живее последните недели од својот живот, бидејќи...

Свет15 часа

(Видео) Американската морнарица претстави моќно ласерско оружје кое може да уништи авион во лет

Американската морнарица успешно тестираше ново оружје на воен брод. Станува збор за високо-енергетски ласер што може да сруши борбен авион...

Свет15 часа

СЗО: Јужна Америка е нов епицентар на пандемијата, најпогоден е Бразил

Јужна Америка е нов епицентар на пандемијата на Ковид-19, при што Бразил е најзагрозен, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија17 часа

Од Ковид-19 почина пациент од Скопје, регистрирани 20 новозаразени

Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на Ковид-19 од кои 16 се...

Македонија18 часа

Градскиот превоз во Скопје нема да функционира од недела во 11 до вторник до 5 часот

ЈСП информира дека од утре, недела (24 мај) од 11 часот до вторник (26 мај) до 5 часот, јавниот превоз...

Топ19 часа

Деветгодишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на улицата „Џон Кенеди“

Деветгодишно дете хоспитализирано во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ е во животозагрозувачка состојба по сообраќајка која вчера во попладневните...

Македонија20 часа

Филипче го посети пациентот на кој му беше трансплантирано срце и изрази благодарност до семејството на донорот

Министерот за здравство Венко Филипче, утрово го посети пациентот, на кој синоќа успешно му беше трансплантирано срце од починат донор....

Македонија20 часа

На Клиниката за кардиохирургија направена првата трансплантација на срце од починат донор

На државната Клиника за кардиохирургија синоќа беше изведена првата кадаверична трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор. Од Министерството...

Македонија21 час

За прошетка на домашните миленици остануваат истите термини и во текот на продолжениот полициски час

Владата синоќа донесе одлука полицискиот час овој викенд и за време на празниците Бајрам и Свети Кирил и Методиј да...

Свет22 часа

(Видео) Само двајца преживеани и 97 загинати во авионската несреќа во Пакистaн

Пакисанскте власти соопштија дека 97 луѓе загинале во пакистанскиот авион што се урна во градот Карачи на југот на земјата,...

Свет1 ден

Велика Британија воведува 14-дневен карантин за сите кои доаѓаат од странство

Во Велика Британија од 8 јуни ќе биде задолжителен 14-дневен карантин за секој што доаѓа од странство, вклучително и британски...

Македонија1 ден

Редари, маски и растојание од два метри во продавниците уште најмалку шест месеци

Редарите, правилото за два метри растојание меѓу купувачите, дезинфекција на раце при влез во објектот и другите правила кои важат...

Свет1 ден

Шпанија од понеделник ги отвора кафулињата, рестораните, кината, театрите…

Строгите мерки во Мадрид и Барселона од понеделник ќе бидат олеснети – ќе бидат отворени рестораните и кафулињата, но само...

Македонија1 ден

Државниот карантин се заменува со самоизолација, но само со приложен негативен тест

Задолжителниот државен карантин за лица кои доаѓаат од странство се заменува со домашна изолација со приложен негативен ПЦР тест на...

Македонија2 дена

Полициски час од недела од 11 часот до вторник до 5 часот

Владата донесе одлука полицискиот час овој викенд и за време на празниците Бајрам и Свети Кирил и Методиј да трае...

Досие