Контакт

Спорт

Хименез со прв гол по страшната повреда, „волците“ со победа кај Саутемптон

Објавено пред

Вулверхемптон ја оствари само втората победа во новата сезона од Премиерлигата, откако славеа со 0:1 на гости кај Саутемптон на „Сент Мерис“ благодарение на првиот гол на Раул Хименез по неговата страшна повреда, скршеницата на черепот која за малку ќе му ја завршеше кариерата.

Иако Саутемптон имаа повеќе од играта, посебно во првото полувреме, во 61. минута, мексиканскиот напаѓач Хименез, успеа да направи „лом“ во одбраната на домаќините и да постигне прекрасен гол. Ова беше прв гол за Хименез по пауза од 336 дена, кога даде гол на Њукасл во октомври 2020 година, а следниот месец во дуелот со Арсенал, имаше страшен судир со главите со Давид Луиз, во кој му беше скршен черепот и следуваше операција и долга рехабилитација.

Додека за „волците“ ова беше втора победа оваа сезона, Саутемптон уште остануваат без триумф во првите шест гола – имаат 4 ремија и 2 порази.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-37036”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Хименез: Чудо е што воопшто сум жив

Спорт

Дембеле сака во Њукасл!

Објавено пред

Ѕвездата на Барселона, Усман Дембеле е подготвен да направи трасфер во Њукасл, тврди порталот „Гол“, откако нема одиграно ниту еден натпревар оваа сезона.

Францускиот напаѓач, кому договорот со Барселона му завршува во јуни 2022, не сака да го продолжи договорот, а се верува дека ниту во Каталонија не се воодушевени од идејата тој да остане кај нив, и одеднаш преселба на „Сент Џејмс парк“, каде што пристигнаа богатите саудиски инвеститори станува реална.

Според шпанските медиуми, веќе постои конакт помеѓу премиерлигашот и агентот на Дембеле, со понуда за петгодишен договор од 15 милиони евра плата и бонус од 15 милиони евра за потписот. Дембеле пристигна на „Ноу Камп“ од Борусија Дортмунд во 2017 како прво засилување по трансферот на Нејмар во ПСЖ за 105 милиони евра. Проблемите со повредите го спречија да направи нешто повеќе во Каталонија, со само 30 гола во 118 настапи од трансферот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Лига Европа: Дака-шоу во Москва, „лисиците“ го собраа пленот

Објавено пред

Феноменален меч одиграа Спартак и Лестер Сити во Москва, во рамки на третото коло од групата Ц во Лига Европа.
Вистинско гол шоу во кое по 90 минути се радуваа фудбалерите од англискиот тим, победа со пресврт од 4-3, на полувреме домашните водеа со 2-1.

Мечот започна со иницијатива на Спартак, а напаѓачот Александер Соболев го отвори резултатот во 11. минута.
Џордан Ларсон, синот на легендарниот шведски фудбалер Хенрик Ларсон во 44 минута од мечот донесе зголемена предност за рускиот тим, 2-0.

Сепак, за поподнослива негатива на паузата се погрижи Патсон Дака (23 години) во 45 минута со првиот од неговите 4 гола на мечот.

Фудбалерот од Замбија, кој беше стрелец за „лисиците“ и на викенд триумфот против Манчестер Јунајтед (4-2) експлодираше во второто полувреме.

Во 48 минута со неговиот погодок носи реми на арената во Москва, а само 6 минути подоцна постигнува хет-трик за водство на Лестер од 3-2.

Дака тука не застана, па во 79 минута и по четврти пат ја смести топката во мрежата на Максименко.

До крајот на мечот Соболев, со својот втор гол успеа само да го ублажи поразот за конечни 3-4.

По три кола во групата Ц, Легиа Варшава се уште е лидер на табелата со 6 бода по 2 кола, втор е тимот на Лестер со 4, додека Спартак е третопласиран со 3 освоени бодови.

На дното е Наполи, на нашиот Елиф Елмас со 1 бод од два одиграни натпревари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Барса не се откажува од Олмо, го носи во Каталонија уште во јануари?!

Објавено пред

Шпанскиот фудбалски репрезентативец, Дани Олмо, најверојатно уште во јануари ќе ги напушти редовите на Лајпциг, пишува новинарот на германски „Билд“ – Кристијан Фалк.

„Барселона не планира да се откаже од Олмо и во зимскиот преоден рок тргнуваат во нова акција. Планот на Барселона е да го позајми Олмо за вториот дел од сезоната и тогаш да го откупи неговиот договор за 60 милиони евра“, пишува „Билд“.

Барса е првиот избор и за фудбалерот, но доколку клубот од „Камп ноу“ не успее да пронајде пари, 23-годишниот Шпанец би можел кариерата да ја продолжи во Англија. Ситуацијата на релација Лајпциг – Барселона будно ја следат првите луѓе на Манчестер јунајтед и Манчестер Сити, тврди Фалк.

Доколку Олмо би направил трансфер во Барса, веста би ги израдувала и првите луѓе на Динамо Загреб. При трансферот од Загреб во Лајпциг била потпишана согласност клубот од „Максимир“ да добие 20 % од следниот евентуален трансфер на Шпанецот. Во пари тоа би значело дека „модрите“ ќе се офајдат за речиси 8 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија3 часа

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ4 часа

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија5 часа

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија6 часа

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија7 часа

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Свет8 часа

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Македонија9 часа

Со една доза вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст

Заклучно со 17 октомври со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст. Кај...

Македонија9 часа

Пендаровски: Извештајот на ЕК претставува објективна слика за состојбите во државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот...

Македонија9 часа

До ДИК поднесени 13 приговори за изборните резултати

До Државната изборна комисија се поднесени 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на...

Спорт12 часа

Потврдено: Ако не се вакцинира, Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема да може да ја брани титулата на Австралија опен, доколку не се вакцинира....

Македонија1 ден

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање...

Македонија1 ден

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за преговори за членство во ЕУ, се наведува во новиот извештај

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста...

Македонија1 ден

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија1 ден

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија1 ден

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија1 ден

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија1 ден

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Македонија1 ден

35 проценти од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509...

Досие